Два услова на ДУИ за избори – да не се загрози здравјето на граѓаните и да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР

Ставот на ДУИ во врска со изборите е дека треба да се исполнат два критериуми за одржување на избори. 

Односно, изборите би можеле да се одржат било кога, доколку се исполнат два услова – едниот е Комисијата за заразни болести да каже дека таков процес нема да загрози здравје на граѓаните и второ – ОБСЕ/ОДИХР да констатира дека можат да ги следат изборите,изјави денеска на прес-конференција вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Рече дека вториот услов бил споменат и по вчерашната комуникација со телата на ЕУ, кои, како што посочи Османи, сметаат дека одлуката за избори е наша, меѓутоа е многу важно да има набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР во изборниот процес.

– Тоа значи дека доколку овие два услови се исполнуваат, ако Комисијата каже дека нема ризик за здравјето на луѓето да гласаат да се организираат, и набљудувачите да констатираат дека можат да дојдат да ги следат изборите, ние сме на став дека изборите можат било кога да се одржат, рече Османи.

Според него, за да се одржат изборите, треба да се направи анализа врз основа на постоечките параметри, врз основа на еден тренд.

– Затоа на пример, и мерките на олеснување не ги даваме денеска ги планираме во петок, за да имаме една недела тренд. Кога ќе треба да се донесе одлуката за избори, Комисијата треба стручно да го види трендот, бидејќи трендот ја покажува проекцијата за наредниот период, какви ќе бидат наредните десет или дваесет дена, оцени вицепремиерот Османи. /МИА

Маричиќ: Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ

ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и кандидатот за пратеник Бојан Маричиќ во својата изјава за медиуми посочи дека СДСМ е најсериозната и единствената политичка опција во Македонија која може да обезбеди продолжување на преговорите со ЕУ.

Во продолжение проследете ја изјавата:

"Со отворање на поглавјата, со сплотеност и со дисциплина за реформите, влегуваме во финиш на промените кои ни носат европски стандарди и европски квалитет на живот. Преговорите ни носат задолжително реформирање на јавната администрација и подобрување на стручноста на државните службеници.

Стабилен и доверлив судски систем, заштита на човековите права и борба против корупција. Ова ќе го обезбедиме низ преговорите, со помош од ЕУ. Со отворање на поглавјата се отвораат и нови фондови на ЕУ за подобрување на нашиот живот. Фондови за економски мерки, за земјоделство, за инфраструктура, за животна средина, за култура, за образование, за млади и уште многу повеќе.

До крајот на 2025 година очекувам за македонското општество, за граѓаните и за државата, да искористиме околу 500 милиони евра од ИПА2 и уште 200 до 300 милиони евра од ИПА3, пари доделени од Европската Унија.

За македонските земјоделци имаме над 210 милиони евра годишен од ИПАРД 3 за следните четири години.

Сега зависи само од нас. Сега е потребно да дадеме глас ЗА продолжување на преговорите со ЕУ, ЗА реформи, ЗА европски фондови, ЗА европска иднина на Македонија." - изјави Маричиќ.

Стоилковски: Дали предметот на ЈО е одговорот како Каевски стекна стан и 4 милиони во банка?

Дарко Каевски ниту еднаш не одговори во јавност,како со првото вработување, како партиски подмладок за директор на АМС, на 30 години набилда четири милиони во банка и сопствен стан?

СДС ниту еднаш не објасни како дојде до концептот голтари влезени во политиката, а потоа милионери.

Почитувани, одговорот можеби е во предметот на ЈО.

Предметот на ЈО за работата на Дарко Каевски како директор на АМС можеби е и поттикот тој толку ревносно да настапува против членови и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, најгласен во нападите и ширењето дезинформациите, но можеби е и причина за неговиот рапиден раст во СДС, до пратеник и портпарол.

Отпочната е постапка за сомневања за противзаконско работење и злоупотреба, дека спортските федерации, клубовите и спортистите добивале ваучери, а одредена фирма ги реализирала под услов дел од парите потоа да ги добие назад преку даночно ослободување.

Почитувани, Македонија тоне во корупција и криминал, тоне во партизација, ликови како Дарко Каевски стануваат милионери, а неговите врсници се иселуваат од татковината.

Почитувани, со вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ на изборите, ќе гласате ваквите ликови како Зоран Заев, Ковачевски, Венко Филипче, и нивните наследници како Дарко Каевски, да им биде испитан имотот и да одговораат за евентуални злоупотреби.

Промените се во Твои раце, Македонија повторно твоја!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

До 2030 година Албанија со четири аеродроми

Албанската министерка за туризам и животна средина, Мирела Кумбаро изјави дека до 2030 година  Албанија ќе има четири аеродроми, објави Албанската радио и телевизија.

На веќе постоечките аеродроми во главниот град Тирана и северниот град Кукс, аеродромите во крајбрежниот град Валона, југозападна Албанија и во јужниот град Ѓирокастро, ќе бидат додадени до 2030 година.

Во интервјуто Кумбаро додаде дека до 2030 година меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ во Тирана ќе започне со прекуокеански летови.

Таа е оптимист дека во 2030 година во земјата ќе престојуваат 30 милиони туристи. /МИА

притисни ентер