ДВ: Меркел го притиска Макрон за датум за Северна Македонија

Во пресрет на денешниот неформален самит во Берлин, германските медиуми ја анализираат состојбата во земјите од Западниот Балкан и ја коментираат нивната подготвеност за приближување кон ЕУ, пренесува „Дојче Веле".

Во пресрет на денешниот неформален самит во Берлин чии домаќини се германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Емануел Макрон, германските медиуми ја анализираат состојбата во земјите од Западниот Балкан и ја коментираат нивната подготвеност за приближување кон ЕУ, пренесува „Дојче Веле".

Северна Македонија е единствената земја од Западниот Балкан која заслужува да биде наградена со датум за почеток на преговори со ЕУ, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг", а „Велт" тврди дека Меркел планира да го притисне Макрон за преговорите со ЕУ.

– Земјите од регионот и натаму заслужуваат поддршка, но натамошно приближување кон ЕУ во моментов би било погрешен сигнал. Со еден исклучок: Северна Македонија има една реформски ориентирана Влада, која направи храбри компромиси за сонот Европа, менувајќи го и своето име за да го надмине стариот спор со ЕУ-членката Грција. Почеток на пристапните преговори ќе биде адекватно признание за големата храброст. Каде ќе завршат тие преговори на крај, ќе покаже времето. Секако ќе траат со години. Но остатокот од регионот оддава една матна слика. Тоа особено важи за Србија, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг".

Во неделното издание весникот „Велт" пишува дека канцеларката Меркел сака по секоја цена да го убеди Макрон на Северна Македонија во јуни да ѝ се даде шанса да ги започне преговорите со ЕУ.

Весникот наведува дека клучни ќе бидат два разговора, кои ќе се случат во понеделник пред големата рунда: Прво Меркел ќе разговара во четири очи со македонскиот премиер Зоран Заев. Потоа со Макрон.

– Меркел сака да ја награди Северна Македонија за нејзината заложба во спорот за името со скор почеток на преговорите со ЕУ. Макрон, кој повеќе е заинтересиран за продлабочување одошто за проширување на ЕУ, не го сака тоа. Но, компромис е можен: Меркел ветува дека силно ќе се заложи кај Макрон за брз почеток на преговорите, а Северна Македонија трпеливо ќе чека до по изборите за Европскиот парламент, за Макрон да си го спаси образот. Околу тоа денеска ништо нема да биде објавено, пишува „Велт".

Самитот го анализира и „Зиддојче Цајтунг" и тоа од аспект на идеите за размена на територии и корекција на границите меѓу Србија и Косово.

– На Западнобалканскиот самит во Берлин главна тема не се неуспесите на земјите аспиранти, туку една многу опасна грешка на ЕУ. Европејците, и во прв ред комесарката за надворешна политика Федерика Могерини, не само што дозволија, туку и поттикнуваа, во дебатата за решение на судирот меѓу Србија и Косово темата промена на границите да се најде на дневен ред, пишува „Зиддојче Цајтунг".

Според весникот, заслуга е на Ангела Меркел, која беше речиси единствената која уште од почетокот јасно се изјасни против промена на границите, затоа што оној кој ги доведува во прашање границите, повторно го пали фитилот на балканското буре барут.

– Со тоа се ризикува, па и провоцира, избувнување нови конфликти од мултиетничната Босна и Херцеговина до Северна Македонија со нејзиното бројно албанско малцинство, наведува весникот.

Затоа, пишува „Зиддојче Цајтунг", е добро и беше крајно време, тоа што Меркел го организира овој самит, за конечно засекогаш да се закопаат тие стари идеи.

– Истовремено од оваа средба заедно со Макрон можат да му испратат заедничка порака на Трамп дека Европејците нема да дозволат лоши договори, а помирувањето на Балканот го гледаат како сопствена задача. Но, секако нема да биде доволно, една капитална грешка во преговарачкиот процес само да се коригира. На шесте држави од Западниот Балкан мора да им се даде јасна перспектива за членство во ЕУ. Организирањето утешни самити еднаш годишно како концепт за Балканот е премалку, заклучува „Зиддојче Цајтунг". /МИА.

Регионот околу Неапол бил погоден со над 150 земјотреси за неколку часа (ВИДЕО)

Домовите се евакуирани, а многу училишта затворени по бранот земјотреси што ја погодија областа околу Неапол во јужна Италија.

Повеќе од 150 земјотреси биле регистрирани во текот на минатата ноќ.

Најсилниот, со јачина од 4,4 степени, се случил околу 20.00 часот по локално време во близина на градот Позуоли. Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) објави дека тоа е најсилниот земјотрес во регионот во последните 40 години.

Гаетано Манфреди, градоначалникот на Неапол, призна дека жителите можеби се исплашени, но рече дека властите „обрнуваат внимание“.

Во Поцуоли се подигнати стотици шатори, а некои жители останаа на улиците поголем дел од ноќта, додека други избраа да останат на друго место кај роднините.

Локалните медиуми објавија дека неколку семејства размислуваат целосно да ја напуштат областа поради бројот на земјотреси од ниско ниво што се случија во изминатите неколку месеци.

Еден медиум цитира жител на Неапол кој рекол дека никогаш не почувствувале толку силен земјотрес.

„Овој пат беше грубо, се чинеше дека никогаш нема да заврши“, изјавил еден човек за весникот „Ил Матино“.

Иако не се пријавени значителни структурни оштетувања, некои училишта во Неапол останале денеска затворени поради инспекции, а женскиот затвор во Поцуоли е евакуиран како мерка на претпазливост.

Манфреди предупреди дека може да има посериозни потреси во иднина и рече дека службениците мораат „да се справат со оваа вонредна ситуација со која можеби ќе треба да живеат со месеци“.

Поцуоли се наоѓа во близина на Кампи Флегреи (Flegrean Fields), голема вулканска калдера - еден вид на бездна - оставена по ерупцијата за која се смета дека се случила пред десетици илјади години.

Италијанската влада неодамна го ажурираше својот план за масовна евакуација на таканаречената „црвена зона“, која би била најизложена на последиците од тамошната ерупција.

Според планот, 500.000 жители ќе бидат евакуирани со автобус, брод и воз во рок од 72 часа.

Сепак, еден жител на Поцуоли изјави за италијанските медиуми дека луѓето не биле информирани за планот за евакуација, што доведе до некои „панични реакции“ синоќа за време на земјотресот.

„Луѓето го изгубија умот. Почнаа да трчаат на улица и, најопасно, влегоа во нивните автомобили, обидувајќи се да избегаат“, изјавил за Il Mesaggioro човек по име Џовани.

„Божја правда“ – Иранците во егзил масовно ја слават смртта на претседателот Раиси (ВИДЕО)

Иранците кои живеат во егзил продолжија да ја слават смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси на денот на неговиот погреб.

Меѓу нив, како што пренесува „Дејли мејл“, се и ќерките на жената која беше егзекутирана со 167 куршуми.

Раиси (63) загина во неделата кога се урна хеликоптерот што го носеше со министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан и уште седум други лица. Тој ќе биде погребан денеска. Врховниот верски водач Али Хамнеи прогласи петдневна национална жалост, но иранските граѓани кои живеат во странство на социјалните мрежи се пофалија дека го слават и посакуваат „Среќен ден на хеликоптерот“, алудирајќи на несреќата и смртта на претседателот.

Меѓу нив се и ќерките на Иранката Мина Маџиди (62), која беше погубена со 167 куршуми кога безбедносните служби отворија оган врз учесниците на протестот поради смртта на Махса Амини, курдската девојка која почина три дена откако беше претепана од „полицијата на моралот“ затоа што во метро не ја носела задолжителната прекривка за глава.

„Ако не излезам да протестирам, кои ќе бидат последните зборови на една храбра Иранка?

Нејзината ќерка Махса Пиреи на социјалните мрежи објави видео од нејзиното наздравување.

„Денес нашата тага се претвори во среќа, иако тоа не е доволно, тоа е добар почеток“, изјави Махса Пираери.

Втората ќерка Роја Пиреи недалеку од гробот на нејзината мајка се фотографирала со кратка коса, што е знак на жалост и пркос, бидејќи за време на масовните протести во 2022 година, Иранките ширум светот масовно ја потстрижувале косата во знак на поддршка на претепаната курдска девојка.

"Знаев дека нема да можам да зборувам. Ова е сѐ што можам да направам за да покажам колку е суров овој систем", изјави Роја.

Уште две Иранки, Мерседех Шахинкар и Сима Морадбеиги имаа причина за славење. Мерседех беше заслепена од припадниците на безбедносните сили за време на протестот во 2022 година, додека Сима ја загуби работата за време на полициска интервенција.

На TikTok е објавено и видео снимено пред амбасадата на Исламската Република Иран во Копенхаген, на кое се гледаат насобраните Иранци како танцуваат, пијат пиво и веат стари ирански знамиња со лав во центарот.

„Иранците во Копенхаген, Данска, ја слават смртта на Ебрахим Раиси пред амбасадата на тиранскиот режим. Денот на хеликоптерот ќе стане Недела на хеликоптери“, се вели во видеото.

Слично е и пред иранската амбасада во Лондон. Музика свири, луѓето танцуваат на улица и веат стари ирански, британски и израелски знамиња.

Аријана Банди, готвачка која живее во САД, објави видео со наслов Карма, додека иранско-канадската актерка Шива Негар рече: „Збогум касапу од Техеран, нема да ни недостасуваш“.

Сепак, не секој имал причина да биде среќен:

„Раиси е мртов. Тој никогаш нема да одговара за законот што е во сила речиси четири децении и кршењето на човековите права, вклучително и егзекуцијата на илјадници политички затвореници во текот на 80-тите години, кои беа закопани во необележани гробови. Таму нема да има минута молчење за Раиси“, се вели во соопштението на Колективот на иранската дијаспора.

Полицајците не можеле да поверуваат- криминалец се скрил во машина за сушење алишта

Дејвид Џером Џексон (31) бил во бегство од законот два месеци пред да биде уапсен во градот Пенсакола, Флорида.

Властите го барале за тежок напад, материјална штета и поседување огнено оружје, пренесува Fox News.

Канцеларијата на шерифот на округот Ескамбија добила дојава дека Џексон се крие во дом во Пенсакола и дека му била доставена наредба за иселување.

За краток период била организирана акција, а по претрес во просториите, бегалецот бил пронајден во машината за сушење алишта!

„Полека го извлековме, додека се бореше да остане во своето скривалиште. Во машината имало три чаршафи, чорапи, стуткана кошула и шамивче“, велат полицајците.

Џексон е уапсен и пренесен во окружниот затвор, каде што ќе чека покана од суд.

притисни ентер