Од таму уверуваат дека се преземаат сите мерки за пронаоѓање на сторителите.
Увид на лице место извршил и дежурен јавен обвинител, а од обвинителството соопштија дека од местото на настанот прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење
-Од лице место се прибрани траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција. По наредба на јавен обвинител, се обезбедуваат снимки од видео надзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот. - ОЈО
Велат од обвинителството. Во меѓувреме, престрелката во Чаир стана и предмет на меѓупартиски препукувања. Од опозициската СДСМ побараа оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поради како што велат нарушената безбедност на улиците.
На ова реагираа од ВМРО-ДПМНЕ, од каде обвинија дека за време на владеењето на СДСМ, мафијата како што велат во партиското соопштение, добила своја држава.
-Ако некој го загрози безбедносниот систем на државата тоа е токму СДСМ, а освен македонскиот, таа влада на СДСМ целосно го загрози безбедносниот систем и на другите пријателски земји. СДСМ се плаши од самиот факт и знаење дека Панче Тошковски расчистува со криминалците и што законот, после долги децении, важи за сите подеднакво. –ВМРО-ДПМНЕ
Вооружената престрелка се случи вчера околу 14 часот на раскрсница на улицата Војдан Чернодрински, а дел од куршумите завршиле и во околните дуќани, а дел од сопствениците кои не сакаа да говорат пред камера, посочија дека пукотницата траела кратко време, но се случила во период кога на улицата имало многу луѓе, вклучително и деца.