Дури 20.000 луѓе живеат во зграда во Кина и не мора да излегуваат надвор (ФОТО) - Канал 5

Дури 20.000 луѓе живеат во зграда во Кина и не мора да излегуваат надвор (ФОТО)

Дури 20 илјади луѓе моментално живеат во комплексот Regent International RESIDENTIAL, огромна зграда во градот Qianjiang Century во деловната област Хангжу, Кина, кои никогаш не мора да ја напуштат.

Дури 20.000 луѓе живеат во зграда во Кина и не мора да излегуваат надвор (ФОТО)

Имено, со оглед на тоа што внатре во зградата можат да ги најдат сите потреби што им се потребни, жителите на овој комплекс всушност не мора да излегуваат надвор доколку не сакаат.

@fatheristheone The Regent International apartment in Hangzhou, China is famous for having a lot of inhabitants comparable to a small town, around 20,000 #unreal #😎 #followme #love #free #forever #friends #earth #biggest#apartments#hangzhou #china ♬ original sound - father is the one

Зградата, која првично е дизајнирана како луксузен хотел, е висока 206 метри и се состои од 39 ката, што ја прави една од најголемите згради во Кина, па не е ни чудо што стана вирална на TikTok.

Комплексот може да прими до 30.000 станари, но 20.000 од нив моментално живеат таму. Овој мал град вклучува многу објекти, како што се ресторани, берберници, салони за маникир, супермаркети, базени и кафулиња.

@herbs2help #china #hangzhou #crazy #apartment #building #fyp #foryoupage #fypage #architecture #design #luxury #interior #apartemen #apartments #apartmentliving ♬ ceilings - Sped Up Version - Lizzy McAlpine

Зградата ја дизајнираше Алиша Лу, која го дизајнираше и хотелот Сингапур Сандс со седум ѕвезди. Regent International требаше да биде хотел со шест ѕвезди, но е претворен во комплекс од луксузни апартмани, популарни меѓу студенти, дипломци и млади професионалци.

Инаку, киријата на помалите станови без прозорци обично чини околу 195 евра месечно, додека поголемите станови со балкони околу 520 евра месечно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евра

Почнуваат работите на последната делница од 11,5 километри за да имама целосно автопат од Скопје до Охрид со што би се заобиколило искачувањето на Стража. 

Почна изградбата на автопатот Букојчани – Кичево, инвестицијата вреди 139 милиони евра

Работите интензивно течат на делницата од Тетово до Гостивар, во тек е изградбата на делот од Гостивар до Букојчани и со почетокот на последниот дел кој недостигаше се поврзува и последниот дел од Букојчани до Кичево со што се прави една автопатска целина.

За оваа делница беа потребни 8 годни подготовки заради специфичноста на теренот а предвидено е оваа делница да биде готова за 4 години.

За изградбата на овој пат финансиите се обезбедени главно преку заем од Еврпската банка за обнова и развој Ебор како и 20 милиони евра грат од Европската унија

Инаку оваа делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. На оваа делница ќе се изгрди автопат со два правци , со по две ленти во еден правец од по 3,5 метри и дополнитлна лента за застанување од 2, 75 метри со што предвидената брзина на движење би била од 110 до 130 километри на час зависно од конфигурацијата на теренот.

Предвидени се и две клучки од кои едната е пред Кичево со што ќе се добие целосна заобиколница околу Кичево која клучка треба да биде готова за две години.

Покрај ова во земјава интензивно се гради автопатско поврзување меѓу Прилеп и Битола, почна работите и за автопат од Скопје до Блаце .

Новата делница е дел од европскиот Коридор 8, кој ги поврзува транспортните правци меѓу Македонија, Албанија и Бугарија. Освен за патничкиот сообраќај, таа е важна и за превозот на стоки, регионалната трговија и поврзувањето на стопанството

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Сè се работи под маса. Договори што само тие во Владата ги знаат. 

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Свечен дочек со црвен тепих и камери на граница за повратници. Пуштање од затвор. Куќен притвор, ослободување. Пет тони дрога којашто поминаа преку граница. Нарко дилер Цуната кој бега од прозор од полициска станица во кочани.

Истата банда. Mинистер од ВМРО-ОКГ.

За случајот со Ива Михаилова, Тимчо Муцунски рече: судската постапка е работа на судството. Извршната власт не се меша. Здравствениот систем во Македонија може да обезбеди нега. Македонија е подготвена да прими бугарски лекари за консултација, како гест на добра волја, не како обврска.

Сега гледаме дека се пушта преку граница. Иако судот ѝ ги одзеде двата документи, македонски и бугарски пасош.

Таа вели легално, со лична карта, граничарите знаеле. МВР вели нема евидентиран излез.

Бугарската гранична полиција вели нема евидентиран влез. Како?

Повеќе пати СДСМ бараше смена на сегашниот министер за полиција.

Човек што го ослободува обезбедувањето на Мицкоски што тепа жени. Се пуштаат масовни убијци, дилери од полициска стануца. Не се реагира на пријава за насилство во семејство што доведе до самоубиство на дете и мајка.

Министерот рече дека има систем, веројатно “Пегазус” и дека снима разговори на граѓани.

Има снимање на граѓани преку Safe City, систем пуштен без контролен закон што би ги спречил злоупотребите.

До денес нема одговор како пет тони поминаа граница.

Еве денес прашање: како излегла Михаилова од земјата ако ѝ се одземени двата пасоши? И бугарскиот и македонскиот?

Панче само да не каже дека правел хиперхлорирање па не можел да се занимава со пограничната работа на полицијата што е во неговиот сектор.

Границата не е решето само за дрога и за бегалци од правда. Со Мицкоски, Тошковски и ВМРО границата е решето и кога судот ќе забрани.

СДСМ повторно бара да се утврди како се случило и да се понесе одговорност. Бараме оставка, Тошковски да понесе одговорност.

Доста се злоупотреби на полицијата.

Скопје, 12.10.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

И адвокатот на Ива Михаилова  Насер Рауфи е изненаден од нејзиниот потег да ја напушти Македонија.

Адвокатот на Михаилова, Рауфи: Затекнат сум, Ива немаше дозвола од судот да излезе од државата

Во изјава за Канал 5 вели дека тој не знае како поминала граница, не бил консултиран и дознал дека е во Бугарија преку медимите. Последното барање до судот во Кочани им било за привремено враќање на пасошот, но одобрение за тоа не добиле.

Детали тврди дека нема ниту бугарската претседателка Илијана Јотова, која утрово дознала откако излегла од телевизиско студио. Од новинарите таму доби бројни прашања за случајот Михаилова.

„ Немате ли информација на каков начин дошла?

- Не, не.

Ќе се видите ли со неа?

- Во првата прилика, ако не ја остават во болница. Но и да ја остават во болница, ќе направам се што можам да се видам со неа.

Каква реакција очекувате од Македонија?

- Останува да видиме, има уште многу нејасни околности. Мислам дека надлежните органи во Бугарија прво треба да одговорат на некои прашања.. “-Илијана Јотова – претседател на Бугарија.

Случајот Ива Михаилова предизвика и политички реакции во земјава. Демократскиот сојуз бара итна истрага и одговорност кој се и помогнал да излезе од Македонија, но да се испита и учеството на нејзиниот адвокат од Бугарија Николај Димитров.

„ Бараме МВР, Царинската управа и Јавното обвинителство да утврдат како било можно таа да ја напушти државата и дали во тоа учествувале или потфрлиле полициски и царински службеници. Особено загрижува што бегството се случило во моментот кога беше прифатена можноста нејзината здравствена состојба да биде проценета и од бугарски лекари. Ова отвора сомнежи дали целта била да се избегне независна медицинска процена, која можеше да даде одговор на прашањето дали нејзината состојба навистина била животозагрозувачка и дали претходните судски одлуки биле оправдани. “-Демократски сојуз.

Следното рочиште за Ива Михаилова во кочанскиот суд е закажано за 9 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер