Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ЖивотДве Американки се исфрлени од авион поради „оскудна“ облека (ВИДЕО)Две Американки споделија на социјалните мрежи дека биле исфрлени од авион затоа што носеле „несоодветна“ облека.Тереза Араухо (34) патувала од Лос Анџелес за Њу Орлеанс со својата пријателка Тара Кехиди со Spirit Airlines за да го прослави роденденот на својата пријателка. Тие носеле фармерки, кроп топови и дуксери за три часа и 40 минути лет и останале запрепастени откако стјуардесата им рекла да се покријат, велат тие. Ситуацијата уште повеќе се влошила откако ги соблекле дуксерите бидејќи им било жешко. После тоа, персоналот побарал од нив да го напуштат авионот. „Се приклучија и други патници и се обидоа да нѐ одбранат, но на крајот ни зборуваше капетанот и ни рече или да го напуштиме авионот или ќе повика полиција. Тие додадоа дека не им биле вратени парите за летот и дека морале да доплатат за да летаат до Њу Орлеанс со друга авиокомпанија. View this post on Instagram A post shared by Teresa Around The World 🌏 (@teresa_aroundtheworld) Портпаролот на Spirit Airlines подоцна изјавил дека компанијата го истражува инцидентот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНови американски амбасадори во Србија и БиХВашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ. На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан. Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-таТагови: амбасадори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНадвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компанииМоделот за вештачка интелигенција на „Google“, „Gemini“, пристапи до интернет и хакираше три компании за време на тест на неговите способности за сајбер-безбедност.Ова е првиот познат случај во кој системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно извршил таква активност, објави Ројтерс. Хакирањата се случија во мај, за време на тест за сајбер-безбедност спроведен од „Irregular“, независна фирма за проценка на сајбер-безбедноста. За време на стандардните процедури за тестирање, „Gemini“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди акредитивите за пристап до три веб-страници кои беа дел од опсегот на тестот, изјави Хедер Адкинс, потпретседателка за безбедносно инженерство во „Google“. „Се погриживме тие три организации да бидат известени и соработувавме со нашиот партнер за тестирање околу промените што тие сега ги имплементираа во своите процеси на тестирање“, рече Адкинс. Портпарол на „Irregular“ изјави дека инцидентот вклучувал ист проблем што влијаел и врз други лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули. Слични инциденти поврзани со „Irregular“ пријавија и „Meta“, „Anthropic“ и „OpenAI“, што покренува прашања за безбедносните механизми додека агентите со вештачка интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерски системи. Во еден случај, „Gemini“ погодуваше лозинки сè додека не доби пристап до заштитен систем. Во другите два случаи, моделот пронајде акредитиви за пристап во јавно достапно складиште, што му овозможи да пристапи до заштитени системи. Адкинс истакна дека во сите три случаи, моделот престанал со хакерската активност. Извор: Б92Тагови: Gemini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПроизводството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минералиНедостигот на ретки минерали ги поттикна добавувачите во воздухопловната индустрија повторно да ги разгледаат материјалите што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намалат зависноста од Кина.Кина има речиси целосен монопол врз продажбата на ретки минерали и други материјали, како што се итриум, индиум фосфид и волфрам. Тие се користат во бројни воздухопловни и воени системи, вклучувајќи премази за млазни мотори, компоненти за турбини и полупроводнички чипови. Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни уште неколку години за производителите на премази за воздухопловната индустрија да најдат замени за современите материјали базирани на ретки минерали или да обезбедат доволни количества од овие суровини од други извори, вклучително и од САД. Стравувањата поврзани со прекини во снабдувањето и високите цени доведуваат до преиспитување на материјалите што се користеле пред неколку децении. Всушност, овој проблем би можел да го загрози производството на компоненти за млазни мотори. „Можеме да се обидеме да ги подобриме овие материјали“ Националниот совет за истражување на Канада (NRC) – главната канадска институција за научно и индустриско истражување и развој – објави дека недостигот на ретки минерали ја поттикнува потрагата по алтернативи за премазите што служат како топлинска бариера во најжешките делови на млазните мотори. „NRC“ и неколку индустриски партнери истражуваат дали циркониум диоксидот и другите керамички оксиди – материјали што се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години – можат да ги достигнат перформансите на современите премази базирани на ретки минерали. „Сега, 50 години подоцна, располагаме со подобри инструменти и понапредни методи, па можеме да се обидеме да ги подобриме тие материјали“, изјави Роџерио Лима, истражувач во „NRC“. Решението нема да се најде брзо Европскиот производител на топлински премази „Oerlikon Metco“ објави дека веќе продава одредени производи што не содржат ретки минерали и дека развива нови. Тие вклучуваат премази што служат како топлинска бариера, базирани на циркониум диоксид со додаток на магнезиум оксид и калциум оксид. Некои американски добавувачи на топлински премази, исто така, истражуваат алтернативи за делови каде што употребата на такви материјали носи помал ризик, изјави извор од индустријата. Достапноста на суровини би можела да се зголеми и преку рециклирање на вишокот материјали за премази, истакна друг извор од индустријата. Сепак, таквите решенија можат само да ја намалат, но не и целосно да ја елиминираат зависноста на воздухопловната индустрија од Кина. „Дури и според најоптимистичките проценки, ќе бидат потребни години, а не месеци, за да се надмине нашата зависност од Кина во однос на снабдувањето со минерали од групата на ретки земји“, изјави Џефри Герц, поранешен функционер во Советот за национална безбедност на Белата куќа и виш соработник во Центарот за нова американска безбедност. Тоа значи дека Кина ќе продолжи да има значително влијание во трговските преговори со САД, заклучи Герц. Извор: Индекс.хрТагови: авиони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook