Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет - Канал 5

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена .

Дурмиши: Детално ќе се проверуваат 600 до 700 производи, за да се види како растат цените од увоз до маркет

Најавените конторли на околу 700 производи кои се дел од потрошувачката кошничка ќе бидат обемни и детални – ќе се проверува целиот синџир на формирање на цената на секој од нив тргнувајќи од набавната па се до продажната цена вели министерот за економија Бесар Дурмиши. Целта според него е да се идентификуваат фактори кои евенутално доведуваат до нивно зголемување, а доколку анализите покажат неоправдан раст тогаш најави дека ќе се активираат сите законски механизми за заштита на животниот стнадард. Поради обемноста на анализата, ресорниот министер без конкретен одговор кога извештајот на ДПИ би бил готов но се надева дека за 1 месец ќе може да се заврши. По минато неделната средба со трговците, до крајот на неделава, Дурмиши најави нови средби со добавувачите и производителите.

„Кога се врши конторла се гледа бруто профитната маржа каде што ние административно можеме да интервенираме. Ќе направиме детална анализа од производителот продажната цена до дистрибутерот и трговецот и ќе гледаме каде треба да угрираме.... “-- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Во пресрет на најавената владина реконструкција, Дурмиши без конретен одговор дали смета дека треба да остане на министерското место. Вели работат во интерес на граѓаните и тие го имаат крајниот збор.

„Подобро ќе се чувствувам кога ќе завршам некоја работа во интерес на граѓаните откалку колку ќе бидам во ресорното место. За две години како што кажав сме направиле многу во интерес на стопаснството, државата, граѓаните сме хармонизирале многу закони со ЕУ директива и така ќе продолжиме понатака. Кој во кое место ќе има смена или ќе има менување во ресорните места ќе разговаараат за тоа коалиционите партенери по што граѓаните ќе го кажат своето...“- Бесар Дурмиши - министер за економија и труд.

Инаку неговата денешна прес конференција беше посветена на сработеното досега, за што тој тече дека како министерството за две години успеале да спроведат реформи кои носат повеќе инвестиции, нови работни места, и подобар животен стандард.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попов: Герасимовски и СДС не можат да обезбедат основно мнозинство за работа, избегаа од соочување со граѓаните

Герасимовски избега од соочување со граѓаните, со советниците избрани од центарци!

Попов: Герасимовски и СДС не можат да обезбедат основно мнозинство за работа, избегаа од соочување со граѓаните

СДСМ и Герасимовски ја прекинаа денешната седница на советот на Општина Центар, затоа што не можат да обезбедат ни основно, просто мнозинство за работа. Избегаа од дебата!

Кадрите на СДСМ повеќе немаат ниту волја, ниту способност, а очигледно ни легитимитет да раководат со Центар.

Центарци заслужуваат повеќе и подобро од ова!

Сергеј Попов

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар повторно се обидува да ја доведе јавноста во заблуда, пласирајќи невистини за ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Герасимовски: Фактите ги демантираат лагите на ВМРО-ДПМНЕ, во ребалансот за 2026 година нема ниту еден денар за „Пелагонија“

Тврдењата дека со ребалансот се обезбедуваат средства за исплата на судски пресуди поврзани со „Пелагонија“ се целосно неточни и претставуваат свесна манипулација со граѓаните.

Фактите се јасни и лесно проверливи.

Одлуката по која е изгубен судскиот спор е донесена во 2025 година, а обврската по таа пресуда е целосно исплатена во текот на 2025 година. Прашањето е затворено минатата година и нема никаква поврзаност со ребалансот на Буџетот за 2026 година.

Во ребалансот за 2026 година се предвидени средства за реконструкција и санација на ООУ „Димитар Миладинов“ за изградба на лифт за децата со попреченост, во ООУ „Киро Глигорв“ поставување на нов чилер, реконструкција на платото на салата во ООУ „Гоце Делчев“ и реконструкција на постоечкиот потпорен ѕид во дворот на ООУ „Кочо Рацин“.

И покрај тоа, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ гласаше против овие инвестиции за децата.

„Наместо да ги поддржат проектите што обезбедуваат подобри услови за учениците, тие избраа да шират лаги и да ја манипулираат јавноста. Денес разговараме исклучиво за подобри училишта и подобри услови за нашите деца. Жал ми е што ВМРО-ДПМНЕ повторно гласаше против инвестициите во образованието и против подобри услови за учениците“, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи одговорно и транспарентно да работи во интерес на граѓаните, а јавноста навремено и вистинито да ја информира за сите одлуки и политики, без простор за политички манипулации и дезинформации.

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов Закон за обновливи извори: Реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија

Реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија – енергетски заедници, поголема заштита за граѓаните и силна поддршка за инвестициите

Нов Закон за обновливи извори: Реформа што ја менува енергетската иднина на Македонија

Усвоен новиот Закон за користење на енергијата од обновливи извори , со што Македонија направи еден од најзначајните реформски чекори во енергетиката во последните децении. За првпат обновливите извори на енергија се уредуваат со посебен закон (Lex specialis), со кој се воспоставува современа, европски усогласена и предвидлива правна рамка за развој на чистата енергија.

Со донесувањето на Законот, државата испраќа јасна порака дека обновливите извори на енергија стануваат еден од клучните столбови на националната енергетска политика, со цел зајакнување на енергетската безбедност, намалување на зависноста од увоз на енергија, отворање нов инвестициски циклус и забрзување на зелената транзиција.

Со Законот во националното законодавство се транспонираат најновите европски правила, вклучително и Директивата за промоција на користењето на енергија од обновливи извори, чија хармонизација и донесување претставуваат дел од Реформската агенда. Во рамките на процесот на енергетска транзиција се предвидуваат мерки и активности насочени кон диверзификација на економскиот модел преку развој заснован на знаење и поефикасно користење на ресурсите, поттикнување на инвестиции, развој на зелена и паметна инфраструктура, чиста енергија и развој на вештини, како и постепено намалување на зависноста од фосилни горива.

Новото законско решение има цел да ја зајакне сигурноста во снабдувањето со енергија, да овозможи исполнување на обврските преземени со ратификацијата на Договорот од Париз, да придонесе кон постигнување на националните задолжителни цели за учеството на енергијата произведена од обновливи извори во бруто финалната потрошувачка на енергија, како и да обезбеди усогласеност со националните стратешки и плански документи од областа на енергетиката, вклучително и Интегрираниот национален план за енергија и клима.

Законот е структуриран во 16 глави со кои се уредуваат надлежностите на институциите, националните цели за обновлива енергија, мерките за поддршка, гаранциите за потекло, статусот на потрошувач-производител, енергетските заедници, користењето на обновливите извори во секторите греење, ладење и транспорт, прекуграничната соработка, лиценцирањето и надзорот.

Меѓу најзначајните новини е воведувањето на современиот европски механизам двонасочен договор за пазарно порамнување на разликата (Two-way Contract for Difference). Овој модел обезбедува финансиска предвидливост за инвеститорите, гарантира минимален приход за производителите, а истовремено овозможува ограничување на прекумерните добивки во услови на високи пазарни цени, со што се создава дополнителна заштита за граѓаните и стопанството.

Законот воспоставува транспарентен, недискриминаторен и конкурентен систем за доделување мерки за поддршка преку повластена тарифа и пазарна премија, овозможувајќи поефикасно користење на обновливите ресурси, привлекување нови инвестиции, поттикнување на претприемништвото, отворање нови работни места и воведување современи технологии.

Законот првпат ги уредува и механизмите за нето-мерење (Net metering) и нето-пресметка (Net billing), со што се создаваат услови домаќинствата, компаниите и институциите активно да произведуваат, користат и управуваат со електрична енергија од обновливи извори.

За првпат се воспоставува и јасна правна рамка за формирање и функционирање на граѓанските енергетски заедници, преку кои граѓаните, општините и компаниите ќе можат доброволно да се здружуваат за заедничко производство, складирање, потрошувачка и продажба на електрична енергија, како и за реализација на локални енергетски проекти што ќе носат директни економски, еколошки и социјални придобивки.

Законот дополнително ја зајакнува националната рамка за гаранции за потекло на електричната енергија произведена од обновливи извори. Со неговото донесување се создаваат услови националниот оператор на пазарот на електрична енергија МЕМО ДООЕЛ да стане полноправна членка на европската Асоцијација на издавачки тела (AIB) и да се приклучи кон AIB HUB – европската мрежа за прекугранична трговија со гаранции за потекло. Со тоа македонските производители на зелена енергија ќе добијат можност нивните гаранции за потекло да бидат признаени и тргувани на европскиот пазар, што претставува значаен чекор кон поголема конкурентност и интеграција во европскиот енергетски систем.

Воедно, по стапувањето во сила на Законот, ќе започнат активностите за воспоставување аукциска платформа за тргување со гаранции за потекло, со што системот ќе стане целосно функционален.

Законот се очекува да се обезбеди:

1. долгорочно намалување на зависноста од увоз на енергија и енергенти;

2. зголемување на уделот на ОИЕ во бруто финалната потрошувачка на енергија;

3. зголемување на сигурноста во снабдувањето со енергија на крајните потрошувачи;

4. диверзификација на производството на енергија;

5. постигнување на климатските и енергетски цели за определени периоди од Интегрираниот национален план за енергија и клима;

6. намалување на употребата на фосилни горива и емисиите на стакленички гасови и зголемување на искористеноста на ОИЕ заради заштита на животната средина и ублажување на климатските промени;

7. доделување на мерките на поддршка за инвестиции за производство на енергија од обновливи извори на транспарентен, недискриминаторен, конкурентен, економичен и ефикасен начин, усогласени со стратешко-планските документи од областа на енергетиката;

8. развој на претприемништвото и создавање нови работни места поврзани со производството на енергија од ОИЕ;

9. поддршка на развојот и користењето на нови технологии и поттикнување на потрошувачите за поголемо користење и производство на енергија од обновливи извори за сопствени потреби.

Со усвојувањето на Законот за обновливи извори на енергија, Македонија воспоставува современа законска рамка која создава поголема правна сигурност за инвеститорите, нови можности за граѓаните и компаниите, поефикасни институционални процедури и целосно усогласување со европските политики во областа на обновливата енергија. Темел врз кој ќе се гради новата македонска енергетика – почиста, поконкурентна, поодржлива и посигурна за граѓаните, стопанството и идните генерации.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер