Дванаесет македонски компании со национален штанд на „World food Moscow 2019“ - Канал 5

Дванаесет македонски компании со национален штанд на „World food Moscow 2019“

 Дванаесет македонски компании со Национален штанд од денеска до 27 септември ќе се претставуваат на најзначајниот прехрамбен саем во југоисточна Европа „WORLD FOOD MOSCOW 2019“ во Руската Федерација.

Дванаесет македонски компании со национален штанд на „World food Moscow 2019“

Оваа значајна и врвна саемска манифестација се одржува во „Крокус експо центарот" – најголемиот изложбен простор во овој дел од светот. Настапот на македонските компании е во организација на Македонско-рускатата стопанска комора и со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, соопшти Македонско-руската стопанска комора.

На оваа водечка изложба на храна и пијалоци во Русија, македонските производители и преработувачи на свежо и конзервирано овошје и зеленчук традиционално имаат Национален штанд кој се простира на површина од 100 квадратни метри, а бизнис -делегацијата се состои од 27 деловни луѓе. Секоја година, овој настан поврзува илјадници бизниси од целиот свет со клучните купувачи на храна и пијалоци во Русија, вклучувајќи ги и претставниците на малопродажба од водечките синџири на супермаркети, трговците на големо, членовите на секторот HoReCa и производителите на храна.

На македонскиот Национален штанд своите производи ги изложуваат извозниците на свежо овошје „Агролозар" од Струмица, „Јуникс" од Скопје, „Суна стар", „Румко" и „Аппле ленд" од Ресен, „Душан Ќириќ" од Росоман и „Перминдекс" од Градско, како и производителите и извозниците на конзервирани земјоделски производи „Кривогаштани промет" од Прилеп, „Аграр Ко" од Кочани, „Алтера фуд" од Гевгелија, „Конимекс" од Скопје и „Бест фуд" од Радовиш.

-Според руските извори, во првото полугодие извозот на земјава на овој голем и значаен пазар бележи пораст од 7,54 отсто. Руските компании во овој период увезле од Република Македонија производи во износ од 33,46 милиони САД долари и што е посебно значајно дури 60,6 отсто од нив се од земјоделско- прехрамбениот сектор. Интересот за македонските производи меѓу руските потрошувачи е во пораст и со оглед на тоа што на оваа саемска манифестација трае рамковно договарање на пласманите за следната година, македонските бизнисмени се надеваат дека од овој голем бизнис настан ќе се вратат во земјата со најави за натамошен зголемен пласман на своите производи на рускиот пазар, вели Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

Колку е тоа важно можеби најдобро зборуваат податоците од руските статистички органи дека до крајот на јуни вкупната трговска размена меѓу двете земји е речиси за четвртина помала – забележен е пад од 23,62 отсто. Обемот на размената за шест месеци изнесува нешто над 49 милиони американски долари или 15,17 милиони американски долари. Рускиот извоз во овој период е преполовен (минус 52,9 отсто) и изнесувал 15,59 милиони американски долари.Негативниот трговски биланс е на страната на Република Македонија и изнесувал 17,86 милиони американски долари. Инаку, земјава е на 90 место на листата на земји од кои Русија увезува.

„WorldFood“ Москва вообичаено е одлична можност и да се промовираат нови производи на рускиот пазар и се очекува македонските компании да ја искористат оваа прилика. За тоа зборува фактот што во Московскиот „Крокус експо центар" годинава изложуваат 1.762 компании од 65 земји и ќе го посетат 30.710 трговци од 80 руски региони и 98 други земји од светот. Се очекува вкупна посета од 80.000 луѓе. На саемскиот простор се лоцирани 64 национални штандови, меѓу кои и од Република Македонија (осум од Америка, девет од Африка, 23 од Европа и 24 од Азија). Во текот на траењето на саемот ќе се одржат 25 настани – трибини, промоции, бизнис-средби на кои ќе дебатираат преку 180 бизнисмени од целиот свет.

-Македонско-руската стопанска комора, со оглед на широките и традиционални врски кои ги има воспоставено со деловните заедници од оваа земја, ќе им овозможи на претставниците на македонските компании што поголем број деловни средби. Бизнис делегацијата од земјава ќе го посети и Трговско-изложбениот „Македонски дом" во Москва, компанија формирана да го поттикнува македонскиот извоз во Русија, при што ќе се оддржи бизнис – форум и билатерални деловни средби со челните луѓе на некои од руските синџири маркети и со други заинтересирани за купување на свежи и конзервирани земјоделско – прехрамбени производи од земјава, истакна Бешлиев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ

Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ

Ова е невиден скандал, аматеризам и катастрофа каква што не се памети ни во најнеразвидените држави! Владата и нивното мнозинство вчера направија класичен испад на „пиши-бриши“ откако сфатија дека “случајно” избришале клучни ставови, па сега по итна постапка се враќаат назад во собраниските клупи за да ги кројат законите преку ноќ.

Читаат писмени извештаи и се прават неупатени, но директната порака од Европската комисија е сосем јасна: она што тие го прават со законодавството е чист хаос кој ја става Македонија во ред на крајно нефункционални и неспособни држави. Која будала би инвестирала во земја каде што законите се менуваат секој час само за да се задоволат тесни партиски интереси и директиви?

Како што јасно потврдуваат и анализите од последниот Извештај на Европската комисија, високата корупција во земјава останува широко распространета, а честите и непредвидливи измени на законите директно ја засилуваат перцепцијата за неказнивост. Наместо борба против криминалот, власта испорачува само добра претстава за јавноста – лажни реформи, неуспешни конфискации и законски решенија кои ја „галат“ корупцијата, наместо да ја казнуваат. Народот ги трпи последиците од оваа неспособност, додека државата губи на секој чекор.

„Ова е врв на неспособноста и ќе речам ‘правно дивјаштво’ кое мора да престане веднаш! Прво си изгласаа амнестија за функционерите за да ја заштитат високата корупција, а сега со секојдневните измени во Кривичниот законик по скратена постапка прават хаос, додека за обичниот граѓанин воведуваат ригорозни казни. Добиваме јасни шлаканици од Европската унија бидејќи оваа власт ја претвори државата во приватна зона за тендери и партиски манипулации. Ваквото скандалозно однесување мора да заврши – доста е од погребување на правната држава!“, порача претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова.

ЛДП бара итно запирање на ова законско лудило, повлекување на досегашните штетни интервенции и воспоставување на вистинско владеење на правото, бидејќи Македонија повеќе нема време за губење во рацете на неодговорни политичари!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

На социјалната мрежа „Threads“ е откриен профил што му припаѓа на Владислав Соколов – претприемач поврзан со наводна проневера на јавни средства наменети за заштита на енергетската инфраструктура во регионот на Киев. 

Злато, „Ролс-Ројс“, жив крокодил: Запознајте го Украинецот кој требаше да ги штити електраните

Според информации од еден „Telegram“ канал, при претрес на неговиот луксузен пентхаус биле пронајдени базен и терариум со крокодил, пренесува украинскиот медиум „NV“.

Блогерoт и новинар Денис Казански прв го сврте вниманието кон профилот на Соколов.

„Неговиот профил на ’Threads‘ започнува со фотографија на која е прикажан Руслан Олијник – поранешен заменик на Микола Калашник (кој во меѓувреме поднесе оставка).

Интересно е што нема никакво спомнување на неодамнешните настани. Можете да му поставувате прашања во коментарите“, напиша Казански.

Фотографии од мермерни столбови, позлатени детали, базен, терариум со крокодил и автомобил „Ролс-Ројс“ брзо се проширија на социјалните мрежи.

Корисниците реагираа со саркастични коментари, истакнувајќи дека „ненадминливиот оригинал“ за ваков ентериер е, всушност, домот на поранешниот главен обвинител Виктор Пшонка – кој исто така е осомничен за корупција.

Свое мислење изнесе и активистот Серхиј Стерненко. Тој тврди дека Соколов поседува компанија која требало да гради заштитни објекти за енергетски постројки; наместо тоа, средствата наводно биле искористени за создавање на овие раскошни ентериери.

Стерненко понатаму ја обвини истата компанија за проневера на средства наменети за изградба на засолништа во училиштата.

„Изгледа дека Доналд Трамп доби конкуренција во категоријата ’луксузен кич‘. Запознајте го сопственикот на озлогласениот стан со крокодилот – сопственик на компанија која требало да гради заштита за енергетски објекти во регионот на Киев, но која, како што изгледа, изградила нешто сосема друго“, напиша Стерненко.

Шема за проневера на средства наменети за училишни засолништа била обелоденета уште во октомври од страна на Серхиј Болвинов, раководител на истражниот оддел и прв заменик-началник на Главната управа на Националната полиција во регионот на Киев.

Според него, во кругот на еден лицеј во градот Крјукившчина се градело засолниште за заштита од зрачење, за што од буџетот биле издвоени повеќе од 3,7 милиони евра. Главниот изведувач ангажирал друга компанија за извршување на градежните работи и ѝ платил за тоа. Сепак, истражителите утврдиле дека тие работи постоеле само на хартија. Компанијата немала ниту вработени, ниту потребна опрема – факт што е потврден со истрага спроведена од даночните органи.

На сметките на оваа фиктивна компанија биле префрлени вкупно 240.000 евра; средствата потоа биле подигнати во готовина и поделени меѓу инволвираните лица. Директорот на компанијата е осомничен за службено фалсификување извршено како дел од група – што резултирало со сериозни последици – како и за перење пари, односно прикривање на приноси стекнати преку кривично дело.

Болвинов исто така објави фотографии од луксузен стан, направени за време на истрагата. Тој напомена дека полицијата во моментов проверува дали овој имот е поврзан со средствата што се предмет на истрагата.

На 3 ноември, активистот Серхиј Стерненко објави дека заштитните мерки во голем број енергетски објекти или воопшто не биле спроведени, или пак биле изведени со сериозни недостатоци. Во својата објава, тој покрена прашања за одговорноста на Микола Калашник, поранешен раководител на Воената управа на Киевската област.

„Без спроведување постапка за јавна набавка, Калашник потпиша договори во вредност од над 11 милиони евра за заштита на електрични потстаници со компании кои немаа ниту работна сила, ниту опрема за извршување на такви задачи. Понатаму, против овие компании веќе беа поднесени кривични пријави“, изјави Стерненко.

Тој додаде дека компаниите добиле големи авансни плаќања, но не ја завршиле работата на заштита на енергетската инфраструктура. Микола Калашник моментално ја извршува функцијата министер за развој на заедниците и териториите на Украина.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер