Две кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријава - Канал 5

Две кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријава

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава .

Две кумановки измамиле 19 лица и во нивно име земале брзи кредити, поднесена кривична пријава

Полициски службеници од СВР Куманово денеска (15.07.2026) ги лишија од слобода А.С.Д. (22) и М.В. (34), двете од Куманово, и против нив СВР Куманово поднесе кривична пријава и тоа, против А.С.Д. поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „измама“ по чл.247 ст.4 од КЗ и „злоупотреба на лични податоци“ по чл. 149 ст.1 од КЗ и против М.В. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“ по чл.24 од КЗ.

Првопријавената А.С.Д., со директна умисла и однапред создаден план, со намера за себе и за второпријавената М.В. да прибави противправна имотна корист, во период од јануари до јули 2026 година во вкупно 19 наврати, со лажно прикажување и свесно прикривање на вистинските факти, довела и одржувала во заблуда 19 лица, така што без нивна согласност и овластувања, злоупотребувајќи и користејќи ги нивните лични податоци, во нивно име аплицирала за брзи потрошувачки кредити, а по одобрувањето и исплатата на парите, тие биле противправно присвојувани од страна на А.С.Д. и М.В.. Второпријавената М.В., постапувајќи по претходен договор, и помогнала на А.С.Д. во извршувањето на кривичното дело преку преземање на дејствија што овозможиле реализација на измамата. При тоа, се стекнале со противправна имотна корист од 10.820.000 денари, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека се сложува „многу добро“ со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Трамп ја менува „играта“: „Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун“

Трамп ја нагласи важноста на одржувањето добри односи со лидерите на земјите што поседуваат нуклеарно оружје.

Трамп ги даде овие забелешки на предизборен митинг во Охајо пред изборите за Конгресот, зборувајќи за својот однос со кинескиот претседател Си Џинпинг и бранејќи ги своите врски со лидерите на големите сили.

„Не е ли одлично да се сложувам со лидерите на големите земји, големите нуклеарни сили? Одлично се сложувам со Ким Џонг Ун од Северна Кореја“, рече Трамп. Тој додаде дека е добро да се има договор со некој што има „112 нуклеарни ракети“.

Тој се сретнал со севернокорејскиот лидер три пати

Трамп потврди во август дека се надева дека ќе се сретне со Ким подоцна оваа година, што дополнително ги разгоре шпекулациите дека можеби ќе се обиде да ја обнови нивната лична дипломатија, што досега резултираше со три билатерални средби: првата во Сингапур во јуни 2018 година, втората во Ханој во февруари 2019 година и најновата во селото Панмунџом на меѓукорејската граница во јуни 2019 година.

Портпаролот на Стејт департментот, Томи Пигот, во петокот изјави дека Трамп не ги смета разговорите со Северна Кореја за „отстапка“ и е подготвен да разговара со Пјонгјанг ако тоа е во интерес на САД.

Најновите изјави на Трамп доаѓаат во време кога Северна Кореја продолжува да ги отфрла повиците за денуклеаризација и инсистира дека нејзиниот статус како нуклеарна држава е „неповратен“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС

Нека ги достави доказите и нека ги објави останатите сомнежи за криминал во СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче откри сомнеж за криминал од 37 милиони евра за пратеничка од СДС

Венко Филипче конечно прозборе за сомнежи за сериозни злоупотреби во редовите на СДС.

Филипче изнесе сомнежи поврзани со пратеничката Славјанка Петровска, поранешен министер за одбрана и дел од Платформата 12.05, околу набавката на хеликоптери и договор за кој, според неговите јавни наводи, постоела разлика од дури 37 милиони евра.

Ова се наводи за сериозни финансиски средства и затоа Филипче има обврска пред граѓаните да одговори: Од кога ги знае овие информации?

Зошто молчел досега?

Кои документи и докази ги поседува?

Кој го потпишал договорот и врз основа на што?

Ако Филипче навистина располага со информации за сомнежи за криминал, тогаш нема простор за селективност, калкулации или меѓупартиски пресметки.

Нека ги достави информациите до надлежните институции и нека ги презентира пред обвинител. Јавното обвинителство, согласно своите надлежности, треба да ги провери наводите и да утврди дали постојат основи за постапување.

Ако Филипче знае за овој случај и има информации за други вакви случаи да ги пријави.

Затоа го повикуваме да не застанува на овој случај. Ако има информации или сомнежи за други незаконитости во СДС, нека ги објави и нека ги достави до надлежните институции.

Граѓаните заслужуваат целосна транспарентност и одговорност за секој сомнителен договор, секој потрошен денар и секоја одлука со која можеби е оштетен јавниот интерес.

Јавноста има право да знае што се случувало.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Не се согласуваме и сметаме дека е штетна за граѓаните идејата за задолжително масовно воведување на паметни броила кај сите домаќинства.

ИНРМ: Не за паметни броила кај сите домаќинства!

Реагираме уште во зародиш на ваквата идеја, бидејќи е извесно дека трошокот за набавка, инсталација, одржување и управување со системот на крајот ќе падне на товар на граѓаните, без оглед дали ќе се наплатува преку сметките за електрична енергија, преку мрежарина или преку буџетски средства обезбедени од даноците на граѓаните.

Законот за енергетика веќе го регулира прашањето кога не е извршено мерење на потрошената електрична енергија. Член 185 став (2) предвидува фактурирање врз основа на претпоставена потрошувачка и задолжително усогласување со реалната потрошувачка преку коригирана фактура во тромесечје.

Тоа значи дека за најголемиот дел од домаќинствата не е потребна скапа и задолжителна замена на постојните броила за да се обезбедат точни и коректни сметки. Потребно е доследно почитување на законот и редовно мерење на потрошувачката.

Паметните броила имаат оправдана примена кај просјумери, производители на електрична енергија, батериски системи и граѓански енергетски заедници. Тие што имаат потреба од таква функционалност можат да ги инсталираат на сопствен трошок.

Не постои оправдување целиот товар од една ваква инвестиција да се префрли врз сите домаќинства во државата.

Прво да се почитува законот. Потоа да се бараат нови трошоци од граѓаните.

ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер