Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
МакедонијаДве икони, една нова ера: Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан премиерно претставени во МакедонијаИмето е познато, но приказната е нова.BMW X5 и BMW Серија 7 Седан во своите нови генерации денеска беа претставени пред македонската публика. Два препознатливи модели, со различен карактер и различна намена, но со нови беспрекорни решенија во дизајнот, технологијата и начинот на кој го доживуваат возењето. Нивната приказна е различна, но заедничкиот јазик е јасен: моќен дизајн, префинетост, комфор и технологии кои го прават секое патување посебно. Кај двата модели, BMW успева модерниот дигитален свет да го спои со чувството на луксуз и внимание кон секој детал. BMW X5 – познатата приказна, напишана одново Ова е петтата генерација на моделот со кој BMW го постави темелот на X семејството уште во 1999 година. Од првиот BMW X5 до денес, моделот постојано се развиваше, а сега доаѓа со нешто што досега го немавме – пет различни типови погонски системи. „И токму таа приказна за постојаното поместување на границите продолжува и денес. Од прв поглед е јасно дека X5 не дошол само да продолжи една успешна приказна, туку да го напише следното поглавје. Новиот BMW X5 влегува во својата петта генерација со посамоуверен изглед, повеќе простор и ентериер кој ја комбинира елеганцијата со модерниот карактер на моделот. Со речиси пет метри должина, X5 е уште попростран, а вниманието кон деталите се забележува во секој дел од кабината. Ако постои модел за кој совршено важи „The boss is back!“, тогаш тоа е новиот BMW X5“, изјави Борис Јаневски, сениор консултант за BMW автомобили во М Кар. Новиот дизајн ги задржува препознатливите X5 пропорции, но носи помонолитен и посамоуверен изглед, со новиот дизајнерски јазик на BMW од Neue Klasse. BMW Iconic Glow маската и новите светлосни икони во форма на двојно X дополнително го нагласуваат карактерот, а изборот на тркала оди од 21 до 23 инчи. Новиот X5 добива и BMW Winglet рачки на вратите, електрично отворање и Soft-Close функција за меко и тивко затворање. Во неговиот ентериер технологијата не е тука само за да импресионира, туку да го направи искуството поедноставно и поприродно. BMW Panoramic Vision, 3D Head-Up Display и новиот BMW Panoramic iDrive се дел од новиот начин на комуникација меѓу возачот и автомобилот. Погонската понуда на новиот BMW X5 уште од старт е разновидна, со mild-hybrid бензинска и mild-hybrid дизел верзија. Од јануари 2027 година, понудата ќе биде проширена со plug-in хибридните X5 50e и X5 M60e, како и со целосно електричната верзија iX5. Така, купувачите ќе имаат можност да изберат меѓу различни погонски решенија, во зависност од своите потреби и начинот на користење на автомобилот. BMW Серија 7 Седан – кога луксузот станува искуство Ако X5 ја носи приказната за динамиката и слободата, BMW Серија 7 Седан е приказна за луксузот. Седмата генерација на моделот пристигнува со уште пософистициран изглед, богати можности за персонализација и ентериер создаден подеднакво за возење и за уживање во патувањето. На задните седишта, BMW Theatre Screen од импресивни 31,3 инчи со 8K резолуција го претвора патувањето во приватно кино искуство, додека новиот BMW Panoramic Vision и Panoramic iDrive внесуваат ново ниво на дигитална интуитивност во кабината. И тука деталите ја прават разликата. Повеќе од 500 бои и комбинации за екстериерот овозможуваат секој BMW Серија 7 Седан да има свој карактер, додека најдобрите материјали и внимателно дизајнираните елементи создаваат амбиент во кој луксузот не е само видлив, туку се чувствува. И понудата на погонски опции е поставена во чекор со различните очекувања на клиентите. BMW Серија 7 Седан стартува со една mild-hybrid бензинска и три целосно електрични изведби, додека од ноември понудата ќе биде дополнета со mild-hybrid дизел и plug-in хибридни верзии. „Новите BMW X5 и BMW Серија 7 Седан покажуваат дека автомобилот може да биде многу повеќе од средство за движење – може да биде личен избор што ги одразува карактерот, потребите и индивидуалноста на својот сопственик. За нас во М Кар, суштината не е само во разновидноста на понудата, туку во уникатноста на секој автомобил и начинот на кој тој се поврзува со човекот за кого е создаден. BMW X5 и BMW Серија 7 Седан имаат различен карактер, но заедничка идеја – секој автомобил да понуди искуство што е лично, препознатливо и единствено за својот сопственик“, изјави Билјана Колемишевска, одговорна за маркетинг комуникации и ПР во М Кар. Два автомобили, две различни приказни. BMW X5 е динамичен, простран и подготвен за секој предизвик, додека BMW Серија 7 Седан носи поинаков вид на самодоверба – тивка, елегантна и раскошна. Но и двата се дел од истата визија на BMW: да создаде автомобили кои не се само начин да стигнете до некаде, туку искуство само по себе. И токму затоа нивното претставување носи посебна тежина – две нови приказни на BMW, во кои луксузот, технологијата и препознатливиот карактер се среќаваат на едно место.Тагови: BMW автомобил Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаЗвонко Давидовиќ и Александар Трајановски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Звонко Давидовиќ и Александар Трајановски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 18. ноември 2026 година Дневен хороскоп за среда, 18. ноември 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е уште еден успешен љубовен ден.Секој вид контакт добро е поставен , па обидете се да бидете меѓу тие луѓе. Кариера Вашата драматичност на многумина им е здодевна. Сега ви преостанува нов стил , што значи да работите тивко и професионално. Здравје и совет Јадете помалку , движете се повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Отворени сте за луѓе и нови познанства , релативно лесно ги среќавате , но емотивното исполнување е многу тешко. Кариера Калкулациите околу млади луѓе или креативност на работата ќе потраат и денеска. Ќе насотјувате да ви биде интересно. Здравје и совет И натаму сте во добра состојба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Можен е разговор за една сериозна тема со блиска личност. Ќе знаете да дадете совет или да пружите поддршка. Кариера На работното место се повеќе покажувате наклоност кон забави , а се помалку кон сериозна работа. Се наоѓате во свој свет и како да не ве интересира ништо друго. Здравје и совет Сконцентрирајте се на целта. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мали нервози малку ќе ви ја разнишаат самодовербата, но само ако вие тоа го дозволите. Контролирајте се и се ќе биде во ред. Кариера Денеска заработените пари ќе ви изгледаат како да се малку , но разберете и дека тие не се цел сама за себе. Поважно е да работите нешто што го сакате. Здравје и совет Се засилува вашиот интерес за козметика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе бидете склони кон зголемена чувствителност и се поголеми барања од партнерот. Кариера Не грижете се за малото затишје на работата. Тоа добро ќе ви дојде за малку да се реорганизирате. Здравје и совет Повеќе сон и одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Се што не ви се допаѓа во вашиот љубовен живот ќе се обидете да го турнете под тепих или едноставно да го скриете од другите. Тоа не е добро. Кариера Недостаток на интерес за работата е резултат на вашиот недостаток на енергија. Пробајте подобро да се организирате , па ќе ви се врати желбата за работа. Здравје и совет Треба уредно да живеете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако денеска се впуштите во њротска авантура , треба да знаете дека сигурно ќе промашите. Затоа задржете ја потребната дистанца. Кариера не се обидувајте со сила да докажувате дека сте во право. Подобро прифатете ги советите на другите , кои се посериозни од вас. Здравје и совет Поважни се зборовите отколку делата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Трошокот поради вашата организација на заенички ручек или вечера малку ќе ве загрижи. Кариера Се повеќе работи одат во ваша корист и ви го прават работниот ден попријатен. Но , вие и натаму работите со сите сили. Здравје и совет Можете малку да здивнете. Рак 22.6-22.7. Љубов Препознавате нови љубовни шанси , а во тоа ви помагаат вашите пријатели. Денеска немојте да бидете сами , туку излезете. Кариера Можеби ќе ви се чини дека другите не ве поддржуваат , но тоа не е точно. Тие само се внимателни и ви покажуваат каде се грешките. Здравје и совет Немојте да се грижите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете во фаза на повлекување и најдобро ќе се чувствувате во некое скришно катче самите со себе. Тоа е само преодно расположение. Кариера Обидете се сите поважни работи да ги привршувате , зашто наскоро за нив ќе ви треба двојно поголема енергија од вообичаеното. Здравје и совет Наполнете си ги батериите. Девица 23.8.-23.9. Љубов На дневен ред ќе испливаат некои работи од минатото од вашето семејстов , што ќе мора денеска да ги решите. Кариера Подготвени сте привремено да се повлечете , зашто насетувате дека така би ви одговарало.На некој начин сте во право. Здравје и совет Сѐ повеќе работи ве заморуваат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно ќе ви се отворат нови љубовни шанси , а со своето однесување вие ќе ги поттикнувате. Кариера Понекогаш ви се чини дека пред вас се задачи што не сте ги очекувале, но тие ќе ве надополнат и збогатат. Здравје и совет Прифатете сѐ што доаѓа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотЕдинаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваатПроверете дали и вие ги имате овие знаци на потиснато незадоволство! Прв чекор е освестувањето на тоа како се чувствувате, а дури потоа може да направите промена кон поголем внатрешен мир и поисполнет живот. Чувството на несреќа не се манифестира секогаш како тага. Понекогаш, тоа се крие во секојдневни фрази што ги повторуваме толку често што престануваме да забележуваме што навистина чувствуваме. Еве некои од нив. 1. „Добро сум, навистина“ Кога некој ќе нè праша дали сме сигурни дека сè е во ред, веднаш повторуваме дека сме добро, обидувајќи се да се увериме себеси и другите. Понекогаш ни е полесно да ја отфрлиме туѓата грижа отколку да признаеме што навистина се случува. Тоа не значи дека секој што повторува дека е добро нешто крие, но ако постојано чувствувате непријатност зад таквите зборови, можеби вреди искрено да се запрашаме како ни оди. 2. „Не можам да се пожалам“ Оваа реченица звучи безопасно и често служи за завршување на разговорот. Сепак, понекогаш зад тоа стои верувањето дека нашите проблеми не се доволно големи за да зборуваме. Можеби некогаш сме се обиделе да се довериме, но не сме наишле на разбирање. Со тек на времето, учиме да молчиме дури и кога ни треба поддршка. 3. „Што да се прави“ Понекогаш ова е израз на прифаќање на она што не можеме да го промениме. Но, ако го користиме за секоја ситуација што не повредува или разочарува, можеби сме престанале да веруваме дека работите би можеле да станат поинакви. Прифаќањето не е исто што и откажувањето. Не можеме да контролираме сè, но тоа не значи дека треба да се откажеме од сопствените желби и потреби. 4. „Едноставно, уморен/а сум“ Заморот често е наједноставното објаснување за тоа што ни се случува. Но, зад постојаната исцрпеност понекогаш се крие емотивен товар. Кога долго ги потиснуваме нашите чувства и се обидуваме да држиме сè под контрола, може да се почувствуваме исцрпени дури и кога спиеме доволно. 5. „Сеедно ми е“ Без разлика дали станува збор за тоа каде ќе вечераме, што ќе правиме или дали некој коментар нè повредил, на сè реагираме исто: „Сеедно ми е“. Понекогаш ова е знак на опуштеност, но може да укажува и на тоа дека сме престанале да ги изразуваме сопствените желби, бидејќи очекуваме да бидеме разочарани или да наидеме на недоразбирање. Кога предолго ги потиснуваме сопствените потреби, лесно заборавиме дека и нашето мислење заслужува простор. 6. „На другите им е многу полошо“ Споредувањето со луѓе кои минуваат низ потешки животни ситуации може да ни помогне да почувствуваме благодарност за она што го имаме, меѓутоа проблемот настанува кога тоа го користиме за да си забраниме да чувствуваме тага. Туѓото страдање не го поништува нашето. Не мора да минуваме низ голема животна криза за да имаме право на поддршка и разбирање. 7. „Барем имам...“ „Барем имам покрив над глава.“ „Барем децата ми се здрави.“ „Барем не сум сам.“ Благодарноста може да биде важен извор на сила, но таа не смее да стане причина за игнорирање на сопствената болка. Можеме да бидеме благодарни за она што го имаме, а истовремено да чувствуваме тага, осаменост или незадоволство од одредени аспекти на нашиот живот. Едно чувство не го поништува другото. 8. „Навистина сум зафатен во последно време“ Обврските, работата и секојдневното брзање понекогаш стануваат згоден начин да се избегнат разговори или средби за кои немаме доволно емотивна енергија. Зад постојаната зафатеност може да се крие повлекување, тага или потреба да се дистанцираме од другите. Кога ни е тешко да објасниме што се случува, често е полесно да кажеме дека немаме време, отколку да признаеме дека не се чувствуваме добро. 9. „Извини, не знам од каде ми е сега ова“ Понекогаш, среде сосема обичен разговор, може одеднаш да почнеме да плачеме или гласот да почне да ни трепери. Нашата прва реакција често е да се извиниме и да се обидеме брзо да го вратиме разговорот на претходната тема. Како нашите емоции да се некаква непријатност која мора да ја оправдаме. Сепак, солзите и тагата не се нешто поради што треба да се срамиме. Тие можеби се само знак дека треба да застанеме и да обрнеме внимание на нешто што долго време го носиме во себе. 10. „Било и полошо“ Кога некој ќе нè праша како сме, наместо да споделиме како навистина се чувствуваме, ние ја споредуваме моменталната ситуација со некој потежок период од минатото. Ако во одреден момент ни било многу полошо, лесно можеме да заклучиме дека сега немаме причина за жалење. Сепак, тоа што сме преживеале тешки времиња не значи дека немаме право да чувствуваме болка или исцрпеност, ниту пак да побараме поддршка. 11. „Искрено, работите моментално одат навистина добро“ Понекогаш инсистираме на тоа колку сме среќни, дури и кога никој не нè прашал. Ова е особено често по долга тишина или во моменти кога сме биле блиску до тоа да ја покажеме својата ранливост. Се разбира, луѓето имаат целосно право да бидат среќни и тоа да го споделат со другите. Но, кога чувствуваме постојана потреба да докажуваме дека ни оди добро, можеби вреди да се запрашаме кому всушност се обидуваме да му го докажеме тоа? Не мораме секогаш да бидеме „добро“. Исто така, не мора да имаме јасно објаснување за секоја емоција што ќе нè обземе. Понекогаш, првиот чекор кон внатрешен мир е едноставно да бидеме искрени кон самите себе – да признаеме дека работите се тешки, дека сме уморни или дека ни е потребна поддршка. А кога ќе забележиме дека некој близок се крие зад слични чувства, можеби е поважно да го ислушаме без осудување, отколку да се обидуваме да го убедиме дека нема причина да се чувствува така.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook