Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите - Канал 5

Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите

Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, најавува министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши. 

Дурмиши: Десет пати повисоки казни за нефер трговски практики, се размислува глоби да има и за добавувачите

Во интервју за МИА, Дурмиши открива дека се размислува, освен за трговците, глоби да има и за добавувачите.

Веќе се подготвуваат законските измени, а пред да бидат дефинирани и донесени, ќе се одржат средби со сите засегнати страни - дистрибутерите, трговците и производителите.

Според министерот, иако Законот за нефер трговски практики е во сила повеќе од една година, примената не е целосна. Дел од трговците формално ги усогласиле договорите, но и понатаму се утврдуваат недозволени трговски практики.

-Цениме дека казните за ваквите однесувања на трговците не се големи, туку се мали. Затоа, ќе имаме измени на Законот во наредниот период - ќе се зголемат казните 10 пати за сите трговци што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Ние посветено работиме да обезбедиме животен стандард за граѓаните, не може повеќе трговците да профитираат на грбот на граѓаните. Се размислува во казнената политика да се воведат казни и за добавувачите зашто тие досега не беа опфатени, а се случува, наместо да ги пријавуваат трговците што им прават притисок, на некој начин да се договараат со нив за да го зголемат рабатот, истакнува Дурмиши.

Пред донесувањето на законските измени, можно е, дополнува Дурмиши, да има и јавна дебата.

-Прво ќе ги известиме, да знаат со што ќе се соочуваат во наредниот период, а потоа ќе ги доставиме измените како предлог во владина процедура, па ќе одиме во Собрание. Пред да се усвои овој закон или да бидат во сила овие измени, може да имаме и некоја јавна дебата за да се приклучат сите засегнати страни, објасни министерот.

Во интервјуто, Дурмиши зборува за борбата против сивата економија, за минималната плата и за платите на функционерите.

-Како министер за економија ја поддржувам иницијативата за намалување на платите на функционерите, односно на именуваните лица. Сметам дека во овој период приоритет ни е да имаме стабилност во јавните финансии. Средствата треба да бидат насочени таму каде што е најпотребно, кон граѓаните. Испраќаме јасна порака, дека одговорноста треба да почнува од нас, потенцира Дурмиши.

Министерот информира дека утре ќе се одржи седница на Економско-социјалниот совет, а меѓу точките на дневниот ред, вели, е и Просечната потрошувачка кошничка.

Министре, би го почнале разговорот со минималната плата, како едно од најактуелните прашања. Најавена е седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Што очекувате и како ги коментирате најавите на ССМ за генерален штрајк?

-Точно е дека минималната плата е најактуелна тема, но јас би го додал и зборот најполитизирана, зашто во Економско-социјалниот совет имаме и многу други теми што се исто така многу важни и што треба да ги третираме. Би кажал за вас и за јавноста дека утре, на 2 март, ќе се одржи седница на ЕСС. Имаме направено дневен ред, за тоа што ќе се дискутира, ќе има и други точки што се побитни.

Платите треба да растат. Многу пати лошо се разбираме, но тој раст треба да биде од реален економски раст. Треба да биде од растот на продуктивноста, од растот на инвестициите. Значи, да оди растот од една страна одржливо, а на другата страна да немаме зголемување на инфлацијата. Градиме систем каде што ќе обезбедиме трајно зголемување на животниот стандард на граѓаните. Оваа Влада година и пол работи на суштинско подобрување на системот, на подобрување на законските решенија од областа на економијата, за да имаме стабилно зголемување и на животниот стандард на граѓаните и на платите.

Како земја која сака да биде членка на Европска Унија, мора да работиме за да имаме стабилни институции, а кога ќе се зголемува продуктивноста, кога ќе се зголемуваат инвестициите, кога ќе имаме стабилни институции, ќе се создаваат одржливи работни места и ќе имаме и зголемување на платите.

Владата останува на ставот дека ќе поддржи секакво решение што ќе договорат двете страни. Дали можеби очекувате решение сега и што ако евентуално не се постигне решение?

-Ние од почеток сме кажале дека сме за дијалог, не бегаме од дијалогот. Синдикатите бараат минималната плата да биде 600 евра, а ние со аргументи што се релевантни од институциите, со податоците што ги земаме, сме покажале дека сме за договор.

Изминатиот период постигнавме договор со вработените во јавниот сектор. Скоро 11 000 вработени ќе земат поголеми плати, во наредните три години ќе имаат скоро 40 отсто зголемување на платите. Ние нема да обврзуваме друга влада во нареден период да има долгови. Сме ги зголемиле платите и во образование, сме ги зголемиле платите и во здравство, во полиција, во Министерство за одбрана исто така.

Значи, со овој крајниот договор што го достигнавме со еден дел од синдикатите, ние со вработените во јавниот сектор сме ја постигнале таа цел - да се зголемат платите и да може вработените да работат достоинствено.

Но, во однос на приватниот сектор, ние не може да се мешаме таму и да му речеме на стопанството - треба да ги зголемите платите. Работодавачите и работниците треба меѓусебе да се договараат, а каква и одлука да донесат, ние сме таму да им помогнеме на двете страни оти ние сме на средина, ги следиме сите. На пример, стопанството го следи интересот на компаниите, синдикатот на вработените, а ние како Влада треба да ги имаме предвид и стопанството и вработените и сите граѓани во нашата држава.

Треба да работиме и во делот на инфлацијата да биде стабилна. За месецот што помина, јануари, ги има податоците на Државен завод за статистика, покажаа дека имаме намалување на инфлација за 0,7 отсто.

Што се однесува на минималната плата, имаме една формула која е во сила. Најверојатно ќе биде зголемена минималната плата за околу 1 600 денари нето, за оваа година што доаѓа. Тоа е законско решение што го утврдија сите страни од Економско-социјален совет. Синдикатите потпишаа за оваа формула, потпишаа работодавачите, исто така и Владата.

Критиките што ги имаме од опозицијата - порано кога беа тие на власт велеа дека оваа формула е системско решение и дека е најатрактивна и дека ја практикуваат европски земји. Сега, одеднаш, не чини оваа формула. Не можеме да ги разбереме.

Министре, се донесе Законот што предвидува намалување на платите на функционерите преку корекција на коефициентите. Како ги оценувате обвинувањата од опозицијата дека се работи за популизам?

-Да, исто како и вие, и јас го следев Предлогот на пратениците во Собранието и како министер за економија ја поддржувам оваа иницијатива за намалување на платите на функционерите, односно на именуваните лица. Сметам дека во овој период приоритет ни е да имаме стабилност во јавните финансии. Средствата треба да бидат насочени таму каде што е најпотребно, кон граѓаните.

Во изминатиот период имаме најголем јавен долг што е направен од минатата власт. Се соочуваме со сите овие проблеми со празен буџет, да не ги набројувам по ред проблемите со кои се соочуваме и што сакаме да ги решиме.

Согласно овие измени што ќе се направат, ќе се намали коефициентот и намалувањето на функционерските плати ќе изнесува од 10 000 до 13 000 денари.

Испраќаме јасна порака дека одговорноста треба да почнува од нас.

Работиме на зголемување на минималната плата, работиме на поддршка на стопанството - со многу мерки за компаниите да ги зголемат платите на вработените. Треба да се подразбира дека треба да ја постигнеме оваа цел и функционерите треба да појдат од себе - еве ги намалуваме платите од 10 000 до 13 000 денари.

Објавена е Синдикалната потрошувачка кошничка за февруари. До каде е Просечната кошничка што ја изготвува Владата во соработка со работодавачите и синдикатите и дали ќе биде пониска? Ако да, за колку?

Многу пати е зборувано за Синдикалната кошничка од синдикатите и сме ги кажале нашите забелешки што ги имаме кај нивната кошничка, поради тоа што еве на пример тие ги објавуваат податоците 10 дена пред да заврши месецот. Други забелешки имаме - дека ги земаат највисоките цени на прехранбените производи, не ги земаат предвид податоците од 10, да речеме, маркети и да ја земат просечната цена или најниската цена, а исто така таму, кај таа синдикална кошничка се ставени и трошоци за кирија. Според пописот што е направен во 2021 година, 90 отсто од нашето население живее во сопствен дом. Исто така и некои производи што во одреден временски период не се употребуваат од граѓаните.

Ние изготвивме Просечна потрошувачка кошничка. Дадена е во Економско-социјалниот совет, кај сите членови и чекаме нивни забелешки, нивни предлози како придонес во оваа Просечна потрошувачка кошничка.

До сега, за жал, не сме имале уште некој предлог. Кошничката ќе ја ставам на дневен ред и на утрешната седница на ЕСС за да ја дискутираме. На крај, ќе ја финализираме и ќе биде објавена пред јавноста - потрошувачка кошничка која ќе се базира на реалните податоци од релевантните институции, а не да имаме некоја потрошувачка кошничка направена од некој професор или од некои луѓе што не се релевантни, односно не се проверени од институциите.

Кога, според Вас, може да се очекува Просечната потрошувачка кошничка?

Па, ако утре имаме забелешки, нормално дека ќе треба да ги разгледаме, да ги анализираме. Ако имаме предлози и тие треба да ги анализираме и на наредната седница ќе биде објавена во јавност и ќе продолжиме со пресметување на Потрошувачката просечна кошничка која е релевантна и доверлива за граѓаните. Да не сееме магла, туку реално да знаат колку пари треба да има едно четиричлено семејство за да помине еден месец.

Од Законот за нефер трговски практики досега имаше некои резултати, беа објавени. Но, можете ли да ни кажете нови податоци, низ бројки, колку реално Законот има ефект и колку ние како граѓани можеме да го воочиме тоа во однос на цените на храната?

Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување за прехранбени производи се применува повеќе од една година. Знаеме дека овој Закон е дел од барањето на Европска Унија, да го спроведеме. Законот го спроведовме и стапи во сила. Надзорот на Комисијата јасно покажува дека има одредени позитивни поместувања, но примената не е целосна. Треба време за да се имплементира целосно овој Закон.

Дел од трговците формално ги усогласија договорите, меѓутоа и понатаму се утврдуваат појави од недозволени трговски практики. Законот опфаќа 2 538 прехранбени производи каде што се утврдуваат 28 нефер практики, со ограничување на рабатот од 10 отсто меѓу продавачите и добавувачите.

Комисијата за заштита на конкуренција е на терен, контролира секојдневно, има оформено над 30 предмети и има запишано околу 150 000 евра казни за овие предмети што ги има најдено. Знаете, тоа беше и споделено во јавноста – беа фатени четири најголеми трговци што имаат направено картел меѓу себе, договорени за да ги зголемат цените и исто така и една стопанска комора. Веќе се казнети, но цениме дека казните за ваквите однесувања на трговците не се големи, туку се мали. Затоа ќе имаме измени на Законот во наредниот период - ќе се зголемат казните 10 пати за сите трговци што не го почитуваат Законот за нефер трговски практики. Ние посветено работиме да обезбедиме животен стандард за граѓаните, не може повеќе трговците да профитираат на грбот на граѓаните.

Се размислува во казнената политика да се воведат казни и за добавувачите зашто тие досега не беа опфатени, а и се случува, наместо да ги пријавуваат трговците што им прават притисок, на некој начин да се договараат со нив за да го зголемат рабатот.

Во наредниот период ќе направиме измени на Законот каде што ќе ги ставиме и добавувачите за да бидат и тие опфатени со цел да им излеземе во пресрет на граѓаните.

Дали овие измени, зголемувањето на казните и евентуалното вметнување на добавувачите ќе одат заедно, како пакет и кога може да се очекуваат?

Да, заедно, во пакет ќе одат овие измени. Од март претпоставувам дека ќе почнат. Прво ќе оствариме состанок со сите - со дистрибутерите, трговците, производителите, за да ги известиме, да знаат со што ќе се соочуваат во наредниот период, потоа ќе ги доставиме измените како предлог во владина процедура, па ќе одиме во Собрание.

Пред да стигне да се усвои овој закон или да бидат во сила овие измени, може да имаме и некоја јавна дебата за да се приклучат сите засегнати страни што ги опфаќа законот.

Министре, во повеќе наврати најавивте интензивно сузбивање на сивата економија. Колку е тоа фактички можно, колку реално може да се спроведе? Што конкретно презема Владата во оваа насока?

Мора да бидеме искрени - за дел од работниците непријавената работа не е опција, туку е нужност зашто тие прифаќаат работа под какви било услови за да обезбедат основна егзистенција. Имаме субјекти кои свесно избегнуваат плаќање даноци и придонеси и се создава нелојална конкуренција, а сивата економија директно го поткопува владеењето на правото, ги намалува јавните приходи, прави штета на државата и ги загрозува правата на работниците - немаат платени придонеси, осигурување,... Истовремено, ги става во неповолна позиција сите компании што ги плаќаат придонесите, што работат легално и што вработените ги имаат пријавено во Агенција за вработување.

Ние прво ќе одиме со конкретни чекори, а не со репресија. Тоа ни е втора опција. Првиот чекор е Оперативниот план за кој обезбедивме 40 милиони евра, најголем буџет до сега за вакви оперативни планови, преку кој ќе може да се самовработуваат многу луѓе и сите тие што работат вакви дејности да можат да земат и поддршка од овој оперативен план и на некој начин да го формализираат својот сопствен бизнис или ако имаат вработени во нивната компанија. Има многу мерки во овој оперативен план, има мерки и за вработување, дополнително вработување да се поддржи фирмата до 4 000 или до 5000 евра.

Второ, го донесовме Законот за работно ангажирање во тие дејности каде што сивата економија е најизразена - земјоделство, рибарство, шумарство, угостителство,... Значи, да можат да работат и тие што земаат социјална помош, да може да работат и пензионерите, да може да работат и студентите и да не ги губат веќе стекнатите права што ги имаат порано. Се олеснува пристапот сите граѓани да може да бидат вработени не повеќе од 6 месеци во текот на една година.

Трето, од 1 јануари знаете дека почнавме со примената на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Ќе ги стимулираме компаниите да вложуваат, да инвестираат, да вработуваат луѓе. Ќе земат финансиска поддршка од Владата, односно од Министерството за економија и труд.

Но, одиме и со контроли, го зголемивме бројот на контролите. Во 2025 година имаме зголемена контрола кај Државен пазарен инспекторат за 15 отсто, а кај Трудовиот инспекторат за 20 проценти. Овие контроли ќе ги зајакнеме уште повеќе, ќе одиме со поголем број контроли и во 2026 година и сите тие што не го почитуваат Законот и ја поттикнуваат сивата економија, ќе бидат казнети како што е предвидено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Австралиската инфлуенсерка и креаторка на содржини на платформата OnlyFans, Микаела Теста, објави дека нејзиното барање за американска зелена карта не е одобрено, поради што мора да се врати во Австралија. 

Ѕвезда на OnlyFans се расплака: Мора да се вратам дома без сопругот (ВИДЕО)

Одлуката на имиграциските власти значи дека Теста ќе мора привремено да биде одвоена од својот сопруг, американскиот бодибилдер Максвел Краузе.

Таа ја сподели веста во емотивно видео на TikTok, кое беше прегледано повеќе од милион пати за краток временски период. Заедно со видеото на кое плаче, 26-годишната девојка објави и предупредување: „Омажи се за странец на свој ризик“. Таа објасни дека го снимила видеото за да ги спречи шпекулациите за евентуално распаѓање на нивниот брак.

„Ако ме видите на летот за Австралија во следниот влог, тоа не е затоа што се случило нешто лошо, туку затоа што не ми ја одобрија зелената карта“, рече таа во видеото. „Не можам ни да опишам како се чувствувам. Морам сама да се качам на авион за Австралија, а сум во брак со овој човек и не можам да бидам со него“.

Компликации со визата

Потоа Теста ги објасни имиграциските проблеми со кои се соочува двојката. Таа рече дека поради сè построгите правила и ограничувања при влегување во одредени земји, тие морале да одлучат каде да живеат.

„Луѓето не сфаќаат колку документација има“, забележа таа. Проблемот се појавил откако Краузе, според неа, ги искористила можностите за привремен престој во Австралија.

„Последниот пат кога влеговме во Австралија, тој бил задржан на границата поради чести влегувања. Макс ги искористил сите достапни австралиски визи, вклучително и работна виза за одмор. Немал повеќе опции“, објасни таа.

@mikaelatesta ♬ original sound - Mikaela Testa

Бидејќи Краузе повеќе не можел едноставно да влезе во Австралија, двојката решила да се фокусира на својот престој во Соединетите Држави. „Не можев да се справам со постапката за влез на Макс во Австралија и мојот за САД во исто време. Моравме да избереме една земја и се одлучивме за Америка“, објасни таа.

Во видеото, таа ги замолила своите следбеници за поддршка додека чекаат на конечната одлука. „Можеби наскоро ќе добиеме лоши вести. Ве молиме испратете ни позитивна енергија и среќа, мислам дека навистина ќе ми требаат.“ Подоцна во коментарите, таа разјасни што се случило за време на постапката: „Имавме разговор за зелена карта и ни се чини дека не поминало добро.“

Свадба на Хаваи

Проблемите со престојот во САД се појавија кратко по нивната свадба на Хаваи. Двојката имаше интимна и ненајавена церемонија, а Теста носеше винтиџ фустан за таа пригода, за кој плати 30 долари.

Иако се надеваа дека по свадбата ќе можат да го решат прашањето за нејзиниот престој во САД без поголеми проблеми, постапката не заврши како што очекуваа. Теста сега мора да се врати во Австралија, додека нејзиниот сопруг ќе остане во САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија.

Ангела Меркел пазари во супермаркет во Италија- вработените откриваат што купила и како се однесувала (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ги изненади вработените и клиентите кога во вторник попладне застана во супермаркетот „Конад“ во градот Кава де Тирени, во италијанскиот регион Кампанија, пред да го продолжи своето патување до крајбрежјето Амалфи, каде што ќе помине неколку дена на одмор во Равело, објавува „Матино“.

Меркел претходно пристигна на аеродромот Каподикино во Неапол, од каде, придружувана од обезбедувањето, се упати по автопатот преку Помпеја и Салерно до крајбрежјето Амалфи. На излезот за Кава де Тирени, таа одлучи да направи кратка пауза во супермаркетот, кој се наоѓа недалеку од наплатната рампа.

„Љубезна, топла и пристапна“

Нејзината посета ги изненади вработените и клиентите. Асунта Ламберти, вработена во одделот за деликатеси, беше првата што ја препозна поранешната германска канцеларка.

„Изгледа како госпоѓа Меркел“, извика таа, сè уште во неверица додека сечеше сувомеснато месо. Нејзината претпоставка беше потврдена од секретарката и преведувачот на политичарот.

Вработената подоцна ја опиша Меркел како љубезна, топла и пристапна личност. Поранешната канцеларка помина некое време разгледувајќи наоколу и купувајќи производи, поздравувајќи ги оние што ја препознаа.

YouTube video

Локални специјалитети во кошничката

Сепак, таа беше особено импресионирана од речиси празните полици, особено во одделот за овошје и зеленчук. Недостатокот на одредени производи беше поврзан со штрајк на камионџиите, а Меркел праша за причините за намалената понуда.

Нејзината кошничка содржеше и локални специјалитети, вклучувајќи неколку пакувања тестенини Граниано и моцарела од биволско потекло, карактеристични производи на гастрономската традиција на Кампанија.

По купувањето, Меркел ги поздрави присутните и го напушти супермаркетот, каде што ја чекаше возило, пред да продолжи по патот кон нејзината дестинација на брегот на Амалфи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа.

Данска прв пат во својата историја купува прецизни ракети со долг дострел- Русија со жестока реакција

Членката на НАТО, Данска, вчера соопшти дека се согласила да ги набави своите први прецизни ракети со долг дострел, во обид на нордиската земја да ја зајакне својата безбедност и да ја одврати Русија од агресија во Европа, што предизвика осуда од Москва.

Данскиот министер за одбрана, Јепе Брус, изјави дека новите ракетни системи ќе ги зајакнат капацитетите на Данска и ќе ѝ овозможат да изврши напади „зад непријателските линии“ доколку биде нападната.

„Се наоѓаме во сериозна и влошувачка безбедносна ситуација и затоа ја зајакнуваме нашата одбрана и ја зголемуваме нашата борбена моќ“, изјави Брус пред новинарите.

Руската амбасада во Копенхаген во писмена изјава изјави дека целта на ракетната политика на Данска е конфронтација со Москва и предупреди на „неизбежни катастрофални последици“.

„Копенхаген е зафатен од опасни заблуди дека купувањето офанзивно, високопрецизно, оружје со долг дострел, кое претставува воена закана за нуклеарна сила, ќе помогне во зајакнувањето на безбедноста и одбраната на Данска“, соопшти амбасадата.

Данска минатата година објави планови за набавка на офанзивно оружје со долг дострел за да се спротивстави на воената закана на Русија за Европа, што предизвика остар одговор од Москва.

Премиерката Мете Фредериксен потоа ја повика војската да „купува, купува, купува“ ново оружје, по години намалување на воениот буџет, во промена на политиката предизвикана од војната на Русија во Украина.

Данска вчера соопшти дека се согласила да купи ракети „Антем“, произведени од американската одбранбена компанија „Ковенант“ во Германија, како и ракети „Џоинт Страјк“ за своите борбени авиони „Ф-35“, произведени од норвешката компанија „Конгсберг“ (KOG.OL).

Брус не кажа колку ракети нарачала Данска или колку ќе плати за нив.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер