ФудбалДури 14 голови на двата натпревари во Лигата на шампионитеВо фудбалската Лига на шампиони синоќа се одиграа два натпревари од осминафиналната рунда на кои беа постигнати дури 14 голови.На стадионот „Етихат“ во Манчестер беа постигнати осум гола, на натпревар исполнет со многу пресврти што го доби Манчестер Сити со победа над Монако со 5:3. Серијата на голови ја отвори Рахим Стерлинг во 25. минута за водство на Манчестер Сити. Во продолжеието на првиот дел гостите направија пресврт, преку Радамел Фалкако (32. минута) и Килијан Мбапе (40), па на паузата заминаа со предност од 2:1. Во вториот дел, Фалкао во 50-минута не усепеа да реализира пенал, а неговиот удар од белата точка го одбрани голманот Кабаљеро. Затоа следуваше казна, преку Кун Агуеро. кој во 58. минута го израмни резултатот на 2:2. Само три минути подоцна (61) Фалкако се извади за промашениот пенал, па по брзиот контранапад по втор пат ја затресе мрежата на Кабаљеро, за водство на Монако 2:3. На вториот гол на Колумбиецот, возврати Аргенинецот, Агуеро кој во 71. минута израмни на 3:3. Тоа им даде дополнителен мотив на домашните фудбалери, кои преку Џон Стоунс (77) и Лерој Сане (82) стигнаа и до победа од два гола разлика 5:3. Во Леверкузен беа постигнати пет голови, а Атлетико славеше победа над Баер со 4:2. Головите за гостите од Мадрид ги постигнаа, Саул Нигуез (17. минута), Антоан Гризман (25), Кевин Гамемеиро од пенал (59) и Фернандо Торес (86). За Баер стрелец беше Керим Белараби (48), додека гостинскиот играч Стефан Савиќ (68) си постигна автогол. Вечерва своите први натпревари од осминафиналето ќе ги играат шпанската Севиља и англискиот шампион Лестер, односно Порто, кој ќе го пречека италијанскиот првак Јувентус. Реванш натпреварите од овие четири двојки ќе се играат на 14 и 15 март. Потсетување дека на првите четири натпревари од оваа рунда кои беа одиграни минатата сезмица беа постигнати овие резултати: Бенфика - Борусија Дортмунд 1:0, Париз Сен Жермен – Барселона 4:0, Баерн Минхен – Арсенал 5:1 и Реал Мадрид – Наполи 3:1. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕК предлага нов заем за Украина од 45 милијарди евраПретседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, предложи нов заем од 45 милијарди евра за Украина за 2027 година, обезбеден преку заедничко задолжување на ЕУ со гаранција од европскиот буџет. Од пакетот, 25 милијарди евра би биле наменети за воени потреби, а 20 милијарди за буџетска поддршка. Средствата треба да покријат приближно две третини од очекуваниот финансиски недостиг на Киев од 70 милијарди евра следната година. Според предлогот, Украина би го враќала заемот откако Русија ќе плати воени репарации. За одобрување е потребна едногласна поддршка од сите 27 членки, а противењето на Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија може да го забави договорот пред европскиот самит следната недела.Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКривични пријави за два слуачи поврзани со силување децаПолицијата поднесе кривични пријави за два случаи во кои биле силувани деца.. Едниот случај се случил во февруари 2026 година, а другиот во јули 2025 година.„СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(49) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата. Втората пријава е поднесена протов двајца сторители. „СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.Н.(47) и А.Т.(62) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело силување на дете кое не наполнило 15 години. Во јули 2025 година, пријавените извршиле полови дејствија врз малолетник“, соопшти полицијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАХВ заловила 96 грла добиток во Крива Паланка, акцијата ја попречуваат сопственицитеИма ли решение за кравите кои слободно шетаа низ Крива Паланка, а по кои станавме светски познати. Агенцијата за храна и ветеринарство досега заловила 96 грла крупен добиток во Крива Паланка, но акцијата се соочува со сериозни пречки. Од АХВ велат дека екипите имаат проблеми со непристапниот терен и опструкциите од поранешните сопственици. Институцијата, во координација со надлежните органи и локалната самоуправа, работи на одржливо решение за проблемот. Во меѓувреме, случајот предизвика политички препукувања меѓу градоначалникот Сашко Митовски и локалната ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата бараат вонредна седница на советот и акциски план за решавање на проблемот. Обвини градоначалникот го обвинуваат дека избегнува одговорност, додека Митовски возврати дека ахв веќе донела решенија за одземање на добитокот, кои не се спроведуваат. Градоначалникот претходно побара од владата да му додели законски овластувања за самостојно координирање на акцијата, како и прогласување 30-дневна кризна состојба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter