ЖивотДвата млазни авиони приземјени на Тумбе Кафе оставени на забот на времетоДва американски млазни авиони-ловци, приземјени на Тумбе Кафе, половина век немо ја набљудуваат Битола од најатрактивната локација на градот. Под историското џепане, во поранешната касарна која се движи кон генерациски заборав, а денеска најубава урбана зона на јужната страна од градот, се уште сведочат војничките ровови, бункери и два авиони положени на зелена писта на познатиот рид, Тумбе Кафе во Битола. Хроничарите на градот потсетуваат дека касарната на поранешната југословенска армија беше недопирлива територија за битолчани, но авионите, заради поставеноста, во средишниот појас на Тумбе Кафе, веднаш под радарот, беа и се, лесно видливи од повеќе страни на градот. - Двата авиони F-86 Sabre, се од американско потекло и според моите истражувања нивното производство датира од периодот меѓу 1947-1949 година. Млазните авиони ловци имаат едно седиште и еден мотор, што е лесно видливо и на авионите во Битола. Во поранешната држава, тогашната армија располагаше со над 200 авиони од овој тип и беа користени се до 1974 година, кога според моите информации заради скапа набавка и одржување, беа исклучени од воената опрема на армијата, односно авијацијата. Но, за нас посебно важно, особено со независноста на Македонија, беше тоа што двата авиони останаа во кругот на битолската касарна и ни служеа за обука. Токму на сегашната локација учевме, а потоа и пренесувавме знаења за борбените карактеристики на авионите, за време на воена вежба беше спроведувано боево гаѓање со школска муниција, организиравме курсеви, изработувавме макети и што уште не, вели Перица Поповски, поранешен пилот, едрилиричар, воздухополовец и истакнат член на Аеро клубот во Битола. Поповски, некогашен член на едриличарската база на Битола, пензионер на Воздухопловниот сојуз на Македонија и меѓудругото, автор на книгата „Воздухопловни радио управувани модели“, посочува дека е добро што авионите останале во градот затоа што со распадот на СФРЈ, тогашниот Генералштаб одзел се што било исправно за користење. За зачувување, но и репарација на авионите, се залага и професорот по едриличарство Ило Трајков, кој своите пензионерски денови ги користи да пешачи низ Тумбе Кафе, но како што вели, се почесто ја заобиколува локацијата кај авионите затоа што жали да гледа како пропаѓаат. - Во својата професионална кариера како наставник обучив околу 300 едриличари и стотина пилоти. Љубовта кон едрилиците и авионите е преголема и затоа во минатото, или како викаме ние по битолски, на времето додека бев активен, се интересирав и барав барем еден од двата авиони да биде целосен и технички исправен. Ако ништо друго, сакав барем еден од авионите да биде репрезентативен експонат. Ние сеуште неможеме да прежалиме дека во Битола имавме една едрилица изработена во Македонија која беше многу убава и се викаше Илинденка. Едрилицата беше реставрирана во Белград, пред извесно време беше донесена на аеро митинг во Битола за да ја видиме, и повторно ја вратија во Белград. За тоа да не се случува сакав барем еден авион да се реконструира. Последниот пат кога шетајќи по Тумбе Кафе повторно ги видов авионите, забележав дека се многу оштетени, исчкртани, деца се качуваа врз нив не знаејќи колку тоа може да биде опасно. Затоа одлучив повеќе да не одам на тој дел од Тумбе Кафе, но не се откажувам од желбата авионите да се заштитат, да не им се повтори судбината како на многу други спортски авиони кои пропаднале. Можеби треба да се следи примерот со скопската населба Аеродром каде што во тамошниот парк е изложен еден авион и тоа е симпатично и примамливо за посетители, вели Трајков. Според битолчанецот Миле Димитровски, авионите никому непречат и се интересни, посебно за младите, за рекреативците кои често се движат низ Тумбе Кафе, Тоа што врз нив има многу графити, креативни и некреативни цртежи, вели, не го намалува вниманието, но потребни се неколку активности за промена на ситуацијата. - Предлагам да се постави информативна табла на која секој ќе прочита за какви авиони станува збор, како се нашле на оваа зелена писта, исклучително рамна површина на овој дел од ридот. Потребно е да се стават знаци со предупредување, осветлување или да има бариери кај стрмнината. Зошто е тоа важно!? Затоа што површината е небезбедна! Пристапот до авионите порано беше целосно слободен и вистинска среќа е што некое возило во романтична ноќ, или млади кои што не го познаваат теренот, несакајќи можеле да паднат под височинката, каде што има канал. Потребно е јасно предупредување пред локацијата за да не се случи несакан инцидент и авионите да ги гледаме безбедно, вели Димитровски, кого го затекнавме додека ги фотографиравме авионите. Гледано од денешен аспект, веројатноста за нова туристичка атракција во градот е мала, затоа што според новиот урбанистичкиот план за овој дел на поранешната касарна, предвидена е маркица за изградба на хотел. Авионите на Тумбе Кафе не се заштитени со закон, не претставуваат културно историско наследство и може да бидат дислоцирани во првата прилика кога ќе се појави првиот инвеститор за градба на хотел, едногласни се битолските архитекти и урбанисти. - Не треба да се дозволи авионите преку ноќ да „одлетаат“ од Битола. Тоа ќе биде најголемата загуба без разлика на регулативите и можностите од урбанистики аспект. На територијата на поранешната касарна никнува нов град, но лично сметам дека непречи авионите да бидат згрижени и заштитени. Неодамна млади луѓе лично и на своја иницијатива ги подигнаа паднатите крилја на авионите, а скоро никогаш никој не оставил смет околу нив. Тоа значи дека посетителите ја сакаат оваа локација, пред се заради авионите, но и заради градот кој токму од ова место ви е како на дланка. И, конечно мислам дека град како Битола со традиција во воздухопловството и едриличарството, со многу пилоти кои пораснале на ова поднебје, а ќе ги има и во иднина, треба со факти да потсетува на своето вредно минато, вели Никола Ристевски. Млазните авиони-ловци и понатаму се ловци на погледи и љубопитност за битолчани и други посетители на Тумбе Кафе. Авионите сведочат за моќта на железните птици, за хероите на небото, но и за традицијата на ова поднебје, за Битола како колевка на едриличарството и моторното летање./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Шоу бизСрпски медиуми: Бака Прасе го исценирал сопственото приведување, следуваат кривични пријавиТврдењата дека маскирани лица го привеле јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се лажни.Ова е утврдено по истрагата спроведена од Вишото јавно обвинителство во Белград и службеници од полициската станица „Савски венац“. Претходно, на профилот на Илиќ на Инстаграм се појави објава во која се тврди дека маскирани лица го однеле од неговиот стан. Илиќ ѝ објаснил на полицијата дека ја објавил таа информација како дел од снимањето на видео кое планира да го објави на својот Јутјуб канал. Поради ширење паника преку лажни информации на Инстаграм, против него ќе биде поднесена кривична пријава до Посебното одделение за високотехнолошки криминал при Вишото јавно обвинителство во Белград. Пријавата се однесува на кривичното дело предизвикување паника и неред. Што содржеше објавата На профилот на Илиќ на Инстаграм беше објавено соопштение од неговиот тим, во кое се тврди дека тој бил приведен околу 06:00 часот наутро. Во објавата, потпишана од „Тимот на Бака Прасе“, исто така се наведува дека за ситуацијата бил известен и неговиот адвокат. Неговите соработници спомнаа и наводна поврзаност со „Алта банка“, тврдејќи дека Илиќ се доведува во врска со сомневања за перење пари. Оваа информација не е потврдена. Обвинителството нареди истрага Вишото јавно обвинителство во Белград претходно ѝ наложи на полицијата итно да ги провери тврдењата дека маскирани лица го однеле Илиќ од неговиот стан. Полициските службеници требаше да ја проверат информацијата на терен и да преземат други неопходни мерки за да утврдат што се случило. По извршените проверки, обвинителството и полицијата утврдија дека наводите се лажни. Извор: Индекс.хрТагови: Бака Прасе приведување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМерц ветува заштита на Евреите во Германија; антисемитизмот станува сè пораспространетФридрих Мерц изјави дека Германија се соочува со тест за својата посветеност кон заштитата на еврејската заедница.Тој ја опиша глетката на градинки и синагоги, чувани од вооружена полиција зад стакло отпорно на куршуми, како „ужасна“, пренесува Ројтерс. Мерц го изјави ова во говор во синагога во Минхен, на годишнината од „Кристална ноќ“ (Kristallnacht) во 1938 година – настан што послужи како вовед во Холокаустот и истребувањето на повеќе од шест милиони европски Евреи, спроведено од нацистите. Тој истакна дека антисемитизмот станал „распространет“. „Го гледаме и го слушаме на нашите улици, во нашите градови, во градовите на нашите европски соседи и ширум светот – во парламентите, клубовите и училиштата“, рече Мерц. „Токму затоа, ова е момент на вистината за паролата ’Никогаш повеќе‘, на која толку често се повикуваме“, додаде тој. Тој вети дека неговата влада ќе стори сè што е во нејзина моќ за да го заштити еврејскиот живот, како во Германија, така и во странство. Исто така, ја потврди долгогодишната поддршка на Германија за Израел, нагласувајќи дека тоа е „дел од нашата историска одговорност“. Слични заложби за заштита на еврејските институции и борба против антисемитизмот претходно дадоа и претходниците на Мерц, Ангела Меркел и Олаф Шолц. Germany's Chancellor Merz: Antisemitism is once again omnipresent. Sometimes it is disguised in the language of anti-colonial liberation struggles or criticism of Israel. https://t.co/centhneh0V — Clash Report (@clashreport) November 9, 2026 Според годишниот извештај на организацијата „RIAS“, бројот на антисемитски инциденти драстично се зголемил по избувнувањето на војната во Газа во 2023 година. Минатата година биле евидентирани 8.725 вакви инциденти – повеќе од тројно во споредба со 2022 година – што изнесува просек од 24 случаи дневно. Палестински извори наведуваат дека повеќе од 74.000 луѓе се убиени во израелските напади врз Газа. Нападите беа извршени откако борци предводени од Хамас убија приближно 1.200 луѓе во јужен Израел на 7 октомври 2023 година. „Срам за нашата земја“ Илзе Ајгнер, претседателка на Баварскиот покраински парламент, чувството на несигурност што го доживуваат многу Евреи во Германија го опиша како „срам за нашата земја“. Мерц претходно ја имаше предложено неа како конзервативен кандидат за функцијата претседател на Германија. „Кристалната ноќ“ претставуваше погром врз Евреите, кој започна на 9 ноември 1938 година, а вклучуваше убиства, грабежи и уништување имот. Името се однесува на скршеното стакло од уништените синагоги, продавници и домови, кое ги покривало улиците.Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветАмерикански претставник: Русија и Украина подготвени за компромис околу територијатаВо неофицијални разговори, Русија и Украина покажуваат одредена подготвеност за компромис околу територијата, во пресрет на новите мировни преговори што започнуваат утре во Абу Даби.Ова го изјави американски претставник запознаен со подготовките за разговорите, додавајќи дека, за првпат, Вашингтон забележува искрена желба од руска страна за ставање крај на војната, пренесува Ројтерс. „За првпат имам впечаток дека гледаме вистинска желба од руска страна сето ова да се приведе кон крај“, рече претставникот, кој ги информираше новинарите под услов да остане анонимен. Што ќе се случи со окупираните територии? Според претставникот, двете страни приватно покажуваат одредена флексибилност во однос на можна територијална размена. Сепак, тој нагласи дека каков било договор за територијата веројатно би се постигнал дури на крајот од преговорите, откако ќе се постигне консензус за другите прашања. Територијалните прашања досега беа една од најголемите пречки за постигнување мировен договор. Украина инсистира на враќање на нејзините меѓународно признати граници, додека рускиот претседател Владимир Путин бара контрола врз целиот регион Донбас. Американскиот претставник не откри какви територијални отстапки би можеле да направат Москва и Киев. Неговите изјави во оваа фаза не значат дека е постигнат договор, ниту пак дека некоја од страните официјално ги променила своите барања. Вашингтон смета дека прво треба да се договори безбедносен аранжман за периодот по војната. Дури потоа би имало простор за конечен договор во однос на територијата. Безбедносни гаранции за Украина Една од главните теми на преговорите ќе бидат безбедносните гаранции за Украина. Се разгледува можноста за заштита слична на онаа од Членот 5 од Договорот на НАТО, според кој напад врз една членка се смета за напад врз сите членки. Таков модел би требало да ѝ обезбеди на Украина безбедносни гаранции по евентуалниот мировен договор, но засега не е познато како би функционирал тој, ниту кои земји би презеле конкретни обврски. Американскиот претставник нагласи дека договорот за повоената безбедносна архитектура ќе биде клучен за решавање на територијалните прашања. Американското посредување во Абу Даби ќе го предводат специјалниот пратеник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зетот на претседателот Доналд Трамп. Преговорите треба да траат два дена, почнувајќи од вторник. Претставник на САД изјави дека постои можност Виткоф и Кушнер, по завршувањето на разговорите, да отпатуваат во Русија на средба со Путин. Ваквата посета сè уште не е потврдена. Во Вашингтон постои умерен оптимизам дека разговорите би можеле да доведат до напредок, иако американската страна признава дека за постигнување договор ќе биде потребно време. Во последните месеци, Трамп ги засилува дипломатските напори за ставање крај на војната, притоа често укажувајќи на тешките човечки жртви на двете страни од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Извор: Индекс.хрТагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook