Две книги од Славе Николовски-Катин промовирани во Торонто - Канал 5

Две книги од Славе Николовски-Катин промовирани во Торонто

Во македонската православна црква „Св. Климент Охридски” во Торонто вчера беа промовирани две публикации од Славе Николовски-Катин: „Светот на дланка“ и „Love stories“ (македонското издание насловено „Иселеничка вртелешка”), објавени од издавачките куќи „Тримакс” и „Македонска искра” од Скопје.

Две книги од Славе Николовски-Катин промовирани во Торонто

Делата со иселенички содржини беа промовирани во Литературното друштво „Браќа Миладиновци” кое е во состав на црквата „Св. Климент Охридски”. Во присуство на голем број македонски иселеници за нив зборуваа проф. Филип Ангеловски и Соња Лозановска, главен и одговорен уредник на весникот „Македонија” од Торонто.

Во „Светот на дланка“ авторот на 440 страници опишува 40 земји во светот, голем број места, градови, интересни споменици, различни култури, обичаи, религии и голем број специфики. За оваа книга, која првпат се промовира на северноамериканскиот континент, промоторот Ангелковски рече дека е репортерско видување, патувачки летопис, документ на хроничарски пристап и фактографска меморија на волшебната имагинација на авторот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Ајкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап.

Ајкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналот

Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа.

Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг.

По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон.

Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот.

Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

ЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година

ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.

Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота).

Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите.

Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mk

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Од Јавното обвинителство информираат дека судењето на обвинетата Ива Михаилова за предизвикување на сообраќајна несреќа со смртни последици ќе продолжи на деветти ноември.

Продолжува судењето на Ива Михаилова во нејзино отстуство

Ива Михаилова избега во Бугарија пред две недели, тамошните власти потврдија дека нема да ја екстрадираат во Македонија..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер