ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
2ДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?
ЖивотДве години успешно водел лажна полициска станицаЕден Кинез кој својата куќа ја претворил во лажна полициска станица и ги мамел луѓето наплатувајќи им ги своите “услуги“ со издавање на “документи“, конечно е уапсен.Вистинската полиција конечно му затропала на врата, откако неговата поранешна девојка го пријавила бидејќи ја уценувал со тајна секс снимка. Човекот кој се претставувал како инспектор Лу направил дури и соба за испитување, а на ѕидот го ставил знамето на Кина и статуата на некогашниот водач на Комунистичката партија, Мао Це Тунг. Полицијата пронашла и неколку униформи, лисици, тејзери, фалсификувани документи, уред со GPS за следење и мала камера за надзор. На автомобилот монтирал и сирена. Овој мајстор за измами, ја убедил девојката со која бил во врска пред три години, дека е капетан во војска и тогаш носел воена униформа. Година дена подоцна, Ли и рекол дека станал полицаец и таа му поверувала, иако неговите познаници предупредувале дека е „неповерлив“. Во април се посомневала дека гласините можеби се точни и сакала да го напушти, а тогаш тој и побарал исплата на “паричната казна за раскинување“ во износ од 80.000 јуани. Кога одбила да плати, и покажал секс снимка која тајно ја снимил и и се заканил дека ќе ја објави. Жената тогаш ја контактирала полицијата и Ли конечно се нашол зад решетки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилни експлозии во Киев- Русите погодија два големи моста преку Дњепар (ВИДЕО)Русија го нападна Киев со балистички ракети ноќеска, а неколку моќни експлозии одекнаа во украинскиот главен град.Според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени, јавува украинската новинска агенција УНН, повикувајќи се на украинските воздухопловни сили, градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко и други извори. Највисоко ниво на воздушен тревог беше прогласено во Киев, кратко пред полноќ. Украинските воздухопловни сили предупредија дека балистичка ракета лета кон градот, а експлозии се слушнаа кратко потоа. „Силите за воздушна одбрана дејствуваат во главниот град. Киев е под балистички напад. Останете во засолништата!“, рече Кличко. Подоцна објави дека, според првичните информации, Северниот и Јужниот мост беа погодени. Степенот на нивната штета сè уште не е познат. Според неофицијални информации, руските сили истовремено започнаа напади од регионите Ростов, Воронеж, Курск и Брјанск. Нападот не беше ограничен само на Киев. Според Киев Индепендент, експлозии се случија и во Харков, Запорожје, Днепар, Черкаси, Павлоград и Смила. Новинарите на Ројтерс во Киев потврдија дека слушнале серија моќни експлозии. Новинарите на „Киев Индепендент“ ги опишаа како едни од најгласните во последните месеци. Чад можеше да се види над градот по експлозиите. Russia targeted Kyiv's Pivnichnyi Bridge (Northern Bridge) in retaliation for Ukrainian UAV attacks on the Crimean Bridge. https://t.co/gojfOi782e — OSINTWarfare (@OSINTWarfare) November 16, 2026 Северниот и Јужниот мост над Дњепар и претходно беа нападнати од руските сили. На почетокот на ноември, Северниот мост беше оштетен, што предизвика привремено прекинување на сообраќајот, а потоа делумно обновување со ограничувања. Во моментов нема нови официјални информации за обемот на штетата по нападот или евентуалните жртви.Тагови: Дњепар Киев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДОМ: Како ќе градиме национален дата-центар, ако немаме капацитет да ги заштитиме податоците на граѓаните?Само седум вработени во Агенцијата за заштита на личните податоци се непосредно задолжени за спроведување на Законот за заштита на личните податоци. Агенцијата е недоволно финансирана, нејзините капацитети за надзор над зголемената употреба на вештачка интелигенција и биометриски податоци се ограничени, а дигиталните заштитни механизми во државните институции се недоволни. Ова не е оценка на ДОМ, туку предупредување од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија за 2026 година. Комисијата посочува и дека мислењето на Агенцијата за Законот за безбедност на мрежните и информациските системи било занемарено, што довело до неусогласеност со директивата NIS2 во делот на заштитата на личните податоци. Во вакви услови, Владата ја најави изградбата на национален дата-центар во 2027 година. Но, како ќе се гарантира безбедноста на податоците што ќе се чуваат и обработуваат во него, кога институцијата задолжена за нивна заштита нема доволно луѓе и ресурси? Кој ќе врши независен надзор и кој ќе сноси одговорност во случај на злоупотреба или безбедносен инцидент? Отворено е и прашањето дали постои конкретен план за обезбедување на неопходната инфраструктура – електрична енергија, вода и комуникациско поврзување. Според кои правила ќе функционираат ваквите капацитети и како ќе се контролира нивното функционирање е сѐ уште нејасно за јавноста. Дата-центрите не се само сервери и објекти, туку дел од критичната дигитална инфраструктура на државата. Нивното планирање мора да вклучува и високи стандарди за сајбер-безбедност, заштита на личните податоци, независен надзор и одговорно управување со сите неопходни ресурси. Дигиталниот развој не смее да почне со изградба на објекти, а заштитата на податоците и институционалната одговорност да останат на маргините. Национален дата-центар значи и национална одговорност за безбедноста на податоците на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДемократски сојуз: Никој не смее да биде заштитен за насилничко однесувањеДемократски сојуз најостро го осудува бруталното насилство врз 26-годишната Сара Ѓоргиевска од Охрид, која по нападот се наоѓа на болничко лекување со тешки телесни повреди.Она што дополнително загрижува е првичното постапување на институциите, особено одлуката осомничениот да биде пуштен со мерки на претпазливост, наместо да му биде определен притвор. Постојат сериозни околности и сведоштва кои налагаат случајот да биде темелно истражен и да се испита дали станува збор за обид за убиство, а не само за тешка телесна повреда. Особено сериозни се наводите на семејството на Сара за можна вмешаност на таткото на осомничениот во настаните по нападот, вклучително и во обидите за прикривање на трагите и ослободување од телото на жртвата, за кои мора да се утврди дали имаат доказна поткрепа. Бараме овие наводи да бидат предмет на целосна и независна истрага. Доколку се потврдат, таткото на осомничениот мора да одговара за својата улога и за секое сторено кривично дело, со најстрога примена на законот. Ниту неговите семејни, ниту евентуалните политички и институционални врски смеат да бидат основа за каква било заштита. Демократскиот сојуз бара: Обвинителството да ги испита сите околности и докази и да ја преиспита правната квалификација на делото, вклучително и можноста за обид за убиство. Да се утврди целосната одговорност на сите лица кои учествувале во нападот, неговото прикривање или евентуалното влијание врз истрагата. Да се испита постапувањето на полицијата, обвинителството и судот и да се утврди дали имало пропусти, притисоци или обиди за привилегирање на осомничениот. На Сара и на нејзиното семејство веднаш да им се обезбеди ефикасна институционална заштита. Нема посилна обврска на институциите од заштитата на човечкиот живот и безбедноста на граѓаните. Нема поважен принцип од еднаквоста пред законот. Овој случај не смее да заврши со формална кривична пријава, нецелосна истрага и префрлање на одговорноста меѓу институциите. Никој не смее да биде недопирлив, без оглед на тоа чии син или татко е, какви функции има или какви врски поседува. Бараме целосно расчистување на случајот и најстрога законска одговорност за секој што ќе се утврди дека учествувал во ова злосторство или помогнал во неговото прикривање. Демократскиот сојуз ќе инсистира на институционална одговорност и правда за Сара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook