ЗдравјеДвајца пациенти од Штип и Кочани починаа во штипскиот Ковид центар Педесет болнички кревети се исполнети во штипското Инфективно одделение, а за 24 часа инфектолозите имале и 70 дневни прегледи.Портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска информира дека вчера имаат примено девет пациенти заразени со коронавирусот, а 37 се на кислородна поддршка. Во Кожното одделение се хоспитализирани шестмина пациенти, кои чекаат да заминат на домашно лекување. Двајца пациенти од Штип и Кочани на возраст од 66 и 46 години ја изгубија битката со вирусот во Ковид центарот. Во штипскиот вакцинален пункт трета доза досега примиле 1.650 граѓани, кои вообичаено биле имунизирани со кинеските вакцини. Дијана Коцева-Миланова координатор на вакциналниот пункт во ЈЗУ Здравствен дом „Панче Караѓозов"-Штип за МИА вели дека дневно за бустер дозата имаат од 200 до 300 пациенти, додека за прва доза дневно им се јавуваат над 20 граѓани. Коцева-Миланова информира дека утре вакциналниот пункт нема да биде отворен, со работа продолжуваат во понеделник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВодата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08Гостиварци се уште без вода за пиење, анализите продолжуваат15:21Седница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57
Царинска управа: На Табановце спречен обид за нелегален пренос на девизи - запленети 64 илјади евра09:08
МакедонијаМицкоски: Остварив тет-а-тет средба со премиерот на Србија, проф. д-р Ѓуро МацутОстварив тет-а-тет средба со премиерот на Република Србија, проф. д-р Ѓуро Мацут.Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави. Ја потврдивме заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Градскиот базен е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни споменЛето, сонце, вода и многу детски насмевки, токму така изгледаат деновите на Градскиот базен во Кавадарци.Градскиот базен секојдневно е исполнет со детска смеа, спортски дух и прекрасна енергија. Во овие топли летни денови, базенот е вистинско место за разладување, рекреација и уживање за сите генерации. Посебна радост носат најмладите, кои преку Школата за пливање ги прават своите први пливачки чекори, стекнуваат нови вештини, самодоверба и љубов кон спортот. Секој ден е исполнет со активност, дружење и насмевки што ја покажуваат вистинската вредност на овој современ спортско-рекреативен простор. Инвестицијата во овој базен е инвестиција во здравјето, спортот и иднината на нашите деца. Денес, овој модерен објект е гордост на Кавадарци и место каде се создаваат најубавите летни спомени, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаРусија ја продолжи забраната за извоз на гориво Русија ја продолжи забраната за извоз на дизел за производителите до крајот на август, што укажува дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар до крајот на сезоната на жетва.На крајот на јануари, владата им забрани на трговците да извезуваат дизел, а пред две недели ја продолжи забраната за производителите до крајот на јули, нагласувајќи дека нејзин приоритет е снабдување на домашниот пазар во време на жетва, со намалени капацитети за преработка поради украинските напади. Вчера тие ја продолжија забраната за извоз за производителите до крајот на август. Испораките на морски горива и гасно масло се забранети, исто така до крајот на летото. Забраната за извоз на бензин ќе важи до крајот на јануари следната година. Вчера владата објави и посебна регулатива за дополнителни количини гориво за земјоделците. Специјални договори за земјоделците „За таа цел, одобрена е привремена постапка, која ќе биде во сила до 1 ноември, за договори меѓу Министерството за енергетика, Министерството за земјоделство, регионалните власти и нафтените компании за снабдување со бензин и дизел гориво на земјоделските производители“, објави владата. Овие договори ќе обезбедат редовно снабдување со гориво за земјоделските компании, што е особено важно за време на сезонската работа во земјоделството, додадоа тие. Руската влада, пак, објави посебен декрет. Бензинот и дизел горивото ќе продолжат да се снабдуваат како дел од меѓународната хуманитарна помош за странски земји врз основа на одлуките на руската влада, се вели во соопштението. Извозот е дозволен според меѓувладини договори Новиот декрет, исто така, им овозможува на производителите да ги извезуваат овие нафтени производи според меѓувладини договори. Москва досега склучила вакви договори со членовите на Евроазиската економска унија - Белорусија, Киргистан, Казахстан и Ерменија - како и со Монголија и Узбекистан. Киргистан се согласи со Русија да испорачува 100.000 тони гориво месечно до крајот на годината, објави Ројтерс во петокот извештаи од киргистанските медиуми, кои се повикуваат на зборовите на првиот заменик-премиер Данијар Амангелдиев. На почетокот на јуни, Русија, исто така, го забрани извозот на керозин до крајот на ноември оваа година.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook