Две акции за спасување на 150 мигранти јужно од грчкиот остров Крит - Канал 5

Две акции за спасување на 150 мигранти јужно од грчкиот остров Крит

Спасените мигранти биле безбедно пренесени на пристаништето во Гавдос.

Две акции за спасување на 150 мигранти јужно од грчкиот остров Крит

Крајбрежната служба на Грција утрово спроведе две акции за спасување на вкупно 152 мигранти, кои се пренесувале со четири чамци во морскиот дел јужно од островите Крит и Гавдос, јави дописничката на МИА од Атина.

Во првиот случај, биле откриени и спасени 113 лица со три чамци јужно од Гавдос, а во акцијата учествуваа патролен брод на Крајбрежната служба, спасувачки брод, брод на Фронтекс, како и товарен брод што плови во близина под знаме на Сингапур.

Спасените мигранти биле безбедно пренесени на пристаништето во Гавдос.

Втората акција е за спасување на 39 мигранти јужно од Крит, лицата биле спасени и пренесени на пристаниште на островот.

Поради зголемените мигрантски бранови во јужна Грција, пред две седмици грчкиот Парламент го изгласа амандманот што предвидува во следните три месеци да биде суспендирано поднесувањето барања за азил од лица од северна Африка, кои нелегално влегле во земјата со пловно средства, а мигрантте без регистрација, ќе се враќаат или во земјата од која дошле или во земјата на потекло.

Министерот за миграција и азил Танос Плеврис во изминатите денови посочуваше дека сите мигранти кои од Либија нелегално влегуваат во Грција ќе бидат уапсени и пренесени во притвор се до нивното враќање назад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава

Изминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области  од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.

ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава

Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок.

Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема.

ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар.

Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците.

Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава.

За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи.

Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара.

Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината.

Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година

Податоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август.

Цените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година

Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика.

Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: До ноември нема да заврши војната со Иран

Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.

Трамп: До ноември нема да заврши војната со Иран

„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер