Двајца загинати , училиштата затворени поради снежниот хаос во Шпанија (ВИДЕО)

Две лица ги загубија животите во Шпанија, а околу 200 000 ученици немале часови откако невреме го погоди источниот дел на земјата.

Бездомник (54) со романско потекло е пронајден мртов јужно од Валенсија во понеделникот наутро, соопшти портпаролот на градската влада.

Еден 63-годишен маж беше пронајден мртов вчера во селото Педро Бернардо во централна Шпанија.

Голем дел од источна Шпанија - Каталонија, регионот Валенсија и Балеарските острови се под црвен или портокалов аларм, поради бурното невреме што носи силни налети на студен ветер и снег. Шпанската метеоролошка агенција соопшти дека невремето може да трае до среда.

Во Валенсија, 194 општини решија да ги затворат училиштата, оставајќи 191.300 ученици дома, соопшти регионалната влада.

Туристичкиот аеродром во Аликанте, кој беше затворен минатата недела поради пожар, беше повторно затворен од вчера попладне, поради снежната бура што го наруши сообраќајот на неколку автопати и железнички линии.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер