Дутерте може да се соочи со 30 години или доживотна затворска казна доколку биде осуден - Канал 5

Дутерте може да се соочи со 30 години или доживотна затворска казна доколку биде осуден

-Но, тоа зависи од одбраната што може да ја користи поранешниот претседател, рече заменик-портпаролката на претседателството, Клер Кастро на прес-конференција.

Дутерте може да се соочи со 30 години или доживотна затворска казна доколку биде осуден

Поранешниот филипински претседател Родриго Дутерте може да се соочи со 30 години затвор, па дури и доживотен затвор доколку Меѓународниот кривичен суд (МКС) го прогласи за виновен за злосторства против човештвото во врска со неговата „војна против дрогата“, соопшти денеска претседателството на земјата.

-Но, тоа зависи од одбраната што може да ја користи поранешниот претседател, рече заменик-портпаролката на претседателството, Клер Кастро на прес-конференција.

Според веб-страницата на МКС, Судот не изрекува смртна казна, но може да изрече казни до 30 години затвор, а во исклучителни околности и доживотни казни.

Апсењето на поранешниот претседател од страна на Интерпол и локалната полиција е резултат на истрагата на МКС за наводите дека кампањата на Дутерте против шверцот со дрога доведе до илјадници вонсудски убиства додека тој беше градоначалник на Давао Сити, а потоа и шеф на државата.

Дутерте синоќа беше испратен во Хаг откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење против него за злосторства против човештвото во неговата „војна против дрогата“ додека беше на власт.

Актуелниот претседател Фердинанд Маркос Џуниор, за време на прес-конференцијата неколку минути по полетувањето на авионот на Дутерте за Хаг, нагласи дека владата постапува по барање на Интерпол, а не на МКС, од кој Филипините се повлекоа во 2019 година.

-Денешното апсење е во согласност со нашите обврски со Интерпол. Се случи тоа да дојде и од МКС, рече Маркос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември.

Трамп се воодушеви од победата на АфД- Мерц се налути и му го откажа телефонскиот разговор

Германската влада го одложи планираниот телефонски разговор меѓу канцеларот Фридрих Мерц и американскиот претседател Доналд Трамп за претстојната годишнина од нападите на 11 септември, изјави портпаролот на владата, додавајќи дека не е одреден нов датум за разговорот.

Портпаролот не даде причина за одложувањето.

Во вторник, Трамп ја припиша победата на крајно десничарската партија Алтернатива за Германија (AфД) на неделните покраински избори во Саксонија-Анхалт на германските правила за имиграција, кои ги опиша како „ужасни“.

Трамп е воодушевен од победата на AfD

„Воау! Популистичката партија во Германија штотуку имаше навистина голема ноќ“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, осврнувајќи се на неделните избори. Трамп не ја спомена конкретно AfD, но беше јасно на која партија мислеше.

AfD и нејзините поддржувачи се презаситени од „апсолутно ужасните правила за имиграција“ на Германија, рече Трамп. „ТИЕ СЕ ВО ПОГОЛЕМУВАЊЕ и повеќе нема да го толерираат тоа“, напиша тој.

Џ.Д. Венс се сретна со лидерот на АфД

Откако Трамп ја презеде функцијата во јануари 2025 година, се смета дека АфД има поблиски врски со Вашингтон од кога било досега. Копретседателката на АфД, Алис Вајдел, го опиша Трамп како пример за углед по неговото враќање во Белата куќа, а претставници на АфД отпатуваа во Вашингтон за неговата инаугурација.

Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, се сретна со Вајдел на маргините на Минхенската безбедносна конференција во февруари 2025 година. На конференцијата, Венс предупреди дека исклучувањето на популистичките партии и градењето политички „заштитни ѕидови“ ризикуваат игнорирање на волјата на милиони гласачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Попладневно избувна голем пожар во Карпош 4 во Скопје , во близина на бунарите Лепенец. 

Голем пожар во близина на Карпош 4 (ВИДЕО)

Голем пожар избувна пред половина час во близина на бунарите Лепенец, покрај кејот на Вардар во Карпош 4.

Според видеата, се гледа голем пожар и чад што зафати сува трева и грмушки во близина на објектот на ЈП Водовод.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Поранешната шпанска министерка за надворешни работи Аранча Гонзалес Лаја изјави дека масовниот влез на околу 80.000 мигранти од Мароко во шпанската енклава Сеута бил „хибриден напад“ врз надворешната граница на Европската Унија.

Поранешна шпанска министерка: Влезот на 80.000 мигранти беше хибриден напад врз ЕУ

Според неа, целта била „миграцијата да се искористи како алатка“ за ослабување на Европската Унија во период кога миграцијата претставува особено чувствително општествено и политичко прашање. И покрај овие наводи, шпанскиот премиер Педро Санчез застана во одбрана на Мароко. Гонзалес Лаја оценува и дека случувањата во сеута покажуваат дека миграцијата може да се претвори во средство за политички притисок врз Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер