Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
1Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)
2Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција
3Демократска сенаторка на 82 годишна возраст раководела со мрежа на трговци со дрога, се огласи и ФБИ
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
2Во недела го поместуваме часовникот- аналитичарите откриле нешто неверојатно што се случува во повеќето домови
Други спортовиДва златни два сребрени и еден бронзен медал од „Кроација опен” за каратистите на МакпетролИзминатиов викенд во Самобор, Хрватска се одржа најмасовниот и најквалитетниот Меѓународен карате турнир ,,Гранд при Кроација“.На турнирот учествуваа 1800 каратисти од 25 држави, односно 292 клуба. Тренерот на Макпетрол Петар Заборски изјави:- Задоволни сме од настапот на нашите каратисти на овој турнир. Макпетрол на турнирот настапи со вкупно 10 каратисти. Репрезентативците Петар Заборски, Петар Спасеновски и Глигор Петков настапија на ревијалниот турнир во сениорска конкуренција, во апсолутна категорија. Тројцата наши сениори имаа по неколку победи и задоволни сме и од нивниот настап. Турнирот претставува главна контрола за возрасните категории на кадети, јуниори и постари јуниори (У21). Терминот за одржување на овој турнир секогаш е непосредно пред терминот за официјалното европско првенство за овие возрасни категории. Па од таа причина најголем број на национални репрезентации, последните свои проверки ги прават на овој натпревар, оваа година учествуваа национални тимови од 25 (дваесет и пет) држави. Планот за учество на младинскиот тим на Макпетрол на овој силен турнир, беше да се направи контрола на спортската форма на репрезентативците кои треба да настапат на европското првенство во Ларнака, Кипар од 03-05 Фебруари.2023 година. Резултатите кои се постигнати со освоените пет медали од кои 2 (два) златни и 2 (два) сребрени, и 1 (еден) бронзен медал, говорат дека во моментов Макпетрол располага со квалитетни млади каратисти. Завршен цитат. Уште на самиот старт Светските актуелни вицешампиони Витомир Трајковски -84 кг и Стефан Стојановиќ + 84 кг, успеаја да влезат во финалните борби во своите категории. Витомир Трајковски со пет последователни победи го освои златниот медал додека пак Стефан Стојанович освои сребрен медал. Во истата возрасна категорија постари јуниори Викторија Јовановска -61 кг , го освои бронзениот медал. Успешниот настап на самиот почеток на натпреварите на нашиот шампион Витомир Трајковски, наговести дека Макпетрол повторно ќе биде најуспешен тим и на овој турнир, Витомир со пет победи, успеа да го освои Златниот медал на овој престижен карате турнир Резултати У-21: -84 кг Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0 Витомир Трајковски – Сотипос Трагас од Грција 2-0 Витомир Трајковски- Антонио Мартиќ (Хрватска) 2-0 Витомир Трајковски – Јакуб Полијак (Словачка) 1-0 Финале Витомир Трајковски – Андреј Ангеловски 3-0+84 кг Витомир Трајковски -84 кг Златен медал Потоа следеа елиминациските борби на Стефан Стојановиќ , и тој потврди дека е во добра форма пред европското превнство. Успеа да го освои сребрениот медал во категоријата над 84 килограми во У-21. Каратистот на Макпетрол извојува четири победа за сребрениот медал. Стефан Стојановиќ – Урош Миркуљевиќ (Словенија) 10-0 Стефан Стојановиќ – Лука Квесиќ (Хравтска) 3-0 Стефан Стојановиќ – Дарио Глухиниќ (Хрватска) 1-1 Финале Стефан Стојановиќ – Сандро Кресиќ (БиХ) 0-4 Нашата преставничка во највозрасната категорија У21, Викторија Јовановска постара јуниорка - 61 кг, (У21), успеа да освои бронзен медал Викторија Јовановска – Емина Шиповиќ (БиХ) 3-7 Репасаж Викторија Јовановска – Лаура Лисац (Хрватска) 1-0 За бронза Викторија Јовановска – Марина Куртеш (БиХ) 8-2 Потоа следеа одличните преставувања и уште едно финале за јуниорката Јована Мицовска -59 кг, таа со одлично прикажани борби стигнаа до Златниот медал на Гранд при Кроација, Додека пак Димитар Лозановски исто така успеа да влезе во финалето и да го освои сребрениот медал. Резултати – јуниори -ки Јована Мицовска јуниорка -59кг Златен медал -59 кг – златен Јована Мицовска – Ирене Муртано (Италија) 1-0 Јована Мицовска – Бланка Полоњова (Словачка) 0-0 Јована Мицовска – Емануела Коцкаревиќ (Хрватска) 3-0 Јована Мицовска – Дарја Шнајдер (Хрватска) 2-0 Финале Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-1 -75 кг – сребрен Димитар Лозановски – Тео Црногај (Хрватска) 3-2 Димитар Лозановски – Фарис Синановиќ (БиХ) 4-1 Димитар Лозановски – Цене Божиќ (Словенија) 4-1 Димитар Лозановски – Тома Милета (Хрватска) 2-1 Финале Димитар Лозановски – Марио Јануци (Италија) 1-5Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаАнгела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“. Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа. „Љубезна, топла и пристапна“ Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка. „Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот. Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа. Локални специјалитети во кошничката Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда. Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија. По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.Тагови: Ангела Меркел супермаркет Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаДанска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва. Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната. „Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите. Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“. „Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата. Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва. Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина. Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL). Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.Тагови: Данска ракети Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСидни Свини повторно провоцира- во новата објава се бричи, но никој не ја гледа во лицето (ВИДЕО)Актерката Сидни Свини објави нова фотографија на која се бричи лицето додека носи тесен градник. Фотографијата е дел од промоцијата на новата празнична колекција на нејзиниот бренд за долна облека Syrn, за кој таа е и главен модел. Нова кампања за долна облека Во четврток, официјалниот Инстаграм профил на брендот објави неколку фотографии од 29-годишната актерка облечена во темно син градник кој ги нагласува нејзините облини. Ѕвездата од серијата „Еуфорија“ позира пред огледалото во бањата. Со градникот, таа комбинираше краток раскопчан џемпер и црни хулахопки, а нејзината долга руса коса беше стилизирана во лабави бранови. На една од сликите, Сидни влече брич преку лицето покриено со пена за бричење. На друга фотографија се гледа ѕвездата од „Домашната помошничка“ како го исплазува јазикот додека прави селфи во огледалото. Третата е полароид на која актерката од „Само не ти“ се смее со раката на колкот и го покажува својот рамен стомак. View this post on Instagram A post shared by SYRN by Sydney Sweeney (@syrn) Трансформација во празнични ликови Описот на објавата го најави објавувањето на нови парчиња од празничната колекција на 27 октомври. Во среда, Свини ги воодушеви обожавателите објавувајќи промотивно видео за своите производи. View this post on Instagram A post shared by Sydney Sweeney (@sydney_sweeney) Таа сподели видео на Инстаграм на кое се трансформира во смели верзии на ликовите од иконските празнични филмови, носејќи нови парчиња од нејзината колекција. Сидни го пресоздаде препознатливиот стил на Синди Лу Ху со висока плетенка, додека носеше црвено-бели карирани пижами. Таа, исто така, позираше во црна долна облека со кожни ракавици, права коса и тешка шминка, потсетувајќи ја на Сали од филмот „Кошмарот пред Божиќ“. Дополнително, Сидни се појавува во тесна црвена долна облека која изгледа како да е завиткана во машна и светло син чипкаст ансамбл. Снимање во Њујорк Сидни неодамна пристигна во Њујорк за да започне со снимањето на продолжението на „Тајната на слугинката“. Минатата недела, таа објави видео на Инстаграм во кое ја открива импресивната екипа. Во филмот глумат Кирстен Данст, Стивен Калин, Мишел Морон, Пол Ентони Кели и Британи Сноу. Русокосата актерка глумеше и во првиот дел, базиран на бестселерот на Фрида Мекфаден од 2022 година, заедно со Аманда Сејфрид и Брендон Скленар. На патувањето во Њујорк ѝ се придружи и нејзиното момче Скутер Браун, со кого беше забележана во градот претходно оваа недела.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook