Дванаесетгодишниот Максим освои прво место со возилото MOPI на меѓународен олдтајмер настан во Германија - Канал 5

Дванаесетгодишниот Максим освои прво место со возилото MOPI на меѓународен олдтајмер настан во Германија

Дванаесетгодишниот Максим, дел од подмладокот на тимот на „Бахус Класик“ освои прво место во својата класа (микро автомобили“ на престижниот Меѓународен олдтајмер настан што се одржа во Швенцинген, Германија. 

Дванаесетгодишниот Максим освои прво место со возилото MOPI на меѓународен олдтајмер настан во Германија

Максим е најмладиот учесник на овој настан, а успехот го постигна со возилото MOPI произведено од „SAP Karoserija Ljubljana“ во 1947 година. Во моментов во цела Европа има само две рестарвирани вакви возила.

Возилото е произведено при крајот на 40-те и почетокот на 50-те години во поранешна Југославија во серија од 30 примероци во соработка со Tomos, како пионерски возила за младинци на возраст од 12 до 16 години. Возилото е со зафатнина од 49 кубни сантиметри, има рачен менувач со три брзини и максимална брзина од 30км/ч.

- Максим како најмлад учесник во историјата на овој настан со само 12 години, го освои првото место во својата класа (Микро Автомобили) и со тоа стана првиот Македонец во историјата на нашата држава кој успеал да стигне до подиум на ваков престижен настан, велат од тимот на „Бахус класик“ во изјава за МИА.

Тимот на „Бахус класик“ веќе втора година учествува на овој настан на олдтајмери којшто традиционално се одржува во барокниот дворец во Швенцинген. Традиционално, и годинава тимот на Бахус класик покрај олдајмерите, ги презентираше и македонските вина и убавините на Македонија.

Во пресрет на „Бахус класик релито“ што ќе се вози во Македонија при крајот на септември беше организирано и извлекување со кое еден учесник доби бесплатно учество на релито. Станува збор за Жан Хансен од Луксембург со возилото „Lagonda 2L Blower“ од 1931година.

На настанот во Швенцинген, што се одржа изминатиот викенд, учествуваа 180 специјално избрани луксузни олдтајмери од целиот свет кои беа оценети од меѓународно 25-члено жири.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер