Дурмиши: Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање лиценца - Канал 5

Дурмиши: Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање лиценца

На прашањето дали смета дека е виновен неговиот претходник, рече дека не е надлежен за давање на какво било мислење за тоа да зборува.

Дурмиши: Проверката на минималните технички услови за работа ќе се врши пред издавање лиценца

Министерството за економија и труд во наредниот период ќе изготви измени и дополнување на Законот за угостителска дејност во насока проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа, како што беше пред 2008 година, најави денеска ресорниот министер Бесар Дурмиши. Министерството, како што рече на прес-конференција во Владата, било задолжено да започне со подготовка на измени на Законот на владината седница одржана на 18 март.

-Овие измени ќе овозможат проверката на минималните технички услови за работа да се врши пред издавање на лиценцата за работа. Со тоа пријавата за исполнување на минималните технички услови за вршење угостителска дејност пред да биде доставена како пропратен документ во барањето за лиценцата ќе треба да има потврда за нејзината веродостојност од Државниот пазарен инспекторат, рече Дурмиши.

Порача дека Министерството за економија и труд е посветено на гарантирање дека законот ќе се почитува и додаде дека секој кој се огрешил пред законот треба да одговара.

-Граѓаните имаат право да бидат информирани на вистински начин и да побараат отчетност. Правдата што ја бараат мора да биде воспоставена, рече Дурмиши.

Прашан колку лиценци за кабаре се издадени за време на неговиот мандат, Дурмиши рече дека не го знае точниот број и додаде дека во архивата на Министерството има вкупно 24 активни издадени лиценци од кои 18 се за кабаре, а другите се за клубови. За тие кои немаат лиценци и работат посочи дека има други надлежни органи кои треба да направат инспекција и соодветно да ги казнат.

На прашањето дали смета дека е виновен неговиот претходник, рече дека не е надлежен за давање на какво било мислење за тоа да зборува.

Истакна дека во новото законско решение вредноста на казните ќе се покачи за да се спречат немили настани како во клубот „Пулс“ во Кочани и додаде дека работна група веќе работи на тоа.

-Не знам колкави ќе бидат казните, но очигледно ќе бидат многу повисоки за да се спречи да ни се случуваат немили настани, потенцира Дурмиши.

Нагласи дека сите институции кои се надлежни да вршат контрола доколку се утврди дека не се почитуваат одредбите од странката за издавање на лиценца го известуваат Министерството кое веднаш им ја одзема лиценцата.

-Извршени се 116 вонредни надзор врз основа на Законот за угостителска дејност при што решение за привремен забрана добиле 10 правни субјекти, а утврдено е дека 15 правни субјекти од 23 кои имаат активна лиценца не ги исполнуваат минималните технички услови. Кај шест правни субјекти кои немаат лиценца или им е истечена, а е утврдено дека функционирале во изминатиот период, издадени се решение за забрана за вршење на дејност. При тоа се издадени околу 60 прекршочни платни налози, потенцира Дурмиши.

На сите кои не го почитуваат законот, како што рече, ќе им се забрани дејноста.

Прашан дали смета дека има одговорност за случајот „Пулс“, рече дека нема некој во земјава кој во овие моменти не чувствува морална одговорност.

-Она што се случи во Кочани не е само изолирана трагедија во едно место, туку е алармантен симптом на распаднат систем длабоко вкоренет во долгогодишна корупција кој го наследивме. За лажната лиценца на „Пулс“ органите на прогон веќе постапуваат. Ние како Министерство за економија и труд не сме надлежни и немаме механизам за проверка дали некоја компанија или фирма има лиценца или не, дали работи со документ или не. Едноставно немаме механизам за тоа да го контролираме. Во Министерството се прават политиките и законите, а одговорноста е кај тие институции кои треба да бидат на терен и да вршат контрола, истакна Дурмиши.

Во делот на издавање на лиценци, како што појасни, согласно Законот за угостителска дејност за да работи ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор мора да има за тоа валидна лиценца. Таа лиценца ја издава Министерството за економија и труд со поднесување на барање за издавање на лиценца на образец за платен надоместок за давање услуги. Кон барањето се доставува Решение за упис во трговскиот регистар издадено од Централниот регистар на Република Северна Македонија во оригинал не постар од 6 месеци; Одлука за определување на висната на надоместокот за кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, донесена од советот на општината; Пријава за исполнување минималните технички услови за вршење угостителска дејност во копија; Согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот во оригинал.

-Во 2008 година за да се подобри бизнис климата добронамерно е сменат законот и странката со морална и кривична одговорност ги доставува документите. Пред 2008 година требаше да аплицира до ДПИ па тие да проверат дали се исполнети условите, рече Дурмиши.

Додаде дека Министерство за економија и труд постапувајќи по поднесеното барање ја разгледува документацијата која содржи акти и документи издадени од други институции и врз основа на истата, доколку се исполнети условите задолжително ја издава Лиценцата за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, диско-клуб и диско-клуб на отворен простор со период на важност од една година.

-Министерство за економија и труд не е надлежно ниту има механизам за вршење увид, надзор или контрола во објектот во кој ќе се врши дејноста. Во однос на висината на надоместокот кој треба да го плати вршителот на дејноста истата ја определува советот на општината. Од надоместокот 50 проценти се уплатува на сметка на општината, а 50 проценти се уплатува во Буџетот на Република Северна Македонија, појасни Дурмиши.

Во прилог на барањето наведениот образец „Пријава за исполнување минимално-технички услови за вршење угостителска дејност“, истакна, е формулар кој правниот субјект го пополнува со бараните основни податоци за субјектот, дејноста, просторија за лична хигиена на гостите, посебни одредби за вработените, капацитет за простор за послужување, вентилација, број на излези за итни ситуации и многу други критериуми, при што истиот изјавува дека дадените податоци во пријавата се вистинити и притоа образецот го доставува во подрачно одделение на Државниот пазарен инспекторат.

-Во однос на Согласноста од органот на државната управа надлежен за работите од областа на внатрешните работи дека се исполнети условите за заштита на јавниот ред и мир и безбедност на сообраќајот барателот може за истиот да поднесе барање до Министерство за внатрешни работи, а доколку не поднесе, по службена должност Министерството за економија и труд ќе се обрати со барање мислење до МВР. По добивање на мислењето од МВР, Министерството за економија и труд ја изготвува соодветната лиценца за која е поднесено барањето. Доколку се добие негативно мислење во однос на исполнетоста на условите наведени погоре Министерството за економија и труд ќе донесе решение за одбивање на барањето и не се издава бараната лиценца. Доколку во периодот на важноста на лиценцата (1 година) МВР констатира дека кај одреден субјект се изменети односно не ги исполнува условите за кои е надлежен да врши контрола и надзор, ќе го извести Министерството за економија и труд по што министерството ќе донесе решение за одземање на веќе издадена лиценца, истакна Дурмиши.

Нагласи дека секој правен субјект без разлика на дејноста за која е регистриран вклучувајќи ги и сите угостителски објекти пред започнување со работа задолжително поднесува пријава или известување за започнување со работа до градоначалникот на општината, Инспекторат за труд, Дирекција за заштита и спасување, Агенција за храна и ветеринарство (доколку подготвува и послужува храна), УЈП и други надлежни институции кои се предвидени согласно позитивните законски прописи за која документација се подразбира дека задолжително ја има поднесено, по што може да поднесе барање за издавање на лиценца за вршење угостителска дејност во ноќен бар, кабаре, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва (од 20.45 часот) во Глазгов  во рамките од 5 коло во сегментот Б од Лигата на нации и гостува на силната селекција на Шкотска.

Македонија на поправен во Глазгов по први бодови во Б сегементот од Лигата нации

Во претходните 4 кола црвено жолтите се без постигнат гол и освооен бод, поради што нашите најдобри фудбалер вечерва и посакуваат да ја прекинат оваа лоша серија во Лигата на нации.

Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски посакува подобро издание на Македонија и прекин на негативната резултатска серија во ова натпреварување.

„Следниот меч е голем меч, со една силна Шкотска. Знаеме со какви играчи располага. Игравме пред еден месец со овој ривал во Скопје и успеа да не победи. Свесни сме за грешките и мора да ги поправиме. Во изминатите три дена трениравме, имаме одлична атмосфера. Играчите се фокусирани и мотивирани. Се надевам дека она што го работевме ќе го покажат и на теренот. Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар. Резултатите се такви какви што се, свесни сме и ние и играчите, но се надевам дека со мечот против Шкотска ќе излеземе од негативната серија. Против себе ќе имаме силен ривал, кој го доби Мектоминеј како повратник. Мора да играме храбро, играчите да уживаат и да не се плашиме. Драго ми е што сите репрезентативци добиваат минутажа во клубовите и се надевам дека ќе продолжат и понатаму така“, изјави Седлоски.

Матеј Гаштаров е еден од младите фудбалери во македонската репрезентација во овој циклус од Лигата на нациите. Фудбалерот на Црвена Звезда се надева дека ќе стигнеме до позитивен резултат против Шкотска на „Хампден парк“.

„Кога го носиме дресот на Македонија, мислам дека не треба да бараме посебна мотивација, затоа што самото тоа што сме во А-репрезентацијата ја носи мотивацијата. Играме против голема Шкотска, која има квалитетни играчи, но и ние имаме свои имиња кои се во многу добра форма. Ќе излеземе на теренот да дадеме се од себе и да уживаме. За мене, во дваесет дена ми се смени целиот живот и ова е нешто ново. Гледам кога ќе излезам на теренот да уживам. Играв против многу големи играчи и големи репрезентации, немам притисок и гледам да уживам во моментот“, изјави Гаштаров.

По четири кола води Швајцарија со 12 бода, а потоа се Словенија со седум, Шкотска со четири и Македонија без бодови. Во лигата Б, победниците на групите ќе се пласираат во лигата А, второпласираните ќе играат плејоф за пласман во највисокото ниво на Лигата на нациите, третопласираните ќе опстанат во лигата Б и ќе ја завршат сезоната, а четвртопласираните ќе настапат во плејофот за опстанок во лигата Б, против второпласирана селекција од групите во лигата Ц.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека сака да го „реши прашањето за Куба“ пред да ја напушти функцијата и додаде дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. 

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам, не ја исклучувам воената опција.

Американскиот претседател го кажа ова во разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава.

„Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место, нација – како и да сакате да го наречете“, изјави тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида.

„Би сакал да можам да направам нешто за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио, чии родители се од Куба, „со задоволство би го направил тоа“. „Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“.

Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можна интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба се распаѓа. Тоа е земја што не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат Демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – всушност, сè од тоа во едно“, рече тој на брифинг за новинари во понеделникот.

Трамп го изјави ова одговарајќи на прашањето дали сè уште планира да ја преземе Куба, додавајќи дека САД ќе ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој наведе дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба. „Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тој тогаш на новинарите.

На почетокот на овој месец, администрацијата на Трамп најави нов пакет санкции против Куба. Мерките се насочени кон 10 поединци и субјекти поврзани со кубанската влада, војската и нафтената индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во натпреварот од 5. коло на дивизијата А во Лигата на нации. Италијанските фудбалери ја победија, силната Франција на дербито во Милано со резултат 3:1, во

Италија подобра од светскиот вицешампион Франција во дербито од Лигата на нации

Франција подобро го отвори дербито и поведе уште во воведниот дел од средбата со 0-1. Олисе ја казни големата грешка на капитенот на домаќините голманот Џанлуиџи Донарума, кој практично му ја подари топката на противникот, Олисе ја искористи можноста и со прецизен удар ја погоди малата мрежаза водство од 1-0.

Сепак избраниците на Манчини брзо се вратија во натпреварот.

Пио Еспозито се најде на вистинското место по добрата акција на Николо Камбијаги и ја затресе мрежата за 1:1.Тоа беше и резулатот на првите 45 минути.

Италија набрзо доби шанса да го сврти резултатот од пенал. Мало Густо го собори Камбијаџи во шеснаесетникот, но Себастијано Еспозито лошо го изведе ударот и ја испрати топката високо над голот.

Ова промашување не ги поколеба домаќините. Италијанците продолжија со нападите, а влегувањето во игра на Федерико Димарко се покажа како полн погодок. Неговиот центаршут го пронајде Давиде Фратези, кој погоди за 2:1 и им донесе водство на „Аѕурите“.

Пио Еспозито им го зададе конечниот удар на Французите. Дајо Упамекано направи пенал врз Антонио Вергара, а младиот италијански напаѓач беше сигурен од белата точка и го постави конечниот резултат од 3:1.

На тој начин, Италија освои важни бодови и го презеде врвот во групата А1, со што се доближи до пласман на завршниот турнир во Лигата на нации. Франција, пак, пропушти можност да ја задржи контролата врз сопствената судбина во борбата за натамошен пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер