ЗабаваДве алпаки чекаат пред судницата, каде Џони Деп ја тужи поранешната сопруга (ВИДЕО)Пред судницата каде се одвива судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, се појавија две необични животни.Станува збор за две алпаки, Долче и Инти, кои пред судницата ги изведе Андреа Дијаз, обожавателка на Деп од Перу. Нејзиниот мотив бил да го развесели актерот со овие две слатки животни кој, како што вели Дијаз, „моментално минува низ тежок период“. Во интервју за Law & Crime Network, младата обожавателка на Деп изјави дека е тука за „правда за Џони“. Рекла и дека актерот сè уште не ги видел животните, но дека се надева дека ќе ги види. На прашањето зошто го поддржува Џони Деп, Андреа Дијаз одговорила: „Тој е одлично момче, отиде во болници поради децата и го глумеше Џек Спароу. Тој е добар човек и тоа што му се случува не е фер“. Таа истакна дека не мисли ништо особено лошо за Амбер Херд, но дека не ѝ верува. The Lad Bible забележува дека алпаките биле спомнати и на судењето, кога Џ. Бенџамин Ротенборн, адвокатот на Амбер Херд, го прашал актерот: „Всушност, господине Деп, ако Дизни ви понуди 300 милиони долари и милион алпаки, дали би сакале повторно да работите со Дизни на Пиратите од Карибите? Нели? Деп одговорил: „Точно е, г-дин Ротенборн“. At the courthouse: Justice For Johnny alpaca. Photo credit: Law&Crime photog Eric Benson. #JohnnyDepp v #AmberHeard @LawCrimeNetwork pic.twitter.com/ChO19eA5fh — Cathy Russon (@cathyrusson) April 18, 2022 Инаку, Вашингтон пост пишува дека Андреа Дијаз започнала бизнис за време на пандемијата во кој децата доаѓале да ги видат алпаките за да ги развеселат и да им го подигнат расположението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерствоСо средби со конгресмени, премиерот Мицкоски ја почна посетата на Соединетите Американски Држави..Мицкоски прво оствари средба со претседателот на Поткомитетот за Европа во комитетот за надворешни работи на претставничкиот дом на САД, Кит Селф, а на средбата како што информира Мицкоски на фејсбук, разговарале за значењето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД, за заедничките интереси и за можностите за понатамошно продлабочување на соработката. На средбата со конгресменката Клаудија Тени, инаку копретседавач на македонската група за пријателство во конгресот на САД, се разговарало за традиционално силните и пријателски односи меѓу двете земји, како и за значењето на парламентарната соработка и размената на искуства меѓу двете земји..Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
МетеоСончево со мала до умерена локална облачностВремето денес според Управата за хидрометеролошки работи ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 31 степен. УХМР најавува дека до сабота ќе се задржи стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температураКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУК: Нема активни пожари, по контрола се двата во Јасен и НовациВо изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 16 пожари на отворен простор, од кои два се под контрола, а 14 се целосно изгаснати. Во моментов нема активни пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Под контрола се пожарите кај селата Белица и Јасен, како и кај Рапеш и Маково во Општина Новаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter