Компанијата со седиште во Волфсбург претходно усвои план за штедење со кој ќе се намалат вкупно 35.000 работни места до крајот на деценијата, првенствено во нејзините германски фабрики, објави „Ројтерс“.
Отпремнината за погодените работници зависи од должината на стажот и може да достигне до 400.000 евра по лице.
Менаџментот на „Фолксваген“ и синдикатите се согласија на крајот од 2024 година за мерки за штедење за неговиот основен бренд „Фолксваген“ за кои се очекува да ги намалат трошоците за работна сила за 1,5 милијарди евра годишно.
Компанијата, исто така, најави дополнителни мерки за штедење, така што од 2026 година бројот на годишни места за обука ќе се намали од 1.400 на 600, додека 130.000 работници на брендот „Фолксваген“ ќе мора да се согласат на период без вистинско зголемување на платите.
Планирано е пет проценти од заработката да бидат пренасочени кон фонд за флексибилни модели на работа, а годишниот бонус од 1.290 евра ќе биде укинат.
Синдикатот IG Metal тврди дека оваа договорена стратегија засега го спречила затворањето на фабриките на Volkswagen, но останува неизвесно дали ова ветување може да се одржи поради долгорочната криза во германската автомобилска индустрија.