3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
2Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
БалканДванаесет деца се меѓу 26 затруени со алкохол во ноќен клуб во Белград: Немаме врска (ВИДЕО)По информацијата дека наводно со „шпиритус“ биле отруени 26 лица, меѓу кои и 12 деца помлади од 15 години, се огласи и познатиот ноќен клуб во кој се одвивала оваа драма.Како што објавија на својот Инстаграм профил, нивниот локал синоќа бил изнајмен за приватна прослава. „Почитуван господине, синоќа клубот беше изнајмен за приватна прослава. Раководството на клубот нема никаква врска со синоќешните настани“, велат од клубот. View this post on Instagram A post shared by Sinner Night Club (@sinnernightclub) Во своето соопштение тие изразија жалење и загриженост за непосакуваните настани. Да потсетиме, на мрежите се појави информација дека 26 лица, меѓу кои 12 деца, се хоспитализирани поради наводно труење со „шпиритус“. На социјалните мрежи се појави драматично видео објавено на страницата Moj_Beograd кое предизвика бурни реакции кај голем број корисници на социјалните мрежи. На него може да се видат бројни полициски патроли, но и како Итната помош им помага на гостите на прославата. View this post on Instagram A post shared by MOJ - BEOGRAD (@moj_beo_grad_) Како што изјави за РТС Иван Лековиќ, доктор на Итната помош на ВМА, во ВМА биле примени дванаесет деца во тешка алкохолизирана состојба, со дури 2,8 промили алкохол во крвта. Сепак, не е потврдено дали имало труење, како што објавија мрежите. Под споменатата снимка се тврди дека имало труење со алкохол, но од редакцијата на Телеграф не можеле да ја потврдат вистинитоста на оваа информација до моментот на објавување на текстот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦУ: Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект Контролите од мобилна Царина на Охридско езеро со позитивен ефект – евидентирана зголемена наплата на давачки за пловила внесени со привремен увоз .Одделението за оперативни работи во координирана акција со МВР изврши контрола врз 38 пловни објекти на Охридското езеро. Извршени се проверки на статусот на пловилата и лицата кои ги управуваат, а согласно Царинскиот закон, Законот за внатрешна пловидба и останатите регулативи со кои е регулиран увозот, прометот и управувањето на пловните објекти. „Во изминатиот период се забележува зголемена активност на платени увозни давачки за пловни објекти кои биле внесени со привремен увоз, што укажува дека контролите даваат ефект“, вели управникот на Царинарница Битола, Ѓоко Трпоски. Целта на царинските контроли е проверка на царинскиот статус на пловните објекти кои се внесени во државата, особено на пловилата регулирани со привремен увоз кои согласно царинските прописи можат да се употребуваат во државата, согласно законски утврдениот рок, по што доколку не извршат повторен извоз и не ја напуштат државата треба да го регулираат правниот статус и пловилото увозно да го оцаринат. Началникот на Одделението за оперативни работи, Душан Размовски, потенцира дека мобилните тимови ќе продолжат со зајакнати контроли, при што секое непочитување на законските одредби ќе резултира со соодветни прекршочни санкции, вклучувајќи и одземање на пловниот објект.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Македонија„И Здравје и Работа“: Европското искуство покажува дека може „и екологија и рударство“Во јавната дебата често се наметнува дилемата дека државите мора да избираат меѓу заштитата на животната средина и развојот на рударството. Европското искуство, сепак, покажува дека овие две цели не мора да бидат спротивставени – земји со високи еколошки стандарди истовремено развиваат современо рударство и инвестираат во искористување на сопствените минерални ресурси. Во Брисел наскоро се очекуваат резултатите од вториот повик за финансиска поддршка на рударски проекти, на кој, според достапните податоци, биле поднесени 160 апликации. Европската Унија ги забрзува процедурите за добивање дозволи за ископ на критични минерали со цел да ја намали зависноста од трети земји, но паралелно остануваат строгите научни проценки, мониторингот, финансиските гаранции и обврската за рекултивација на просторот. Првата селекција во 2025 година резултираше со 47 стратешки проекти во ЕУ и 13 проекти во партнерски земји. Меѓу земјите кои активно го развиваат рударството е Шведска – држава која истовремено се издвојува со високи еколошки перформанси. „Овие примери покажуваат дека изборот не мора да биде „или екологија или рударство“. Напротив, европските земји покажуваат дека со современи технологии, научни проценки, строг мониторинг и јасни правила може истовремено да се заштитува животната средина и да се развива рударството“, велат од „И Здравје и Работа“. Оттаму посочуваат дека во време кога ЕУ активно ги поддржува новите рударски проекти и ги забрзува процедурите за критичните минерали, Македонија не треба да остане надвор од овие процеси. „Додека Европа разгледува 160 апликации за нови рударски проекти и истовремено поставува високи стандарди за заштита на животната средина, кај нас единствената сериозна нова инвестиција во рударството останува проектот „Иловица–Штука“. Македонија има можност да ги следи европските примери и да покаже дека развојот и заштитата на животната средина не се исклучуваат, туку можат да одат заедно – под услов да се почитуваат законите, стручните проценки и највисоките еколошки стандарди“, додаваат од иницијативата. Европа ни покажува дека не мора да бираме меѓу чиста животна средина и економски развој. Можеме да имаме и екологија и современо рударство. Прашањето е само дали Македонија ќе има храброст да го следи тој пат и да ги стави своите ресурси во функција на развојот, со највисоки стандарди и строга институционална контрола. Македонија не смее да дозволи стравот и нестручните проценки да ја блокираат иднината. Ако сакаме европски стандарди, тогаш треба да ги прифатиме и европските принципи: одлуките за рударството да се носат врз основа на наука, закон и контрола – а не врз основа на притисок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураСветски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески воодушеви со концерт на ХераклеаСимон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, синоќа одржа концерт во античкиот театар во Хераклеа во Битола. На концертот присуствуваа и градоначалникот на Битола Тони Коњановски и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова. Трпчески е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња, а во истовреме и еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. Неговата кариера вклучува настапи со Лондонска Филхармонија, Филаделфискиот Оркестар и Кралската Ливерпулска Филхармонија. Добитник е на наградата за дебитант на годината од Кралското Филхармониско Друштво и на престижната награда „Gramophone“. Критичарите го опишуваат како пијанист со исклучителна техника и длабока музикалност. Македонскиот пијанист Симон Трпчески се етаблираше како еден од најистакнатите музичари на светската сцена, настапувајќи со повеќе од 100 оркестри на четири континенти, под водство на водечки диригенти и во најпрестижните концертни сали. Трпчески е препознатлив по својата моќна виртуозност и длабоко експресивен пристап, како и по својата харизматична способност да воспостави врска со најразлична публика ширум светот и по својата посветеност кон зајакнувањето на културното наследство на Македонија. „Да го слушнете Трпчески во Антички Театар Хераклеа е привилегија – класична музика од светско ниво во амбиент кој е стар повеќе од два милениума. Ова е настан кој ретко се случува“ велат од „Прагма продукција“ која го организираше концертот со поддршка на Општина Битола.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВидео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21