Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
2Ангелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупување
СветДваесетина Германци, поранешни борци на Исламската држава се префрлени во ИракОколу дваесетина мажи поврзани со Германија се меѓу илјадниците поранешни борци на Исламската држава кои американската војска ги префрли од Сирија во Ирак, дознава ДПА.САД префрлија 5.700 машки борци во ирачки објекти за притвор за време на 23-дневната операција која заврши минатата недела, соопшти војската. Повеќето од оние со германски врски се германски државјани, но меѓу нив има и странски државјани кои биле со престојувалиште во Германија пред да се приклучат на терористичката милиција. Трансферите се случија во контекст на зголемените тензии меѓу сириското раководство во Дамаск и Сириските демократски сили (СДФ) предводени од Курдите, кои одиграа клучна улога, со поддршка на САД, во територијалниот пораз на Исламската држава. Во текот на изминатите години, илјадници борци и нивни роднини беа држени во затвори и кампови управувани од СДФ во североисточна Сирија, каде курдската администрација воспостави самоуправа. Меѓутоа, во последните недели, силите на СДФ се под зголемен притисок од владата на привремениот претседател Ахмед ал-Шара и дојде до судири меѓу двете страни. Во некои области, курдските сили наводно се повлекле од своите позиции, што предизвика загриженост за безбедноста на затворите. Ирачкиот премиер Мохамед Шиа ал-Судани ги повика државите од Европската Унија да ги репатрираат сите свои државјани кои се меѓу заробените борци и да ги процесуираат во нивните матични земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМЕРМС организира свеченост по повод денот на рударитеПо повод денот на рударите, во организација на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини денеска ќе бидат доделени пофалници и признанија на најуспешните рудари за нивниот ангажман, посветеност и придонес во текот на 2025/2026 год.Со овој настан, како што нагласуваат од ресорното министерство се оддава признание на трудот и посветеноста на рударите, како и на нивната значајна улога во развојот на рударскиот сектор и економијата.Тагови: Денот на македонските рудари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАнгелов: Изгаснат е пожарот кој излезе надвор од кавадаречката депонија, интезивно се работи на затрупувањеВо изминатото деноноќие на територијата на државата регистрирани биле вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои, како што соопштија од Центарот за управување со кризи, три се се уште активни, четири се под контрола, а 24 се изгПожарот кој вчера избувна на кавадаречката депонија и набрзо се проширил и надвор од неа, доцна синоќа како што соопшти првиот човек на Дирекција за заштита и спасување Стојанче Англеов, бил делумно изгаснат и започнало затрупување на депонијата за да се запре чадењето. Градоначалникот на кавадарци Митко Јанчев на социјалните мрежи напиша дека пожарот, според нивните првични сознанија и начинот на неговото избивање покажува индиции дека е подметнат и ги повика надлежните да го истражат случајот до крај. А доцна синоќа изгаснат бил и пожарот помеѓу Горно и Долно Чичево во Општина Градско.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-БлацеМицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце. За изградбата на автопатот пред околу еден месец во владата договор потпишаа ЈП Државни патишта и Европската банка за обнова и развој, а целта е државава да ја искористи својата стратешка геоположба како раскрсница на два важни европски коридори - 8 и 10 , што е особено значајно за развојот на македонската економија – потенцираа тогаш од владата. Автопатот ќе го гради компанијата Гранит со рок на комплетирање од четири години, а финсиските средства доаѓаат од инвестициската рамка на ЕУ и ЕБОР. Автопатот е со должина од 10,5 километри. Делницата треба да се спои со веќе изградените 1,5 километри од автопатот Скопје-Блаце во близина на граничниот премин Блаце.Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на поставување на камен темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце09:00Општина Пехчево ја отфрли иницијативата за изградба на дата-центар15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани10:41Средба на министерот Муцунски со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саар09:29Случајот„Државна Лотарија“влезе во судница: Груби и уште седуммина на обвинителна клупа15:00