Два концерта „Дуке и пријателите“ во Скопје - Канал 5

Два концерта „Дуке и пријателите“ во Скопје

Композиторот, пијанист и продуцент со меѓународна кариера Дуке Бојаџиев вечер во Метрополис арена во Скопје ќе одржи концерт „Дуке и пријателите“ организиран од „Авалон продукција“. Поради голем интерес од публиката, продукцијата утревечер организира уште еден концерт.

Два концерта „Дуке и пријателите“ во Скопје

Ќе гостуваат пријатели и соработници на Дуке: гитаристот Влатко Стефановски, пејачките Каролина Гочева и Тања Царовска, актерот Никола Ристановски, кларинетистот Исмаил Лумановски и перкусионистите Матијас Кунзли од Њујорк и Костас Анастасијадис од Грција, придружувани од камерен оркестар под диригентство на Саша Николовски-Ѓумар.

Концертот ќе биде 10-ти во серијата концерти на Дуке и проширена верзија на концертниот проект „Сон. Верба. Љубов“, кој минатата година тој го изведе во Македонија и со кој во октомври настапи во познатата Карнеги хол во Њујорк. Концертот е спој на фрагменти од музика што ја создал за македонски филмови, композиции од албумот „Љубовта е патот“ кои се комбинација од авторска, филмска музика и изворно македонско творештво.

- Ова ќе биде попроширена верзија, на многу поголема сцена. Десетти е во серијата концерти и ќе биде најбогат со музика, гости и продукција. Ќе има и стари и нови композиции зашто проектот еволуира и се менува, рече Бојаџиев на прес-конференција пред неколку дена.

Планира проектот да продолжи и во иднина да ги внесува сите нови проекти на филмска музика која е негова главна преокупација. Ја работи музиката за новиот филм на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ и очекува дека соработката со творци од регионот ќе значи и натамошно ширење на овој концертен проект и можност за гостувања надвор од Македонија.

Од најавените пријатели на концертот, прва ќе му биде соработката со Влатко Стефановски, за кого откри дека ќе ја изведе песната „Татко“ посветена на татко му, и со актерот Никола Ристановски кој ќе кажува љубовна поезија. Почестен е што Стефановски ќе му гостува на концертот зашто, како што рече, растел со музиката на „Леб и сол“. Ристановски, пак, подолго време го имал во план, но поради зафатената агенда на актерот досега не можеле да договорат заеднички термин.



„Авалон продукција“ ги организираше концертите на Дуке минатото лето во Хераклеја и во Античкиот театар.

- Летото ветивме дека нема да застанеме. За само шест месеци пак сме заедно, на мое големо задоволство. Имаме светски концерт со македонски оркестар. Прекрасна соработка во изминатите месеци која очекувам да продолжи и по овој настан, рече Денис Илиоски од „Авалон“ за концертите кои ќе се одржат во Метрополис со поддршка на Телеком и на други спонзори. Посетителите ќе добијат ДВД од концертот на Дуке на Античкиот театар во Охрид од 9 август.

Бојаџиев долго време живее и твори во Њујорк, но своите проекти континуирано ги промовира и пред домашната музичка сцена. Автор е на филмска, електронска и акустична музика. Соработувал со оскаровците Џонатан Деми и Денис Тановиќ, како и со македонскиот режисер Столе Попов за неговиот последен филм „До балчак“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Натпреварот во  американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. 

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона.

Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи.

По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра.

Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка.

По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт.

„Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“.

Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“.

Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби.

Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер