Две години затвор за напаѓачот на Арсовска, Сулејман Љамалари, осуден е за грубо насилство - Канал 5

Две години затвор за напаѓачот на Арсовска, Сулејман Љамалари, осуден е за грубо насилство

Две години затвор доби Сулејман Љамалари за нападот врз градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. 

Две години затвор за напаѓачот на Арсовска, Сулејман Љамалари, осуден е за грубо насилство

Судот го прогласи за виновен за кривично дело грубо насилство, а судијата во случајот Билјана Коцевска посочи дека делото е извршено врз фукционер , при вршење на својата фукнција и во присуство на повеќе службеници од Град Скопје, со што бил извршен и директен напад врз државна институција, што било недозволиво. Кажа и дека обвинетиот користел физичка надмоќ врз градоначалничката, со оглед на тоа што таа била жена, а тој како маж бил физички посилен од неа.

-Делото е извршено на фукционер при вршење на својата фукција со повеќе лица службеници од градот Скопје. Како отежнителни околности се земени тежината на делото, интензитетот на дејствието, фактот што делото е извршено на јавно место, повредите кој ги нанел и неговото недолично однесување кое предизвикало чувство на страв кај повеќе граѓани, меѓу кои и вршител на јавна фукција. Кога насилството е насочено кон институциите правдата мора да биде видлива. Никој од ниту една причина не смее да ја земе правдата во свои раце, а ако е незадоволен од работата на институциите тоа може да го направи по мирен и легален пат. - Билјана Коцевска – судија

Кривичниот законик за вакво дело предвидува од 6 месеци до 5 години казна затвор, па како олеснителни околности судот во предвид ги зел возраста, брачниот статус, фактот што бил неосудуван како и здравствената состојба на Љамалари, за кој до судот имал доставена медицинска документација со дијагноза. Од оваа причина неговиот бранител до правосилноста на пресудата побара мерки на предпазливост или домашен притвор, но судот сепак донесе одлука за ефективен притвор. Одбраната на Љамалари најави дека ќе ги обжали и оваа одлука на судот и самата пресуда.

- Изјави за медиумите не добивме ниту од обвинителот, ниту од оштетената страна, ниту пак од страната на веке прогласениот за виновен Сулејман Љамалари. Единствено што најави неговата одбрана е дека ќе ја обжали пресудата, но и одлуката на судот за продолжување на мерката ефективен притвор.

Потоа на социјалните мрежи се огласи Арсовска, каде напиша дека пресудата претставувала системска победа за жртвите на насилство, за секоја жена и мајка и за напад кој претставувал и атак врз институцијата градоначалник.

-Насилникот не покажа ни трошка каење за стореното, со својот однос континуирано се исмеваше со судот и јавноста. Дури се обиде жртвата да ја претстави како напаѓач, а себеси иако е насилник да се претстави дека бил тепан од жена. – напиша Арсовска на Фејсбук

Инцидентот се случи на 11 јули во скопската населба Чаир, при увид по пријава за дивоградба од страна на градоначалничката Арсовска. Според обвинението Љамалари на местото пристигнал со електричен тротинет и ја нападнал Арсовска удирајки ја по лице и рака, а потоа со нога во потколеница и притоа упатувајки и сериозни сакани. Тој за време на судењето иако призна дека упатил вулгарности, неколкупати изјавуваше дека не се чувствува за виновен и дека Арсовска била онаа која физички го нападнала него.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер