Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
1Попов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решение
3Од сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случај
Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
2Ново кинеско електрично возило пристигнува во Европа: Дали „Volkswagen“ и „Renault“ имаат причина за загриженост?
БалканДвајца тинејџери од Загреб одат во затвор, зашто на улица претепале Индиец Поради напад од омраза врз 27-годишен странски работник од Индија на загрепската улица Ткалчиќева кон крајот на минатата недела, двајца 18-годишници ќе поминат по еден месец во затвор во Реметинац.Загрепската полиција во саботата ја заврши кривичната истрага против двајца 18-годишници и малолетник поради сомнение дека физички нападнале лица во Загреб, 27-годишен државјанин на Индија и 52-годишен државјанин на Хрватска, објави Индекс. Полицијата се сомнева дека на 22 август годинава околу 23 часот и 30 минути на улица „Ткалчиќева“ им пришле на 27-годишен државјанин на Индија и на 52-годишна хрватски државјанин и почнале вербално, а потоа и физички да ги напаѓаат, а кога 52-годишникот побарал на мобилниот телефон помош од полицијата, малолетниот напаѓач му го исфрлил мобилниот од рака. За тоа време, уште еден 18-годишен маж физички го нападнал индискиот државјанин, соборувајќи го на земја, а потоа сите тројца го удирале со клоци и удари по телото. На помош на нападнатиот дошле граѓани, а осомничените побегнале. Но, тие биле запрени и уапсени од полициски службеници и приведени. Алкотестот покажал дека кај 18-годишникот е потврдено присуство на алкохол во количина од 1,9 g/kg, кај малолетникот 1,57 g/kg и кај вториот 18-годишник 0,96 g/kg. Им била укажана лекарска помош при што било утврдено дека малолетникот и еден 18-годишник се со полесни повреди, додека другиот 18-годишник не е повреден. Исто така, се додава дека кај осомничениот 18-годишен е пронајдена најлонска кеса полна со зелена растителна материја со изглед и мирис карактеристични за марихуаната, со вкупна тежина од 11 g. Двајца 18-годишници се приведени во Општинското државно обвинителство, а малолетникот кај општинскиот обвинител за малолетници во Велика Горица. Полицијата потсетува дека законот за кривично дело од омраза предвидува затворска казна од шест месеци до пет години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПопов: Продолжувањето на дијалогот со Бугарија е позитивен чекор, но се уште не сме блиску до решениеДипломатските напори на владата и продолжувањето на дијалогот со Бугарија оценети како позитивен чекор од страна на МАНУ.Академик Живко Попов во обраќањето по повод денот на Македонската академија на науките и уметности порача дека во надминувањето на спорот со Бугарија потребно е да се вклучат и европските партнери. Тагови: МАНУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски и понуди на опозицијата да се вклучи во процесот околу дијалогот со БугаријаКаков е планот на Владата за деблокада на македонските евроинтеграции, кои се очекувањата и рокот кога Македонија ќе преземе следен чекор за излез од ќорсокакот- европската перспектива на државата во фокусот на опозициските пратенички прашања.Премиерот Мицкоски пред пратениците дециден дека ЕУ останува стратешка цел за Македонија и тука, како што рече, нема поместување ниту милиметар. Тој нагласи дека Владата ќе го продолжи дијалогот со Бугарија и понуди опозицијата да биде директно вклучена во процесот. Премиерот одговараше и на прашања за улогата на министрите Албанци во државното одлучување за националните прашања и македонскиот идентитет. Според Мицкоски наместо дел од пратениците од албанската опозиција да ја дефокусираат јавноста и да ги бранат ДУИ, треба да се извинат за грешките коишто ги направила претходната Влада за уставното име и францускиот предлог. Од Левица побараа одговори од премиерот за можен судир на интереси и поврзаност според нив на роднини на Мицкоски со бизнис фирми во Бугарија и финансиски интереси. Мицкоски ваквите наводи на Апасиев ги оцени како клевети и повика обвинувањата да се изнесат на прес конференција за да се соочат на суд. Меѓу темите на интерес на опозицијата беа и економијата, здравството и животната средина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд сообраќајна незгода со смртни последици до бегство во Бугарија- Ретроспектива на настаните поврзани со овој случајМногу контроверзи го пратат случајот со бегството на Ива Михаилова во Бугарија, кои отвораат редица дилеми.Околу нив но и околу ретроспективата на овој случај деталите ги има Михајло Видимлиски. Во видеото погледнете ја целата ретроспектива. -Случајот со 23 годишната Ива Михаилова од Кочани која поседува и македонско и бугарско државјанство отвори низа прашања околу тоа како лице обвинето за сообраќајна несреќа со смртни последици, на кое му биле определени мерки за обезбедување присуство, се нашло во друга држава и зошто институциите немаат евиденција за нејзиното преминување на границата? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook