Дванаесетта ревија на песни, музика и игри на пензионерите во Универзална сала - Канал 5

Дванаесетта ревија на песни, музика и игри на пензионерите во Универзална сала

Дванаесеттото издание на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите се одржува денеска во Универзалната сала во Скопје. Манифестацијата на која секоја година учествуваат пензионери од сите градови во Република Македонија во континуитет ја афирмира македонската традиција и староградскиот фолклор.

Дванаесетта ревија на песни, музика и игри на пензионерите во Универзална сала

Министерката за култура Елизабета Канческа Милевска во обраќањето на отворањето на Ревијата на песни, музика и игри на пензионерите рече дека манифестацијата е одраз на силната желба на пензионерите, посветеност и длабока почит кон трајните вредности на културата како наше национално обележје. Таа упати благодарност до Сојузот на пензионерите и до сите 57 здруженија кои преку манифестацијата веќе 12 години даваат свој искрен придонес во негувањето на богатата македонска етнокореолошка традиција, староградскиот фолклор и изворното творештво.

- Ревијата на песни, музика и игри ги афирмира наследените вредности кои го потврдуваат нашиот културен идентитет и творечката автентичност на македонското поднебје. Ревијата е проект од национален интерес и е една од многубројните активности и програми на Сојузот на пензионерите со кои генерално се збогатува нашиот културен и јавен живот, истакна Канческа Милевска.

Во изминатиот период, посочи министерката, Владата спроведе повеќе мерки со кои го подобривме статусот на пензионерите, а особено радува и податокот што со спроведувањето на дел од овие мерки се овозможи поголемо присуство на пензионерите во институциите од областа на културата. Порача дека институциите од областа на културата се отворени за сите граѓани на Македонија.

- Нема стабилна и перспективна иднина за државата без уметност, без култура. Затоа ќе посакам вашиот труд, вашиот придонес и во иднина да остане на македонската културна сцена како трајна вредност од која младите генерации ќе црпат чувство на припадност, на идентитет, додаде Канческа Милевска.

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски истакна дека Ревијата е од исклучителна важност за пензионерите во Македонија не само поради придонесот кој го има во зачувувањето на културната традиција со негување на фолклорот, туку е значајна и поради тоа што дава можност за дружење, социјализација и подолг и поквалитетен живот на пензионерите. Тој ја истакна одличната соработка која Град Скопје ја има остварено изминатите години со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и тоа преку заемно учество во реализацијата на разни програми и активности кои имаат за цел остварување на поквалитетен живот за пензионерите.

- Соработката на Град Скопје со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје продолжува и понатаму. Градот Скопје во рамки на своите можности ќе излегува во пресрет на барањата на пензионерите, ќе ги разгледува нивните предлози, сугестии и иницијативи и ќе работи на решавање на конкретни проблеми. Исто така ќе бара форми и ќе презема мерки кои ќе придонесат за збогатување на секојдневниот живот на пензионерите, додаде Трајановски.

Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, Драги Аргировски рече дека по шесте регионални ревии низ повеќе градови во Македонија денеска се одржува финалето кое го следат 1.500 гледачи, а ќе настапат околу 500 изведувачи од 35 здруженија на пензионери.

- Ќе настојуваме да го задоволиме критериумот кој го имаме, а тоа е секогаш да бидеме актуелни, да вратиме од заборав многу песни, посебно изворни песни, староградски песни итн. Сакаме да ја потврдиме одлуката на Министерството за култура оваа Ревија, а и регионалните ревии и годинава да бидат прогласени за национален интерес за културата на Република Македонија, додаде Аргировски./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туск: „Орбан? Тоа е смешно“

Полскиот премиер Доналд Туск смета дека информациите за номинацијата на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за функцијата генерален секретар на ОН – наводно промовирана од Соединетите Држави – се смешни.

Туск: „Орбан? Тоа е смешно“

Кога беше прашан за потенцијалната кандидатура на Орбан за местото генерален секретар на ОН, полскиот премиер молчеше неколку секунди, потоа се насмевна и на крајот крена раце.

„Пред само една минута тој беше кандидат за претседател на Европската комисија; ова ми изгледа исто толку смешно како и онаа претходна гласина. Нема да кажам ништо повеќе“, изјави Туск на прес-конференција за време на неговата посета на Виетнам.

„Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го номинирала Орбан за функцијата генерален секретар на ОН. САД го поканиле поранешниот премиер да се кандидира и го охрабриле да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.

Подоцна, украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, ја коментираше идејата за номинирање на Орбан за функцијата генерален секретар на ОН.

„Убеден сум дека Виктор Орбан, како генерален секретар на ОН, сигурно би ги искористил своите мајсторски вештини во користењето на ветото и уцените – вештини што ги усовршувал со години, попречувајќи клучни одлуки на ЕУ“, забележа министерот за надворешни работи.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во Скопје

Од 27 октомври до 1 ноември 2026 година, Скопје е домаќин на Генералната асемблеја на Еуродрам.

Претставата „Парови„ на Драмски театар вечерва ќе се игра на Еуродрам во Скопје

На манифестацијата која го одбележува 25-годишниот јубилеј ќе земат учество 60 гости од 28 земји во повеќе програми. Се организираат средби, сценски читања, преведувачка работилница, панел-дискусии, промоции на книги и театарски претстави.

Ансамблот на Драмски театар Скопје со претставата „Парови“ во режија на Ивана Ангеловска вечерва настапува во драмската програма на Еуродрам.

„Парови“ од авторката Ана Ристоска Трпеноска беше меѓу наградените дела на европската мрежа за драма и превод Еуродрам (Eurodram) за 2024 година.

Улогите во претставата ги играат актерите на Драмски театар Скопје:

ПИСАТЕЛ – Игор Ангелов

УМЕТНИЦА – Ања Митиќ

БРАЧНА СОВЕТНИЧКА/LIFE COACH – Јасмина Василева

БИЗНИСМЕН – Димитрија Доксевски/Владимир Петровиќ

ДОКТОР – Игор Стојчевски

МАЛЕЧКА – Ивана Павлаковиќ

БАРМЕН/КЕЛНЕР – Стефан Вујисиќ

ОЧНА ЛЕКАРКА – Трајанка Илиева-Вељиќ

БАНКАРКА/МЕНАЏЕР – Нина Елзесер

ИНЖЕНЕР/ТАКСИСТ – Лазар Христов

Уметничкиот дел на претставата го предводат режисерката Ивана Ангеловска и авторката Ана Ристоска-Трпеноска. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, дизајнот на постер е изработен од Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Стамандов.

Во белешката за претставата се вели: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?

Животот во заедница е различен од онаа идеализирана љубов што партнерите очекуваат дека треба да се случи и да трае, и од сликата за заедница која доминира во дигиталниот свет. Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнале, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Драмата „Парови“ прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сите нив ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите“.

Претставата „Парови“ вечерва ќе ја има својата 25 изведба во Театар Комедија во рамките на манифестацијата Еуродрам во Скопје.

Драмкси театар Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Претрес во Кавадарци, пронајдени ловечка пушка, недозволени средства за лов и месо од дивеч, лишено од слобода едно лице

На 26.10.2026 околу 15:00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово при РЦ за ГР Југ, од Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при РЦ за ГР Југ и од ОВР Кавадарци го лишија од слобода Ј.П.(69) од Кавадарци. По преземени мерки и добиени сознанија, со судска наредба биле извршени претреси во неговата викенд куќа и помошни простории на место викано „Васов град, кавадаречко и во домот во кој живее во Кавадарци. При претресот во викенд куќата, лицето добровочно предало ловечка пушка „Застава“, три ловечки патрони калибар 12, околу 13 килограми месо од срндак и девет недозволени средства за лов (примки), од кои на едната имаше остатоци од биолошки траги.

Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, против лицето ќе бидат поднесени пријави за „незаконит лов“ по член 228 и „недозволено изработување, држење, и тргување со оружје и распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер