Двајца кандидати за в.д градоначалник на Кочани, на седницата на Советот дадена пауза - Канал 5

Двајца кандидати за в.д градоначалник на Кочани, на седницата на Советот дадена пауза

Двајца кандидати за в.д градоначалник на Кочани, на седницата на Советот дадена едночасовна пауза.

Двајца кандидати за в.д градоначалник на Кочани, на седницата на Советот дадена пауза

Советот на Општина Кочани денеска ја одржува 62. седница на која единствена точка на дневен ред е избор на в.д. градоначалник по оставката на градоначалникот Љупчо Папазов, кој е еден од осомничените за пожарот во дискотеката „Пулс“ во која животот го загубија 61 лице, а околу 200 се повредени. Кандидатура за в.д градоначалник на седницата поднесе советникот Венко Крстевски, избран од група избирачи, додека од ВМРО-ДПМНЕ беше предложен координаторот на советничката група Гоце Марков.

Кандидатите за в.д. градоначалник имаа кратки образложенија на своите кандидатури, по што на седницата беа изнесени низа лични дискредитации и навреди за и меѓу предложените кандидати. Поради тоа претседателот на Советот Лазо Митев даде едночасовна пауза.

Кристина Атанасова Арсова, советничка од ВМРО ДПМНЕ, пак, на седницата јавно ја предаде својата оставка на функцијата. Образложи дека неприфаќа вакво политичко препукување особено што и самата е засегната бидејќи нејзиното дете е едно од повредените во пожарот во дискотеката Пулс.

Во Советот на Општина Кочани има 19 членови, од кои девет се од ВМРО-ДПМНЕ, осум од СДСМ, еден независен и еден од Левица.

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, би можел да ја преземе функцијата менаџер на Рома, пишува „Sky Sport“.

Фабрегас би можел да ја преземе Рома

Управата на „Римската волчица“ го вклучила 37-годишниот Шпанец во потесниот круг на можни замени за Клаудио Раниери, кој ќе работи со тимот до крајот на сезоната.

За место во Рома се борат и поранешниот тренер на Милан, Стефано Пиоли, Франческо Фариоли (Ајакс) и Патрик Виеира (Џенова).

Фабрегас е на чело на Комо од летото 2024. Под негово водство дебитантот во Серија А се наоѓа на 11. место во поредокот со 42 бода по 34 кола.

Рома со 60 освоени бода во моментов е на шестата позиција во Италијанското фудбалско првенство. /МИА

„Женкар” заврши со снимање и емитување во Турција!

Излегоа и првите информации за заработката на продукцијата од целиот проект.

„Женкар” заврши со снимање и емитување во Турција!

Приказната за „Златното момче” и официјално е завршена, последната епизода од серијата, премиерно во Турција се емитуваше на 04.04.2025 г. а како завршува нашата омилена серија, ние ќе дознаеме кон крајот на мај.

Целиот проект оствари значаен комерцијален успех, како на домашниот така и на меѓународниот пазар.

Продукциската куќа, од емитување на 37 епизоди од серијата, заработи просечен приход од околу 2,2 милиона долари. Од меѓународна продажба серијата постигна рекордни цифри од околу 600 000 долари по епизода, додека пак од официјалниот You Tube канал имаат просечна, месечна заработка од 49 100 долари и вкупен број на прегледи кој надминува 5,1 милијарди.

Според овие податоци „Женкар” е една од најуспешните турски, серии во изминативе години, со силно прсуство и влијание како на телевизијата така и на дигиталните платформи.

Се ближи денот за збогување со нашите омилени ликови кои го освоија светот, не ги пропуштајте новите епизоди од „Женкар”, ќе се отворат многу врати, ќе се откријат многу тајни, многу од нашите драги ликови ќе си го покажат вистинското лице и најважно од сè, ќе дознаете како ќе заврши љубовната пиказна на Ферит и Сејран.

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

За влез во природа, паричен надомест. Од 2 мај, Националниот парк „Шар Планина“ започнува со систем за наплата на влез на моторни возила на територијата на паркот.

Од 2 мај ќе се наплаќа за влез со кола во националниот парк „Шар Планина“

Доколку возите автомобил или мотор, ќе треба да платите 150 денари. 100 денари повеќе ќе ги чини превозниците на комбиња или минибуси до 20 седишта, додека пак 450 денари ќе треба да платат автобусите и тешките моторни возила. Оваа цена како што соопштија од паркот, ќе важи за цел ден.

Ослободени од наплата пак, ќе бидат жителите на селата во рамките на паркот, сопствениците на приватни имоти и хотелски објекти.

Системот за наплата како што велат од паркот, ќе се развива во неколку фази, а првично истиот ќе важи само за недопрените предели на Шара. Туристите пак, кои одат до Попова Шапка, засега не се обврзани да платат влез.

Една од најголемите причини за воведувањето на наплата во паркот се возачите на четирицикли, кои во неколку наврати ги уништуваа патеките низ планината. Пред неколку дена, вработени во Националниот парк поставија дрвена заштита со цел да се спречи движењето на четирициклите над селото Бозовце.

YouTube video

притисни ентер