Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
2Мицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
КултураДва концерта на Симон Трпчески со Сингапурскиот симфониски оркестар Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески одржа два концерта со Сингапурскиот симфониски оркестар, за што со рецензија се огласи и критичарот на сингапурскиот „Стретјтстајмс“.Како што информира КултурОп прес, угледниот сингапурски весник по повод настапите на нашиот пијанист пишува дека Трпчески е прогласен за „најдоброто нешто што произлегло од Македонија по Александар Велики“. - Во продолжение на својата поента, критичарот Џефри Лим вели: „Иако Трпчески никогаш не ја нападнал Персија, тој со својот сонародник Македонец споделува едноставна смелост и талент за совладување тешки пречки, што се докажува со неговата свежа, атлетска изведба на Вториот концерт за пијано од Рахманинов со добро „подмачканиот“ Сингапурски симфониски оркестар под инспирираниот диригент Елијаху Инбал“. Лим во продолжение на својата рецензија оценува: „Ова беше изведба на динамичност, умешност и медитеранска директност, а не хипнотичка концентрација како таа на Свјатослав Рихтер или патрициска елоквенција како кај Гарик Олсон (кој го свиреше делото со овој оркестар во многу поинаква интерпретација пред две години). Трпчески е природен шоумен кој уживаше во незгодните пасажи со елан на магионичар кој вади зајак од шапка. Надворешните движења беа изведувани со возбудливо темпо, со одличен ефект во пофренетичните моменти како што е влезот на пијаното што се протега со тастатурата во последниот став, пренесува КултурОп прес. Во освртот се додава дека биле исклучителни двата биса на Трпчески: „Последниот став од Седмата соната на Прокофјев беше изведен со техника што ви ја остава устата подотворена, во духот на целиот неврамнотежен автоматизам на производствената лента во 'Модерните времиња' на Чаплин“. - Вториот беше изведба на „Вокализ“ од Рахманинов во која Трпчески го придружуваше гостинскиот концерт-мајстор Дејвид Кушерон. Нејзе и претходеа неколку привлечни забелешки за љубовта на Трпчески кон Сингапур и моќта на музиката да создава мир во услови на светски немир и беше исто толку неочекуван колку што беше трогателен“, пишува критичарот на сингапурски „Стрејтстајмс“. КултурОп прес информира дека во продолжение на сезоната Трпчески ќе настапи и во Соединетите Американски Држави, Канада и Малта. Тагови: симон трпчески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНов случај „Лотарија“: Две вработени уапсени за проневера од 1,3 милиони евраДве вработени во Државна лотарија вчера се приведени под сомнение за проневера на околу 80 милиони денари или околу 1,3 милиони евра.Двете вработени неофицијално биле во секторот финансии, а сомнежите се однесуваат на начинот на кој биле евидентирани и движени парите од уплатните места за игри на среќа. Парите од уплатните места требало да бидат евидентирани и уплатени како дневен промет, но сомнежот е дека дел од средствата фактички ги немало, иако сметководствено состојбите биле затворани. Се истражува дали со фиктивна документација биле прикажувани исплати и добивки, како и дали пари биле префрлани од една на друга сметка за финансиски да се затвораат обврските. Дејствијата што се истражуваат започнале од 1 јануари 2024 година. Повеќе информации од обвинителството се очекуваат во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски ќе се обрати на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе има обраќање на презентацијата на новиот извештај на Светска банка „Македонија: Излез од стапицата на среден доход“.Овој документ на Светска банка се однесува на економските предизвици и можностите за забрзување на економскиот раст, спроведувањето на потребните реформи, со акцент на подобрување на управувањето и конкурентноста, поттикнување на инвестициите, технологијата и иновациите, како и развој на вештините и подобро искористување на работната сила.извештајот вчера беше презентиран пред пратениците во собранието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литарОд ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното.. Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter