Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
1Поповски: Да се изгради национален консензус за поврзување на уставните измени со временски дефинирани придобивки од ЕУ
2Кинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски бренд
БалканДвајца повредени од пожарот во Кочани пристигнале на лекување во ЗагребДве лица тешко повредени во пожарот во Кочани пристигнаа во Хрватска и се на лекување на Клиниката за трауматологија на болницата „Сестри на милосрдието“ во Загреб, соопшти денеска хрватската Влада.Се очекува денеска и утре хеликоптер на хрватската армија да превезе уште четири повредени лица кои ќе бидат згрижени во хрватските болници. Повикувајќи се на податоци од загрепската болница, хрватските медиуми јавуваат дека пациентите имаат изгореници и повреди при вдишување на респираторниот тракт, па им се обезбедени респиратори за механичка вентилација. За место на лекување е избрана Клиниката за трауматологија бидејќи има Оддел за изгореници, посебно одделение за изгореници со посебна операциона сала и одделение за интензивна нега.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Минијатурни бикини, градите и задникот во преден планЕдна од сестрите Кардашијан - Џенер, атрактивната Кајли моментално престојува на егзотичните острови Туркс и Кајкос, каде што го користи своето слободно време за одмор, релаксација и правење секси фотографии. Фотографиите од младата бизнисменка повторно привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но очигледно нејзе не ѝ пречат коментарите. Напротив, таа продолжува да споделува слики од својот одмор и ужива во секој момент. Кајли редовно ги информира своите следбеници за тоа како ги поминува деновите, па нејзините профили во последните денови се полни со фотографии од плажата и базенот. Кајли ги радува фановите со фотки во минијатурни бикини на кои во преден план се нејзините бујни облини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТенисФото: Рафаел Надал го прослави својот 40-ти роденден: Воодушеви со синовите и сопругатаЕден од најдобрите тенисери во историјата Рафаел Надал слави важна лична годишнина.Тенискиот шампион Рафа надал го прослави својот 40-ти роденден во интимна атмосфера со сопругата и нивните два мали сина, Рафаел Џуниор и Микел. Тениската легенда го одбележа својот 40-ти роденден со многу ретки фотографии со сопругата Марија Франциско Перело и нивните две мали деца. Рафаел зрачеше од среќа на прекрасна фотографија со своето семејство додека го прославуваа посебниот ден дома со чоколадна торта. Поранешниот тенисер, кој ги замагли лицата на своите деца, го држеше својот постар син, тригодишниот Рафаел Џуниор, во скут, додека неговата сопруга го држеше нивниот помлад син Микел во раце. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) На друга ретка фотографија, Надал позира со широка насмевка додека во рацете ги држи синовите пред декорација со балони подготвена за да го прослави неговиот 40-ти роденден. Тој исто така сподели трогателни видеа од неговите најблиски како ја пеат роденденската песна и го прегрнуваат. View this post on Instagram A post shared by Rafa Nadal (@rafaelnadal) „Ви благодарам на сите за желбите за роденденот. Беше многу посебен ден, опкружен со целото мое семејство“, напиша Надал под објавата. Инаку Рафа и убавата Франциска својата вфрска ја започнаа пред повеќе од две децении во 2005 година. За прв пат заедно се појавија на црвениот тепих во 2011 година. Двојката беше заедно 14 години пред свадбата, а судбоносното „да“ го кажаа во Шпанија во октомври 2019 година.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамКинеските електрични автомобили ја освојуваат Канада, но речиси сите носат знак на американски брендКанада ги отвори вратите за електрични автомобили произведени во Кина благодарение на нов трговски договор со кој значително се намалени увозните давачки.Наместо дополнителна царина од 100 проценти, возилата сега плаќаат само 6,1 процент, но со ограничување од 49.000 автомобили годишно. Во мај, во Канада беа увезени 2.910 електрични возила кои ги исполнуваа условите за преференцијална царинска стапка. Сепак, според достапните податоци, само 18 од автомобилите не беа модели на Tesla. Ова е теренецот Lotus Electra. Се верува дека најголемиот дел од увозот се автомобили „Тесла Модел 3“ произведени во фабриката во Шангај, кои компанијата ги извезува на канадскиот пазар. Другите кинески производители сè уште не започнале со испораки во значителни количини. Тоа наскоро би можело да се промени. Кинескиот гигант BYD планира да отвори до 20 продажни локации во Канада оваа година, додека „Чери“ го подготвува доаѓањето на брендот „Џаеку“. Групацијата „Гили“, која веќе ги контролира брендовите „Волво“, „Полестар“ и „Лотус“, планира понатамошно проширување преку лансирањето на брендот „Зикр“. Иако квотата има за цел да го поттикне доаѓањето на кинеските производители, засега „Тесла“ има најголема корист од новиот договор, кој го користи производствениот капацитет во Кина за снабдување на канадскиот пазар.Тагови: електричен автомобил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook