Два смртни случаи со грип, бројот на заболени во државава сѐ уште во пораст - Канал 5

Два смртни случаи со грип, бројот на заболени во државава сѐ уште во пораст

 Во текот на петта недела од 2025 година, од 27 јануари до 2 февруари, пријавени се 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип и слични заболувања. 

Два смртни случаи со грип, бројот на заболени во државава сѐ уште во пораст

Евидентирани се два смртни случаи асоцирани со грип. Во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе и во Струмица има многу висока активност на вирусот на грип, информираат попладнево од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Пријавените 3.036 случаи се за 61,7 проценти повеќе во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со петта недела од минатата сезона, е зголемен за 83,7 отсто. Во споредба со бројот за петта недела од типичната епидемиска крива - моделирана од последните 14 сезони, зголемен е за 35,4 проценти.

Од новите случаи, во однос на возрасната дистрибуција, 1.650 лица се на возраст од 15 до 64 години. Деца на возраст од пет до 14 години се 720, а 412 се до четири години. Вирусот е регистриран кај 254 лица на возраст над 65 години.

Заболените се пријавени од 29 ЦЈЗ/ПЕ, Скопје - 978, Кавадарци - 327, Струмица - 320, Куманово - 168, Охрид - 156, Битола - 143, Штип - 103, а во останатите, бројот на заболени е помал или еднаков на сто. Во четири извештајни единици што пријавиле случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во шест - сезонска, во девет - средна, во пет - висока, а во Ресен, Кавадарци, Кратово, Свети Николе, Струмица - многу висока активност на вирусот на грип, покажуваат податоците на ИЈЗ.

Во текот на оваа недела, пријавени се два смртни случаи асоцирани со грип. Се работи за лица на возраст од 59 до 77 години од Скопје и Свети Николе, кои биле хоспитализирано во КИБФС и КБ - Штип.

- Кај починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza A - несубтипизиран, појаснуваат од ИЈЗ.

Од сентинел местата што учествуваат, во петта недела пријавени се вкупно 73 САРИ случаи, од сентинел САРИ местата во Скопје - УК за детски болести и УК за респираторни заболувања кај деца - Козле и Штип. Најголем број на САРИ случаи се пријавени од Клиниката за детски болести - Скопје. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години.

- Во оваа недела, вкупен број на приеми во сентинел местата е 183, а едно дете од Клиника за детски болести е примено на интензивна нега. Од сите приеми, 39,9 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување се бележи кај возрасната група од 15 до 29 години, информираат од ИЈЗ.

Во сезоната 2024/2025, вкупниот број случаи на грип - заболувања слични на грипот изнесува 8.734, според податоците на ИЈЗ.

Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 0,8 отсто, а во однос на моделот од последните 14 сезони, се регистрира зголемување од 11,9 проценти.

- Сентинел надзорот се спроведува како дополнување на редовниот систем за надзор над грип и Ковид-19 во Република Северна Македонија, со цел да се добијат подетални информации во однос на инциденца, интензитет, тип на вируси кои циркулираат и за имплементација на навремени превентивни мерки. Сентинел САРИ (сериозни акутни респираторни инфекции) надзорот се спроведува во шест надзорни болници, пет во Скопје (УК за инфективни болести и фебрилни состојби, УК за детски болести, УК за Пулмоалергологија, ГОБ „8 Септември“ и УК за респираторни заболувања кај деца - Козле) и една во Штип (КБ - Штип). Дефиницијата за случај на САРИ според која се спроведува надзорот е усогласена со дефиницијата на случај на СЗО од 2014 година. Кумулативно, од сентинел местата кои учествуваат, пријавени се вкупно 532 САРИ случаи, од кои 12 лица се пријавени на интензивна нега. Најголем број на САРИ случаи, се пријавени од надзорното место УК за детски болести. Во однос на возрасната дистрибуција, најголем број на САРИ случаи се пријавени од возрасната група до четири години. Кумулативно, вкупен број на приеми во сентинел местата е 4.085. Од сите приеми, 13,0 отсто се должат на САРИ. Најголемо оптоварување од 15,8 проценти се бележи кај возрасната група од 30 до 64 години. Во текот на сезоната 2024-2025 пријавен е еден смртен случај од САРИ местото од Штип (КБ - Штип), на возраст од 30 до 64 години, невакциниран, со коморбидитети. Починатото лице е тестирано позитивно на Influenza A(H1)pdm09, појаснуваат од ИЈЗ.

Од Институтот потсетуваат дека вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од грипот. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на таканаречените ризични групи, согласно препораките на СЗО: постарите лица - над 65 години, деца на возраст од шест до 59 месеци, лица постари од шест месеци со хронични болести, бремени жени, здравствени работници.

Заклучно со петта недела, во државава вакцинирани се вкупно 72.373 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Една смела двојка се искачи на врвот на зградата „Емпаер стејт билдинг“ и развиори транспарент на врвот од нејзината кула во среда попладне.

Запросување на врвот на Емпаер Стејт Билдинг (ВИДЕО)

Анџела Николау и Иван Беркус, кои стекнаа онлајн следбеници поради нивните искачувања на облакодери низ целиот свет што, останаа на врвот на облакодерот неколку минути додека камерите го снимаа настанот пред да се спуштат, изјавија полициски извори за „ABC News“.

Потоа, како што изгледа, Биркус ѝ предложил брак на својата долгогодишна девојка пред да бидат приведени.

Црниот транспарент се повикува на цитат од Џими Хендрикс и со бели букви пишувало: „Кога моќта на љубовта ја победува љубовта кон моќта, светот го познава мирот“.

Испратен е хеликоптер од њујоршката полиција, а платформата за набљудување на зградата била испразнета од посетители кога пристигнала полицијата.

Извор: ABCnews

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Овој рецепт е брз за подготовка, лесен за прилагодување на вашиот вкус и идеален за летните денови кога бараме природно освежување без газирани пијалоци.

Лимонада како од старите слаткарници: Тајната е во еден чекор што го прави вкусот побогат

Малку пијалоци потсетуваат на лето како добра ладена лимонада. Сепак, многу луѓе забележуваат дека лимонадата што ја пијат во слаткарница или кафуле има пополн вкус од онаа што ја подготвуваат дома, иако е направена само со неколку состојки.

Причината не е во скапите состојки или посебен вид лимон, туку во начинот на подготовка. Класичните слаткарници го користат истиот трик со децении - прво подготвуваат шеќерен сируп, кој потоа се комбинира со свежо исцеден сок од лимон.

На овој начин, шеќерот се раствора целосно, а вкусот станува освежителен и пријатно избалансиран, без кристали што остануваат на дното на чашата.

Зошто е важен шеќерниот сируп?

Многу луѓе едноставно ставаат шеќер во ладна вода дома, но тој често не се раствора целосно. Затоа професионалните слаткари прво готват едноставен шеќерен сируп.

Сирупот рамномерно го засладува пијалокот, ја нагласува аромата на лимон и ѝ дава на лимонадата карактеристичен, полн вкус што го паметиме од детството.

По желба, количината на шеќер може да се намали или зголеми, во зависност од тоа колку слатка сакате лимонада да биде.

Состојки:

• 1 чаша свежо исцеден сок од лимон (околу 4-6 лимони)

• 1 чаша шеќер

• 6 чаши ладна вода

• 1/2 чаша вода за подготовка на сирупот

• мраз по желба

• парчиња лимон за сервирање

• свежи листови од нане по желба

Подготовка:

Во мало тенџере, измешајте го шеќерот и половина чаша вода. Загрејте на средна температура, мешајќи додека шеќерот целосно не се раствори и не добиете бистар сируп. Оставете целосно да се олади.

Во меѓувреме, исцедете го лимонот и процедете го сокот за да ги отстраните семките и вишокот пулпа.

Истурете ладна вода во голем бокал, додадете сок од лимон и изладен шеќерен сируп. Добро промешајте за да се соединат сите состојки.

По желба, оставете ја лимонадата дополнително да се олади во фрижидер.

Како да ја сервирате?

Наполнете ги чашите со мраз, сипете ја лимонадата, а потоа додадете парче лимон и неколку свежи листови од нане.

Доколку сакате уште поинтензивен вкус, можете да додадете неколку тенки парчиња лимон директно во бокалот и да го оставите да отстои околу десет минути пред сервирање.

Лимонадата подготвена на овој начин е идеална за летни денови, семејни собири, скари или едноставно како природно освежување за време на жешкото време.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лампард останува во Ковентри

Менаџерот на Англија, Френк Лампард, го продолжи договорот со Ковентри до 2029 година, соопшти клубот.

Лампард останува во Ковентри

Лампард е на чело на Ковентри од ноември 2024 година, а минатата сезона го водеше клубот во Премиер лигата за прв пат по 25 години.

„Воодушевен сум што потпишав нов договор, вистинска чест е да го претставувам овој клуб. Уживавме по неверојатниот напор и освојувањето на Чемпионшипот. Сега треба да се одмориме, а потоа добро да се подготвиме за следната сезона каде што ги знаеме целите. Има многу работа на и надвор од теренот. Едвај чекам повторно да ги видам играчите и да работам со нив“, рече Лампард.

Ковентри ќе биде домаќин на Арсенал во првото коло од Премиер лигата на 21 август.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер