Претседателот на Устевн,Костадиновски на работна средба со претседателот на турскиот Уставен суд, Озкаја
1Претседателот на Устевн,Костадиновски на работна средба со претседателот на турскиот Уставен суд, Озкаја
СветДвајца тинејџери нападнаа џамија во Сан Диего - петмина мртвиНајмалку три лица, вклучувајќи и еден обезбедувач, се убиени во пукотница во џамијата во Исламски центар во Сан Диего, во американската држава Калифорнија.Најмалку три лица, вклучувајќи и еден обезбедувач, се убиени во пукотница во џамијата во Исламски центар во Сан Диего, во американската држава Калифорнија, а двајца тинејџери, на возраст од 17 и 19 години, кои беа осомничени за нападот, извршиле самоубиство неколку блока од местото на злосторството, пренесуваат американските медиуми. „Немаше конкретна закана насочена кон Исламскиот центар во Сан Диего, но властите пронајдоа докази дека осомничените користеле говор на омраза“, рече началникот на полицијата во Сан Диего, Скот Вол, но одби да даде дополнителни детали, според АП. Пред нападот, полицајците веќе бараа еден од тинејџерите, бидејќи неговата мајка се јавила во полицијата загрижена дека нејзиниот син има самоубиствени намери. JUST IN: Police say three adults were killed at the Islamic Center, bringing the total number of fatalities to five. Law enforcement sources tell NBC News that two suspects were also shot and killed at the Islamic Center of San Diego in California. Multiple others were reported… pic.twitter.com/LbY50vq3XF — Donald J Trump Posts TruthSocial (@TruthTrumpPost) May 18, 2026 Додека полицајците продолжувале да ја испрашуваат мајката за тоа каде би можеле да бидат тинејџерите, стигнале извештаи за пукање во џамијата. Меѓу убиените бил и чувар на џамијата, за кого полицијата верува дека одиграл клучна улога во спречувањето на напаѓачите да извршат многу полошо злосторство.Тагови: САД џамија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПретседателот на Устевн,Костадиновски на работна средба со претседателот на турскиот Уставен суд, ОзкајаПретседателот на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Дарко Костадиновски, денеска во Анкара оствари работна средба со претседателот на Уставниот суд на Република Турција, Кадир Озкаја. Во фокусот на средбата беа разговорите посветени на натамошното унапредување на билатералната соработка и размената на искуства во областа на уставното судство. На средбата беше потврдена заедничката определба за продлабочување на институционалните односи меѓу двата уставни суда преку интензивирање на меѓусебната комуникација, размена на добри практики и организирање идни заеднички активности од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на претстојните активности во рамките на Балканскиот форум на уставни судови (BCCF), како и на можностите за понатамошна меѓународна афирмација на Форумот во пресрет на европските и светските конгреси на уставните судови. Претседателот Костадиновски го запозна претседателот Озкаја со актуелните предизвици со кои се соочува Уставниот суд на Република Македонија, како и со активностите што Судот ги презема за унапредување на транспарентноста, отвореноста кон јавноста и справувањето со дезинформациите, лажните вести и манипулациите поврзани со неговата работа. Воедно, претседателот Костадиновски изрази благодарност до Уставниот суд на Република Турција и до Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) за континуираната поддршка што ја обезбедуваат за Уставниот суд на Република Македонија. „Уставните судови, преку заемна соработка и размена на искуства, придонесуваат кон јакнењето на владеењето на правото, независноста на уставното судство и заштитата на уставните вредности. Искрено ја цениме подготвеноста на Уставниот суд на Република Турција за натамошно продлабочување на нашите односи и заедничко дејствување во рамките на меѓународните уставносудски иницијативи. Истовремено, за нас е особено значајно што имаме искрен партнер кој ја поддржува модернизацијата, транспарентноста и институционалниот развој на Уставниот суд“, изјави претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски. Средбата е дел од континуираните активности на Уставниот суд насочени кон зајакнување на меѓународната институционална соработка, унапредување на билатералните односи со сродните институции и афирмација на улогата на Уставниот суд на Република Северна Македонија на меѓународен план.Тагови: Уставниот суд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Одмазда за „рускиот Амазон“, силен напад врз КиевНајмалку едно лице загина, а 13 се повредени во рускиот напад со балистички ракети врз Киев и неговата околина што се случи ноќеска. Според првичните информации, кон главниот град на Украина биле истрелани 31 балистичка ракета и осум хиперсонични ракети „Циркон“. Првите експлозии во Киев одекнале околу 1:30 часот по локално време, а низ централна и источна Украина се огласија сирените за воздушна опасност. Нападите траеле до 2:38 часот. Украинските воздухопловни сили сè уште го немаат потврдено вкупниот број на ракети, но известија за неколку бранови на балистички ракети насочени кон Киев, почнувајќи од 1:24 часот. Kyiv has endured the largest attack since the start of the war Overnight, Russia launched 41 missiles and 125 drones at Ukraine, with the capital as the primary target. At least 15 people were injured and one person was killed. pic.twitter.com/iOAqd63UiI — NEXTA (@nexta_tv) July 19, 2026 Тагови: русија украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени 09:11Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09Министерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53
Над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош, Гостивар се справува со последиците од масовното труење 18:05
Гостивар се справува со последиците од масовното труење-над 1.500 лица за неколку дена побарале медицинска помош15:18
Николоски од Дебрца: Сите населени места од Струга, Дебрца и Охрид добиваат пристап на автопатот Охрид-Кичево14:09
МетеоУХМР: Сончево и многу топло, температура до 40 степени Денес според изветајот од УХМР времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook