3Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветДваесет и три индонезиски војници загинаа при лизгање на земјиштетоЗагинаа 23 војници кои беа заробени во свлечиште во западниот дел на индонезискиот остров Јава, соопшти портпаролот на индонезиската морнарица.Уште 42 лица се водат како исчезнати при лизгање на земјиштето. Војниците на 24 јануари извршувале воена вежба во селото Пасир Бара, кое претходниот ден било погодено од обилен дожд, што предизвикал лизгање на земјиштето. Според индонезиската морнарица, инцидентот се случи поради екстремните временски услови со обилни дождови, кои предизвикаа свлечиште на местото на обуката. Во спасувачката мисија учествуваат 800 спасувачи и припадници на полицијата и армијата, кои трагаат по исчезнатите. Инцидентот се случи два месеца откако во поплавите и свлечиштата на островот Суматра загинаа 1.200 луѓе. Тагови: индонезија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоБалканот зафатен од снег и ветер, во Македонија наредните денови и до -14 степениСнег паѓа денеска во повеќе земји од Балканот, а во делови од регионот има и силен ветер, јавуваат локалните медиуми.Српската престолнина Белград и околината денеска побелеа од снегот. Српските власти ги предупредија возачите да ја намалат брзината на меѓуградските патишта во околината на Белград. Снег паѓа и во Хрватска – во Загреб и централниот дел на земјата, како и во областите Подравина и Славонија. Во делови од Хрватска се издадени жолт, портокалов и црвен метеоролошки аларм поради силен ветер. На одредени места се очекуваат налети на ветерот до 165 километри на час. Снег и дожд денеска паѓаат и во Босна и Херцеговина. Во Македонија денеска е облачно со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот се очекува и снег. За наредните денови синоптичарите прогнозираат стабилно и многу студено. В понеделник минималните температури ќе се спуштат до -7 степени, додека во вторник и во среда на места ќе достигнат и до -14 степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАлбанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независностаАлбанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег... Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаатМинистерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат... Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното. „Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“ Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година. „Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“ Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31