МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите
1МП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите
СветДвајца убиени, 10 повредени во руски напади во ЗапорожјеДве лица загинаа, а десет, меѓу кои и четири деца, беа повредени во руски напади во Запорожје, југоисточна Украина, соопшти началникот на регионалната воена администрација, Иван Федоров.Тој, исто така, објави на Телеграм дека во текот на изминатите 24 часа биле извршени 567 напади во 16 населени места во Запорожје. Во административниот центар на регионот, градот Запорожје, рано утрово биле оштетени девет згради, додаде тој. Досега нема коментар од руска страна. Запорожје е на фронтовската линија од самиот почеток на војната во Украина, која започна со целосна инвазија на Русија на соседната земја на 24 февруари 2022 година. Двете страни во конфликтот негираат дека таргетирале цивили. Сепак, илјадници цивили се убиени од почетокот на војната, од кои огромното мнозинство се Украинци. Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека собориле 36 од 45 дронови испратени од Русија во текот на ноќта. Тагови: Запорожје руски напад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМП: Адвокатската комора е еден од најзначајните партнери на Министерството за правда при спроведување на реформите Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби.Министерот за правда, Јетон Шасивари оствари работна средба со претседателот на Адвокатската комора на Македонија, Лазо Ѓорѓиевски на која беа разменети мислења за актуелните состојби и реформските процеси кои се од значење за унапредување на правосудниот систем. За успешна реформа на правосудниот систем потребен е отворен и суштински дијалог со сите професии и институции при креирањето законски решенија кои треба да обезбедат поголема правна сигурност и ефикасна заштита на правата на граѓаните. Соработката меѓу Министерството за правда и Адвокатската комора ќе продолжи и во иднина со цел создавање модерен, ефикасен и професионален правосуден систем, во согласност со европските стандарди, соопштуваат од Министерството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: За избори сме спремни уште утре, ама нема да бидеме алиби на МицкоскиПо фрлената ракавица од премиерот Христијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори, опозицијата без единствен став за ова прашање. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче останува на ставот дека партијата е подготвена за изборно соочување во секое време, но повтори дека тие нема да му бидат алиби на Мицкоски. За разлика од СДСМ, Левица и ДУИ изразија подготвеност да се оди на предвремени избори во најкус можен рок. Околу идејата за обединување на опозициското делување што ја понуди Левица, Филипче ја отфрли ваквата можност доколку Левица, како што рече, не ги промени своите политики и јасно да се определи за НАТО, ЕУ и иднината на државата. Филипче упати критики и дека во пресрет на избори се засилува пропагандната машинерија на власта преку купување медиуми и како што посочи влез на српски медиумски структури во Македонија. -За избори сме спремни кога и да бидат. Ама нема да бидеме алиби. Христијан Мицкоски има две третини во Собранието, апсолутна власт. Може да распише избори кога сака. Зошто му е СДСМ сега? Не навлегуваме во таа игранка. Човекот ќе распише избори кога повеќе нема да има пари, а пари снемуваат сè повеќе и повеќе. Гледаме дека и прокси партијата на Христијан Мицкоски, тоа е Левица, се согласува за избори и повикува на некакво обединување на опозицијата. Обединувањето може да биде само со и зад СДСМ. Левица е партија којашто е проруска партија, којашто имаше јасен транспарент дека НАТО се убијци во Собранието и доколку ги сменат своите политики и се откажат од своите ментори и финансиери, мајка Русија и татко Христијан Мицкоски, и тие се добредојдени во Фронтот за вистина и правда, изјави Филипче. Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија реагираат дека Филипче и СДСМ се единствените кои бегаат од избори бидејќи се плашат од изборен пораз, посочија од ВМРО-ДПМНЕ. - Очигледно е дека Филипче нема допир со реалноста, а тоа е поради неговата дружба со аболицираниот криминалец Заев, на неговата милионска јахта во Грција, кој му диктира што да кажува пред медиумите и му ја создава перцепцијата, а Филипче како негов следбеник, истото го повторува. Во однос на изборите, единствен човек во државата кој не сака избори и бега од нив е Венко Филипче и талогот од СДС. Од месечината се гледа дека јасно му е и на него и на талогот, каков дебакл ќе доживеат и како ќе бидат поразени од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Мицкоски пред неколку денови го повтори ставот дека предвремени парламетарни избори не треба да има, но ја остави отворена можноста за нивно одржување доколку такво барање дојде од опозицијата. Иако, според него, граѓаните не сакаат избори, туку реформи и континуитет на процесите кои што ги води оваа Влада, сепак Мицкоски беше дециден дека нема да бега од изборно соочување. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТранспортерите следниот понеделник излегуваат на протест пред делегацијата на ЕУ во СкопјеИдниот понеделник македонските превозници излегуваат на двочасовен протест пред делегацијата на ЕУ во земјава. Бараат изнаоѓање на преодно решение за проблемот на професионалните возачи со престојот во Шенген зоната. Простестот како што посочија од асоцијацијата Макам Транс, се одржува ден пред состанокот на работната група во Брисел на кој треба да се разговара токму по ова прашање. Пред канцелариите на ЕУ според најавите ќе има минимум 20 возила и голем број сопственици, возачи и други вработени, а двочасовни протести од 12 до 14 часот ќе се одржат и во Србија, Босна и Црна Гора. „Со сите превозници од Западен Балкан се договоривме да направиме еден симболичен протест на 31.08 со почеток во исто време во 12 часот ќе трае два часа со цел да испратиме порака до надлежните органи во Европската унија за изнајдување на преодно решение додека да се смени визната стратегија бидејќи самите признаа, што ќе се случува по натаму ќе зависи од состаноток во Брисел ние сите разговараме правиме анкети и анализи и ќе бараме најоптимално решение кое не би довело до штета на нашите држави.“- Биљана Муратовска – МАКАМТранс. Од транспорт и денеска повторија дека како надлежна институција имаат целосно разбирање за македонските трнаспротери и се превземаат сите активности за изнаоѓање на решенија преку билатерални договори со земјите членки на Шенген зоната. Ресорниот министер Александар Николоски најави склучување на нови договори, посочувајќи дека на тој начин земјава самостојно го решава проблемот. „Во текот на септември е најавена средба на високо ниво со австриската влада, во текот на октомври со словенечката влада, така што ние не застануваме и продолжуваме да работиме на билатерални договори со сите земји кои што се расположени. Гледаме генерално да ги покриеме рутите каде што традиционално македонските транспортери најчесто одат. Со Швајцарија веќе има договор, со Хрватска има договор, со Романија има договор. Како што кажав, следни за разговор се Австрија и Словенија, и исто така работиме и со Германија...“ -Александар Николоски – министер за транспорт. И додека властите преговараат со земјите членки поединечно, од асоцијацаијта макам транс, велат доколку на состанкот на први септмеври не се доенсе преодно решение, на 14 ти е можен нов протест но на граничните премини... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00Во Кривичнииот суд почна судењето за поранешниот вицепремиер Артан Груби 11:16Денеска почнува судењето на Артан Груби: Можен ли е политички потрес?08:30Пожарите кај Бигла и Пехчево ставени под контрола, во гасењето вклучени над 300 луѓе20:30Од палење гуми во двор избил голем пожар кај делчевско Бигла19:15