Двајца загинати во страшна сообраќајка во Хрватска - уште двајца се борат за живот

Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на излезот од тунелот Учка во Хрватска, кога од засега непознати причини возило со босански регистарски таблички, удрило во бетонски блок веднаш по излегувањето од тунелот.

Двајца преживеани мажи од смачканото „Ауди“ се уште се борат за живот болницата во Риека. Според информациите во хравтските медиуми тие се во многу тешка состојба.

Според неофицијални информации, возачот и тој што седел зад него преживеале, додека другите двајца починале на местото на настанот. Од хрватската полиција потврдиле дека во аудито имало четворица мажи и дека телата на двајцата починати ќе бидат пренесени во патолошкото одделение на болницата во Пула, каде ќе биде извршена обдукција.

Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто

Поддршката за американскиот претседател Џо Бајден во просек изнесуваше 38,7 отсто во текот на неговиот 13-ти квартал на функцијата, според неодамнешното истражување на јавното мислење на Галуп.

Во првиот квартал од 2024 година, Бајден (81) доби поддршка од 38,7 отсто од анкетираните, три отсто помалку од поддршката што ја имаше претседателот Џорџ Буш постариот. во истиот период од неговиот мандат, пренесува „Њујорк пост“.

„Околу шест месеци пред изборите, Бајден е во послаба позиција од кој било претходен претседател“, заклучија анкетарите на Галуп.

Истото истражување покажува дека поранешниот претседател Доналд Трамп, кој се натпреварува со Бајден за втор мандат во Белата куќа, добил поддршка од 46,8 отсто од анкетираните.

Њујоршкиот дневен весник наведува дека и двајцата (непопуларни) претседатели Никсон и Картер имале поголема поддршка од Бајден, со 53,7 отсто, односно 47,7 отсто, додека претседателот Двајт Ајзенхауер имал најголема поддршка во последните 70 години со дури 73,2 отсто.

Резултатите од анкетите на Галуп за јавна поддршка на американските претседатели, кои се спроведуваат од почетокот на мандатот на Ајзенхауер во 1952 година, се силен показател за успех за кандидатите кои сакаат да добијат втор мандат во Белата куќа, според „Њујорк Пост“.

Историски гледано, секој претседател во изминатите седум децении со поддршка над 50 отсто успеал да добие втор мандат, освен Барак Обама кој победи во 2012 година со 46 отсто поддршка на шест месеци пред изборите.

Видео- НБА: ЛА Лејкерс избегна „метла“

Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада синоќа Денвер Нагетс со 119-108 во конференциското четвртфинале на Западната конференција во НБА лигата и ја забележа првата победа во серијата во која Денвер сега води со 3-1.

Лејкерси до воведниот триумф ги предводеше првата ѕвезда Леброн Џејмс со 30 поени. Ентони Дејвис придонесе со 25 поени, а Остин Ривс и Д’Анџело Расел додадоа по 21 поени.

На спротивната страна, Никола Јокиќ го заврши натпреварот со трипл дабл (33 поени, 14 асистенции и 14 скокови).

Лејкерси го победија Денвер за прв пат во последните 12 натпревари од декември 2022 година, но им претстои тешка задача на петтиот натпревар кој ќе се игра во Денвер. Ниту еден тим во историјата на плејофот на НБА не успеал да се врати во серијата до четири победи по негатива од 0-3.

„Сè уште заостануваме 1-3. Денеска ја завршивме работата и ја продолживме нашата серија, но мораме да бидеме уште подобри“, изјави Џејмс.

СДСМ: Бојкоти и црни сценарија се одлика на ДПМНЕ

Одлика на ДПМНЕ се бојкоти, блокади и црни сценарија.

Го бојкотираа Киро Глигоров во 1993, кога требаше да влеземе во Обединетите Нации. Го бојкотираа и референдумот за членство во НАТО, го бојкотираа пописот и членството во ЕУ.

Ги бојкотираа најважните моменти од нашата независност и затоа ВМРО-ДПМНЕ нема апсолутно никакво право да зборува за нечиј бојкот.

На 27-ми април, 2017-тата година ВМРО-ДПМНЕ дозволи најобични насилници и силеџии да влезат во парламентот, да тепаат пратеници, да кренат рака на новинари, собраниски служби и да го погазат уставниот поредок на држата.

Со бојкот, црни сценарија и насилство држава не се гради.

На 8-ми мај, граѓаните треба масоввно да излезат на гласање и да не дозволат повторно да се врати режимот во најава.

СДСМ

притисни ентер