Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во КБЦ во Загреб - Канал 5

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во КБЦ во Загреб

Градоначалникот нуди бесплатно сместување за родителите.

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во КБЦ во Загреб

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска.

Тихана Магдиќ Турковиќ, началник на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување на Клиниката за трауматологија, КБЦ, во изјава за ХРТ посочува дека кај нив биле донесени две момчиња, од кои едното е малолетно.

- Едно лице (16 години) има мали изгореници од приближно 10 проценти, без повреди при вдишување и не бара интензивно лекување. Другото лице (23 години) има изгореница од 10-15 проценти и има повреда при вдишување која бара интензивни мерки за лекување, изјави Магдиќ Турковиќ.

Засега не се констатирани дополнителни повреди кај пациентите.

- Во случајот со полесни изгореници пациентот ќе биде на опсервација. Ќе бара хируршки третман. Поголемата, посериозна повреда бара интензивни мерки за лекување, имајќи предвид дека се работи за повреда од вдишување, потребна е механичка вентилација, односно употреба на респиратор, инхалациона терапија, аналгоседација, рече докторката.

Таа додаде дека на пациентите со изгореници им треба повеќемесечно лекување.

- Трансплантацијата на ткиво е опција за третман на изгореници. Сè уште не сме во фаза кога можеме да процениме дали тоа ќе биде потребно или не. За неколку дена ќе ја процениме длабочината на изгореницата и ќе донесеме заклучоци, изјави д-р Магдиќ Турковиќ.

Клиниката, како што кажа таа, е подготвена да ги прими и останатите најавени пациенти како со медицински персонал, така и со потребната апаратура.

Примариус Драган Ѓурѓевиќ од Клиниката за трауматологија рече дека за среќа, помладиот пациент има полесни изгореници, додека кај вториот пациент примарен третман е изгореница на дишните патишта, односно изгореници на белите дробови и соодветно се очекуваат компликации поврзани со тоа. Се работи за изгореници по главата и горниот дел од телото.

Директорот на КБЦ Давор Вагиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Македонија. Информира дека министерката за здравство Ирена Хрстиќ утрото веќе била во болницата и дека сите активности се координирани од Министерството за здравство и Владата.

Тој посочи и дека во Клиниката за трауматологија на Република Хрватска има Центар за изгореници и дека таму работат најкомпетентните луѓе во земјава за лекување на изгореници, а имаат и банка за ткиво која е конкретно поврзана со лекување на изгореници.

Хрватската Влада информирала дека во текот на денешниот и утрешниот ден со хеликоптер на хрватската Армија ќе бидат превезени уште четворица пациенти, кои исто така ќе бидат згрижени во хрватските здравствени установи.

Градот Загреб нуди сместување на семејствата на пациентите кои треба да поминат месеци за лекување и закрепнување во Загреб.

- Како Град Загреб, контактиравме со Македонската амбасада и им понудивме на семејствата на повредените сместување додека се во Загреб, за време на лекувањето на нивните најблиски. Резервиравме сместување доколку им треба, ќе добиеме контакт од амбасадите доколку го примат. Сакавме да дадеме свој придонес од солидарност во трагедијата што ја зафати Македонија, изјави Томислав Томашевиќ, градоначалник на Загреб.

Во пожарот во Кочани загинаа 59 лица, а 155 се повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Снег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.

Балканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степени

Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград.

Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час.

Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина.

Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат...  

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“

Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година.

„Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“

Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер