Два нови смртни случаи во Македонија - мажи на 31 и на 91 година подлегнаа на заболувањето од Ковид-19

Двајца мажи, едниот на 31 година, другиот 91-годишен, се новите жртви на корона вирусот во земјава, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Двајцата починале на Инфективната клиника во Скопје. Постариот пациент осум дена се борел со болеста, а помладиот бил хоспитализиран на 23 март, но рано утрово починал поради многу тешка клиничка слика.

Денеска има 18 нови случаи на заразени, информираше Филипче, со што вкупниот број на заболени во земјава се искачи 259.

Три лица од Скопје и Куманово се примени на Инфективната клиника во Скопје, а досега се хоспитализирани вкупно 49 лица од кои седум се со потешка клиничка слика. Нема пациенти кои се лекуваат на респираторна машина. Како една од причините за смртта на младиот скопјанец Филипче ја наведе прекумерната тежина, но и комликации со белите дробови.

-Еден ризик фактор е обезноста која што тој ја имал. Но, клиничката слика која што ја покажал и начинот на влошување на клиничката слика е практично најтешката форма на влошување која што е опишана во литературата. Со нагло влошување, со нагло паѓање на сатурацијата, односно врзувањето на кислородот во текот на вчерашниот ден. Веднаш поставен на респираторна машина, меѓутоа, клиничката слика беше со внатрешно крварење и на некој начин распад на белите дробови, појасни Филипче.

За ефектите од терапијата со сумамед и лекот против маларија, министерот рече дека веќе е дадена на сите пациенти на клиниката кои се подобни за тоа, а од следната недела ќе ја примат и пациентите кои се на домашно лечкување. Резултатите според него ќе се знаат по неколку денови.

-Во однос на успешноста, мислам дека уште е рано, треба да поминат уште неколку денови, првите резултати се очекуваат после 5 до 7 дена од почетокот на терапијата“, рече Филипче.

Министерот за здравство апелира граѓаните да не ги стигматизираат луѓето во карантин, бидејќи како што рече, тоа се здрави луѓе, сите се прегледани, и само чекаат да помине превентивниот период од 14 дена. Во однос борбата со вирусот во претстојниот период, Филипче е внимателен оптимист, бидејќи бројот на случаи се зголемува линеарно и секој ден има приближно ист број на случаи, со кој според него, здравствениот систем може да се справи.

Сепак, министерот им порача на граѓаните да бидат свесни дека пред нас е најтешкиот период, а бројот на заболени и починати ќе расте. Затоа, според него клучно е граѓаните да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките.

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите

Продолжуваат протестите на специјализантите, незадоволни се од платите и од нерегулираниот работен однос.

Изборите завршија,а проблемите на младите приватни специјализанти останаа да ги решава идната влада.Тие продолжија со протестот секој вторник пред интерните клиники. Незадоволни се од платите, од нерегулираниот работен однос, а најмногу се огорчени што немаат здравствено осигурување.

Протестот го следи Јорданчо Цветановски .

Во видеото погледнете го целиот извештај.

Висок американски функционер се сомнева во можноста за „тотална победа“ на Израел во Газа

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се сомнева во можноста Израел да постигне „тотална победа“ над палестинскиот Хамас во Појасот Газа, изјави заменик државниот секретар Курт Кембел, пренесоа денеска израелските медиуми.

Иако американските власти апелираа до Израел да помогне во подготовката на јасен план за повоено владеење со Газа, изјавата на Кембел е досега најјасното признание од висок американски функционер дека сегашната воена стратегија на Израел нема да ги даде резултатите што ги бара.

-Во некои аспекти, ние се бориме околу тоа што е теоријата на победата. Понекогаш кога внимателно ги слушаме израелските лидери, тие најмногу зборуваат за идејата за голема победа на бојното поле, целосна победа, рече Кембел на Младинскиот самит на НАТО во Мајами.

-Мислам дека тоа не е веројатно, ниту можно, така што изгледа како ситуациите во кои се најдовме по 9 септември, кога по раселувањето на цивилното население и многу насилство, бунтовите продолжија, рече заменик-државниот секретар на САД.

Светска премиера на новата Opel Frontera: целосно електричен SUV на Opel

Премиера во Истанбул: Извршниот директор на Opel, Florian Huettl, ја претстави новата Frontera за прв пат во јавноста.

Конкурентни цени: новата Frontera Electric ќе биде достапна за околу 29.000 Евра, цена објавена за германскиот пазар. Новата Frontera Hybrid со технологија од 48 волти за германцкиот клиент ќе биде достапна за околу 24.000 евра (со вклучен ДДВ).

Откриена е и добро чуваната тајна: новата Frontera во иднина ќе биде достапна и во верзија со седум седишта.

Руселсхајм / Истамбул. Пред неколку недели, Opel ги објави првите слики од новата Frontera. Пространиот, удобен, нов компактен SUV за љубителите на патувањата во природа и за семејствата ја доживеа својата светска премиера. Во Истанбул, Извршниот директор на Opel, Florian Huettl, заедно со Mark Adams, Потпретседател за дизајн и Tobias A. Gubitz, Потпретседател за производи и цени, ја претставија новата Opel Frontera пред меѓународната публика. Во исто време, беа презентирани ѝ високо конкурентните цени на почетното ниво на опременост (информации за германскиот пазар). Целосно новиот SUV на Opel со пет седишта и бројни практични карактеристики ќе биде достапен како целосно електричен Frontera Electric без емисии на издувни гасови, за околу 29.000 Евра, а Frontera Hybrid ќе биде достапна дури ѝ за околу 24.000 евра (со вклучен ДДВ / цени за Германија).

Извршниот директор на Opel, Florian Huettl изјави: „Оваа година славиме 125 години од производството на автомобили во Opel. 125 години во кои секогаш одевме напред, нудејќи им на клиентите иновативна, практична и пред сè достапна мобилност. Целосно новата Opel Frontera сето цврсто го потврдува и за иднината, преку својата: извонредна флексибилност, пространост и електрифицирани верзии. Нашиот нов SUV ќе ги освои новите групи на клиенти.“

За време на презентацијата германскиот бренд исто така објави дека новата Opel Frontera нема да има место само за пет лица, туку во иднина овој модел ќе биде достапен и со седум седишта. Тоа ја прави новата Frontera идеален автомобил за превоз на колеги, пријатели или целото семејство.

Во секоја верзија: робустен изглед и многу практични елементи како дел од стандардната опрема

Со впечатливиот дизајн, новата Opel Frontera веднаш се издвојува од останатите. Frontera е првиот сериски модел, кој гордо го носи новиот амблем на Opel Blitz во центарот на маската Opel Vizor. Истакнатите лакови на тркалата и праговите, како и впечатливиот C-столб, го нагласуваат робусниот карактер. Модерниот изглед давајќи фокус на најзначајните елементи, беспрекорно се одсликува и продолжува во внатрешноста каде акцентот е поставен на сосема новиот дизајниран управувач и двата широки 10“ екрани. Frontera овозможува и многу практични функции како стандардна опрема, вклучувајќи го иновативниот простор за паметни телефони.

Удобноста за време на патувања е главен приоритет кај новата Frontera. Во предниот дел, возачот и совозачот можат да седат на новите патентирани Intelli-седишта кои имаат лежиште во средината што го намалува притисокот во долниот дел на грбот т.е. завршниот предел на р`бетната коска. Во багажникот може да се сместат повеќе од 450ℓ багаж. Со склопени седишта дури и до 1.600ℓ. А, љубителите на природата кои сакаат да ги поминуваат ноќите на отворено, имаат опција да ја нарачаат новата Frontera со специјални шини на покривот и шатор со скали кои се наменски дизајнирани за овој SUV. За оваа намена, Frontera може да издржи до 240kg на својот кров.

Фокус на најважното: две верзии на мотори, две нивоа на опременост, едноставно за избор

Интуитивен, достапен и фокусиран на најважното: Opel во секој поглед ги исполнува овие барања со новата Frontera. Од изборот на погонски единици, па сѐ до опциите за опрема и процесот на нарачка.

Новата Frontera е достапна или како хибрид со 48-волтна технологија или целосно електрична. Со почетна цена од околу 24.000 евра, Frontera Hybrid има 1.2-литарски турбо бензински мотор од 74 kW (100 КС) развиен специјално за хибридната верзија. Целосната функционалност е во комбинација со електричен мотор од 21 kW (28 КС) и електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка, така што потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 се значително помали во споредба со модел со конвенционален погон. Покрај тоа, Frontera Hybrid ќе биде достапна и со 1.2 турбо мотор од 100 kW (136 КС).

Клиентите во Германија кои сакаат да патуваат без издувни гасови, наскоро можат да ја нарачаат Frontera Electric со опсег од повеќе од 300 km (според WLTP2) за околу 29.000 Евра. Како верзија со „долг опсег“, новата Frontera Electric ќе може да помине до околу 400 km (WLTP2) без да има потреба да се приклучи на полнач.

Опремата кај нивоата на опременост на Frontera се подеднакво јасно поставени за клиентите. Ова возило ќе биде достапено или како Frontera или како Frontera GS. Дури и почетното ниво на опременост е значително опремено. GS нивото на опременост ќе има и системи како мултимедијален инфозабавен систем со 10-инчен екран на допир во боја, навигација, како и камера за возење наназад. Клиентите на Frontera можат дополнително да го прилагодат возилото, кон своите желби и потреби, преку двата опционално достапни пакети.

Opel исто така овозможува процесот на купување на новата Frontera да биде појасен и многу полесен. Новата Frontera наскоро ќе биде првиот модел на Opel којшто ќе може да се нарача дигитално преку т.н. „one-scroll-искуство“. Веб страните на брендот се оптимизирани и лесни за користење преку нивната прилагодливост кој која било големина на мобилен уред/таблет, така што корисниците можат едноставно да прелистуваат и кликнуваат на изборот. Во иднина, потенцијалните клеинти ќе можат да го купат возилото онлајн, од удобноста на нивниот дом или како ѝ до сега, со посета на нивниот увозник или овластен дилер во регионот.

притисни ентер