Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
2Извори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
МакедонијаДвајцата осуденици од Идризово се уапсени, полицијата испукала предупредувачки куршум, Ренџ Роверот излетал од патотДвајца осуденици на 45 и 23 годишна возраст кои користеле слободен викенд завршиле во ендек во близина на Идризово, обудувајќи се да и побегнат на полицијата.Филмската потера почнала по 20 часот додека со ренџ ровер се возеле на улицата Панче Неделковски во Чаир биле пресретнати од полициски службеници кои им дале знак да застанат. Но наместо тоа, осудениците со возилото се дале во бегство, а полицијата веднаш тргнала по нив. Двајцата осуденици бегалци со ренџ роверот првин се упатиле кон скопската обиколница а од таму се вклучиле на регионалниот пат Скопје – Велес. Кога полициските службеници со возило мазда се обиделе да ги престигнат, осуденикот кој го возел џипот во два наврати удрил во полициското возило. Веднаш потоа еден од полициските службеници испукал предупредувачки куршуми во воздух но но ни тогаш осудениците не застанале. Продолжиле да се движат и во близина на населбата Нова Колонија кај скопско Идризово излетале од патот, по што биле уапсени. -Во возилото се пронајдени пет мобилни телефони, пари и клучеви од повеќе возила, а Н.А. и А.Ј. се лишени од слобода и против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. – Гоце Андреевски – Портпарол на МВР Едниот осуденик издржувал затворска казна за криумчарење на мигранти, а другиот насилство, кражба и трговија со дрога. Според информациите на Канал 5, им останувало малку време за издржување на затворските казни, но веќе е извесно дека и за синоќената драма ќе добијат кривични пријави. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПИОМ: Пензиите се сигурни, нема ризик за исплатата и здравствените услугиИсплатата на пензиите продолжува редовно, а здравствените права на пензионерите остануваат целосно обезбедени, уверуваат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Реакцијата оттаму доаѓа по објавениот извештај на Државниот завод за ревизија во кој утврди слабости во начинот на пресметката и навремената уплата на придонесите за осигурениците во вториот пензиски столб. Ревизијата утврди и дека приходите од наплатен придонес за пензиско и инвалидско осигурување во 2024 година се зголемиле за 14 отсто но тоа не било доволно за полривање на расходите за пензии кои и понатаму бележат раст. Од ПИОМ велат и дека предмет на ревизија е 2024 година кога со фондот раководел кадар на претходната влада. Бидејќи придонесот за здравствено осигурување на пензионерите се пресметува како процент од исплатената пензија и изнесува 11,8 проценти од нето исплатената пензија, а делот за вториот столб е 6 проценти од вкупните придонеси за пензиско осигурување, сосема очекувано е со растот на пензиите да се зголемува и обврската по овој основ кон Фондот за здравствено осигурување. Оттука, Фондот на ПИОМ нагласува дека зголемените обврски се директен резултат на повисоките пензии и подобриот животен стандард на пензионерите, а не последица на нарушена финансиска стабилност или нефункционирање на системот. Околу стабилноста на вториот пензиски столб денеска реагираше и претседателот на СДСМ Венко Филипче. Повикувајќи се на изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека корисниците на овој столб нема да бидат задоволни, Филипче тврди дека е оправдана загриженоста кај пензионерите. Околу прашањатра поврзани со обврските и трансферите кон пензиските друшва од вториот столб, од ПИОМ истакнуваат и дека зголемувањето на овие обврски е директна последица на историски најголемото зголемување на пензиите во државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИзвори на Канал 5: Култура, спорт и односи меѓу заедницата ги презема Влен, ВМРО-ДПМНЕ здравство, социјала, евроинтеграции Правда, култура, спорт, односи меѓу заедниците ги презема Вреди, ВМРО-ДПМНЕ ги добива здравство, социјална политика, евроинтеграции и вицепремиерското место за добро владеење, а земјоделство ќе оди кај ЗНАМ. Ова неофицијално е досега договорено меѓу премиерот и коалиционите партнери за владина реконструкција. Извори на Канал 5 брифираат дека најверојатно владиниот тим ќе го напушти вицепремиерот Иван Стоилковиќ, министрите Цветан Трипуновски, Игор Филков, Борко Ристовски, Зоран Љутков и Фатмир Лимани. Информациите засега никој не ги потврдува ниту демантира, но начелно постигнале согласност за рокада на овие ресори. Според лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, сите опции се на маса и треба да се согледаат грешките, но уверува дека односите во коалицијата се на највисоко ниво. „ Сега во моментов разговараме само за министерските позиции, сите опции се отворени бидејќи треба да се слушнат сугестиите на владините партнери, но секако да се согладаат и сондажите на граѓаните колку тие се задоволни од реализација на проектите на одредени ресори. Ние не разговараме само за местата на ЗНАМ, туку за сите места во владата и реализацијата на владината програма во две години.“ - Максим Димитриевски – претседател на ЗНАМ Неофицијално, конечна одлука за распределбата на ресорите ќе има вечерва, откако премиерот Мицкоски ќе се сретне со Димитриевски за да го прецизираат договорот, а потоа се очекува внатрепартиски да решаваат за новите имиња. Целиот процес на реконструкција во владата се најавува дека ќе заврши многу брзо, а според премиерот списокот до Собрание ќе биде доставен најдоцна до први јули. Тој потенцираше дека промената во кадрите нема да запре со министрите, туку следни се директорите кои во првите две години од мандатот на оваа влада не ги исполниле своите ветувања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПредлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕРПредлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството. Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка. Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата. Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се: • Подобрување на одредбите за конфискација; • Дигитализација на кривичната постапка; • Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки; • Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија; • Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство; • Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика. Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter