Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила - Канал 5

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

24 години од заседата кај месноста Љуботенски бачила,  во која животот го загубија осум македонски бранители - повторно се разбудија болните сеќавања.

Дваесет и четири години од загинувањето на бранителите кај месноста Љуботенски бачила

Пред споменикот во селото Љубанци, недалеку од местото на нивната трагична смрт, се одржа панихида, се интонираше македонската химна а свежо цвеќе положија нивните семејства, преживеаните соборци, граѓани како и делегации и претставници од државни институции

Болката и тагата се исти и по 24 години, кога наместо Ивица кој го чекавме да си дојде дома, ние ги добивме најстрашните вести – раскажува семејството на Златевски, кој својот живот во заседата го губи на само 23 години.

- Само мајка знае како го пречекала, како го испратила...Мајка златна знае за него..И јас да ја известам фамилијата дека загинал..друго не можам.- Благица Златевска

- Тој ден не се опишува затоа што ние си го чекавме Ивица дома... И пак го чекаме уште да дојде.. јас 24 години уште го чекам да дојде детето... Како се случи тоа? На враќање да си дојде дома да се случи таква трагедија. Има секакви шпекулации во тој период меѓутоа тогаш немавме кому да се обратиме. - Дијана Златевска

Семејството Златевски со порака – државата да не оддава почит само пред спомениците, туку и пред семејствата со носење на Законот за бранителите.

- Гледаме само нови лица, односно промена на многу влади, меѓутоа искрено за семејството Златевски до сега не е применет ниту првиот Закон за заштита на бранителите, а овој вториот знаете самите дека се уште дали немаат сила дали не сакаат или се прават опстукции тоа тие самите знаат. Ние ќе чувствуваме болка, тоа нема со ништо да се врати меѓутоа сепак ако сме систем ако сме држава нека одадат почит онака како што треба – грижа за семејствата на бранителите. - Дијана Златевска

Државата не смее да ги заборави семејствата на оние кои ја понеле најголемата жртва за Македонија - вели претседателот на Демократски сојуз и поранешен министер за внатешни работи Павле Трајанов. Според него потребно е политичките партии да седнат на маса и што поскоро и да ги решат отворените прашања околу Законот за бранителите, а секој оној кој направил злосторство да одговара.

- Мислам дека треба да се направи една средба во парламентот да се договорат партиите на каков начин овие отворени прашања за кои што зборуваат припадниците на вооружените сили дека треба да се разрешат. Согласно Женевските конвенции тие што направија злосторства посебно четирите Хашки случаи да се процесуираат и да се одпочне постапка против сите тие што направија злосторства против човештвото. Друга работа, во никој случај не може да се изедначат бранителите на државата со тие што пукаа во срцето на Македонија да имаат исти третман. - Павле Трајанов - Претседател на демократски сојуз

Во заседата кај љуботѕенски бачила животот го загубија воените резервисти Бранко Јанев, Томе Димоски, Гоце Чанкуловски, Томислав Настески, Раде Јанковски, Ивица Златевски, Томе Бадарев и Марјанчо Бошковски.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

Снимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели.

Новата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираат

На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил.

За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“.

Фановите се прашуваат дали сè е во ред

„Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“.

Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици.

„Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?

„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?

„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет.

Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“.

Што го предизвика тоа?

„Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување.

Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура.

Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки.

„Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот.

Кој беше засегнат?

Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот.

Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта.

Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции.

Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Француската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.

Франција на нозе: 200.000 луѓе на улиците

Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците.

22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“.

Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти.

Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот.

Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите.

Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата.

Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер