Два концерта за деца „Имате ли ритам?“ - Канал 5

Два концерта за деца „Имате ли ритам?“

Од Филхармоја информираат дека посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература.

Два концерта за деца „Имате ли ритам?“

Оркестарот на Македонската филхармонија во четврток и петок , со почеток во 12 часот, ќе одржи два концерта за деца со наслов „Имате ли ритам?“ преку организирана училишта посета. Диригент е маестро Виктор Митревски, а аниматор ќе биде актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги воведе децата во тајните на ритамот и неговата разновидност.

Од Филхармоја информираат дека посетителите ќе имаат можност да слушнат композиции од класичната, но и од модерната музичка литература, во кои акцент е ставен токму на ритмичкиот импулс – дела од Смокварски, Калифе, Андерсон, Бернштајн, Штраус, Де Фаља.

Концертот ќе ги донесе звуците и ритмите на Македонија, Либан, Куба, Шпанија…, а Јорданоски низ игра и хумор ќе се обиде да ги анимира децата „свирејќи“ на разно-разни предмети, докажувајќи дека ритамот го има насекаде околу нас. Овој пат посебно ќе се истакнат перкусионистите од оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе приредат и едно изненадување, а на сцената ќе настапат и неколку талентирани деца.

Виктор Митревски роден во Скопје 1987 година потекнува од музичка фамилија. На седумгодишна возраст започнува со часови по виолина. После успешниот матурски концерт во кој првиот дел свири на виолина, а во вториот пијано, во 2005 година започнува со студии по оркестарско диригирање на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во класата на Саша Николовски-Ѓумар. Во 2016 година, ги завршува студиите по хорско диригирање на престижниот Универзитет за музика и применета уметност во Виена, во класата на Ервин Ортнер. Следната година дипломира и оркестарско диригирање на истиот универзитет во класата на проф. Симеон Пиронков и Урош Лајовиц со концерт со Словачката Филхармонија. За време на студиите е активен учесник на неколку семинари со познати диригенти како Фабио Луизи, Симоне Јанг, Бертранд де Били, Јоханес Шефли и др. Во 2012 дебитира во Македонската Опера и Балет со „Аптекарот“ од Јозеф Хајдн, во 2014 диригира со Балтичката Филхармонија во Гданск, Полска. 2017 година следува успешното деби во Виена и тоа во Театар ан дер Вин со експерименталниот проект „Ја ослободуваме Евридиче). Истата година стапува во соработка со еден од најталентираните млади диригенти во Австрија, Рафаел Шлусенберг со кој што ја поставуваат операта Дон Џовани во Ваидхофен ан дер Ибс, за потоа следната година истата биде изведена и во Виена. Веднаш потоа ја диригира „Грабнување од сарајот“ и „Свадбата на Фигаро“ . Во 2019 следи дебито со Македонската Филхармонија, една година подоцна диригира и со „Скопски солисти“. Во 2020 е асистент диригент на Лео Хусеин во изведбата на светската премиера Хамлет на Јозеф Самер во Русе, Бугарија. Денес, Виктор Митревски работи во Театар ан дер Вин со хорот „Арнолд Шенберг“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Еден од најдобрите светски тенисери во историјата, сланвиот швајцарски тенисер Роџер Федерер ужива во заслужената пензија.

Фото: Легендарниот Федерер пристигна на Балканот: Погледнете каде ужива во својот одмор

Годинава, швајцарската ѕвезда го избра хрватската крајбрежје за летен одмор со семејството – дестинација што му ја препорачаа неговиот поранешен тренер и близок пријател, Иван Љубичиќ.

Судејќи според фотографиите што ги сподели со своите повеќе од 15 милиони следбеници на Инстаграм, поранешниот светски рекет број еден престојува во Истра, поточно во областа на Пула и Ровињ.

Швајцарскиот ас објави фотографии од крајбрежјето во Ровињ, од прошетките и пливањето во Јадранското Море, а се пофали и со интересните сувенири и магнети што ги пронашол таму.

– Сакам времето за одмор да го поминувам со семејството – напиша Федерер покрај објавените фотографии.

Покрај крстарењето со луксузен брод, Швајцарецот покажа дека во слободното време ужива и во едноставни активности, како што е возењето велосипед.

Неговото пристигнување на хрватското крајбрежје привлече големо внимание во регионот, а на социјалните мрежи уследија бројни позитивни реакции и пораки за добредојде од локалното население и од фановите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Обвинението за Артан Груби ги зовре страстите во ДУИ. Стравот од неговата меморија си го прави своето.

ВРЕДИ: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?

Ахмети најавува повлекување од активната политика. Демек, тој сакал да се повлече, ама сопартијците не му давале. „Приказни за мали деца“, вели народот.

Одамна тврдиме дека Артан Груби е „црната кутија“ и дека од неговото присуство или отсуство зависат многу разврски.

Не случајно Бујар Османи, кој чека во низок старт, пласира прашања и теми со кои директно или индиректно го адресира Груби.

Улогата на Ислам Абази е многу важна за идните разврски во ДУИ, каде што очајно се обидуваат да создадат впечаток во јавноста дека ја контролираат ситуацијата, иако таа одамна им е надвор од контрола.

Односно, од тоа што прозборел Артан ќе зависи кој ќе оди курбан.

За Ахмети допрва доаѓаат тешки времиња. Угоре високо, удолу длабоко!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

 Промовиран новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Николоски и Ристески го промовираа новиот АТМ-Систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски на скопскиот аеродром заедно со претседател на Управниот одбор и Извршен директор за воздухопловна навигација во Националaната македонска навигација М-НАВ Владимир Ристески денеска го промовираа новиот АТМ-систем и новиот радарски систем инсталирани во Контролната кула Скопје.

Ресорниот министер рече дека оваа година има рекорден број на летови .

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер