Дурент со 42 поени ја водеше Оклахома до убедлива победа над Филаделфија - Канал 5

Дурент со 42 поени ја водеше Оклахома до убедлива победа над Филаделфија

Најуспешниот тим од „Запад“ Оклахома сити ноќеска постигна убедлива победа над Филаделфија, за која ова беше 15.ти пораз во серија. Покрај Дурент кој постигна 42 поена одлично одигра и бекот Расел Вестбрук кој оствари трипл - дабл од 13 поени, 14 асистенции и 10 скока.

Дурент со 42 поени ја водеше Оклахома   до убедлива победа над Филаделфија
Предводници на триумфот беа првите играчи Кевин Дурант, кој за три четвртини постигна 42 поена, додека Расел Вестбрук имаше „трипл-дабл“ (13 поени, 10 скокови и 14 асистенции) втор сезонава за само 20 минути.

Двата најдобри тима од „Исток“ Индијана и Мајами претрпеа порази на ноќешните дуели.

Резултати на ноќешните дуели: Кливленд - Сан Антонио 101:122, Индијана - Голден Стејт 96:98, Хјустон - Мајами106:103, Оклахома Сити - Филаделфија 125:92, Феникс - ЛА Клиперс 96:104 и ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс 125:132.

Пласман Источна конференција: Индијана 46-14 (победи-порази), Мајами 43-15, Торонто 33-26, Чикаго 33-27, Вашингтон 31-29, Бруклин 29-29, Шарлот 27-33, Атланта 26-32,...

Пласман Западна конференција: Оклахома Сити 46-15, Сан Антонио 44-16, Хјустон 41-19, Портланд 41-19, ЛА Клиперс 42-20, Голден Стејт 37-24, Далас 36-25, Феникс 35-25,...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

Седум квартали раст на БДП над 3% и намален државен долг се показатели за економска стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ: Талогот од СДС несреќен поради успесите на државата

За само две години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ покажува дека со одговорно, и чесно управување може да се постигнат конкретни економски резултати.

Наследивме економски пустош, осиромашени граѓани, ослабени и нефункционални институции и огромни обврски. Денес, со внимателно управување со јавните финансии, не само што се намалува јавниот долг, туку се намалува и државниот долг.

Државниот долг сега изнесува 51,7% од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра.

Ова е јасен показател дека политиките на Владата даваат резултати и дека Македонија се движи во насока на финансиска стабилизација.

Позитивните трендови се потврдуваат и преку економскиот раст. БДП веќе седум квартали по ред бележи раст од над 3% проценти, што укажува на стабилна економска активност и зголемена доверба во економските политики.

За ВМРО-ДПМНЕ економијата не е статистика на хартија, туку подобар животен стандард, стабилни јавни финансии, повеќе инвестиции и сигурна иднина за граѓаните.

Додека претходната власт оставаше долгови, корупција и економски хаос, денес Владата работи на стабилизирање на државните финансии и создавање услови за економски раст.

Резултатите се мерливи. Долгот се намалува, финансиската стабилност се зајакнува, а државата конечно се управува домаќински.

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да работи за стабилна, економски силна и просперитетна Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на кампањата на Вучиќ

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

СДСМ: Стоилковиќ навредува - криминалната група ВМРО ги удира младите, комплетна копија на  кампањата на Вучиќ

Прво Мицкоски.

Потоа Латас.

Сега Стоилковиќ.

Ист речник.

Иста поделба.

Иста стратегија.

Во Србија, по избувнувањето на првите големи студентски протести, Вучиќ и СНС им возвратија на младите со стотици банери со крвав среден прст поставени низ целата земја.

Оттогаш Вучиќ веќе една година ги нарекува студентите и младите „странски платеници“, „предавници“, „улични насилници“, па дури и „усташи“ - секогаш кога ќе излезат да бараат правда и одговорност.

Главен промотор на таа кампања е Информер - телевизија, портал и весник.

Кампањата е кристално јасна: ако си млад и ја критикуваш власта - ти си против државата.

Сега истата матрица се пресликува во Македонија.

Мицкоски почна со „талог на општеството“, па продолжи со „медиокритети“, „глодари“, „мекотели“, „лешинари“…

Потоа Саша Богдановиќ - еден од оние што заедно со Максим Димитриевски ја делеа СДСМ за потребите на Мицкоски - го направи истиот чекор како Вучиќ: ги нарече „усташи“.

Латас ја води Орбановата медиумска машинерија кај нас

Стоилковиќ ја заострува реториката. А ВМРО бандата се нафрли врз младите кои носеа транспарент со вистината за водата во Ново Село.

Вучиќ си има свои „батинаши“, а сега Мицкоски се обидува да создаде свои насилници и тепачи.

Вучиќ ги нарекува младите криминалци и наркомани, а сега и ВМРО ги нарекува криминалци и дилери.

Целта е иста:

Да се обесхрабрат младите,

Да се создаде страв, да се подели општеството на „наши“ и „нивни“.

Поделбата на „патриоти“ и „предавници“ веќе не држи.

Зашто, како што сам Мицкоски призна, ВМРО не е македонска, туку „промакедонска“ партија - затоа што половина од нив имаат бугарски пасоши и бугарски фирми.

Во Србија оваа кампања се води затоа што студентите станаа најголема закана за режимот на Вучиќ.

Во Македонија се води затоа што СДСМ ги разоткри сите лаги и манипулации на оваа тендер-коалиција - на организираната криминална група на „тендер-патриотите“ од ВМРО.

Младите масовно си одат.

Оние што остануваат, сè повеќе гледаат дека оваа власт нема што да им понуди освен криминални тендери за Мицкоски, изолација на државата и навреди кон сите слободни граѓани.

„Талог“ е само копи-пејст на кампањата на Вучиќ.

Иста школа.

Исти ментори.

Иста цел - да се замолчат оние што бараат промена.

Граѓаните, а особено младите, веќе го препознаваат сценариото.

Во буџетот нема пари.

Просторот за нови задолжувања е речиси исцрпен.

Вториот пензиски столб најверојатно ќе се обиде да го „национализира“, но и тогаш ќе има проблем со исплата на пензиите.

Економскиот колапс веќе е произведен - само не знаат како да излезат од него.

Затоа Мицкоски се обидува „под радар“ да го протне францускиот предлог, за да излезе со некаков резултат.

Затоа лета на екскурзија во Брисел.

Просторот се стеснува.

Граѓаните веќе сè знаат.

Последните подготовки се јасни:

Медиумите на Вучиќ од групацијата „Ало“ (во која е и Информер - најгласното медиумско оружје на Вучиќ) и преземање на лиценца на Euronews, која треба да ја води Ивона Талевска заедно со началникот Латас - уредник на сите нивни медиуми.

Дотогаш мора повторно да го поделат народот.

Мора да се подготват за предвремени избори.

Затоа што пари нема.

А други резултати нема, ниту ќе има.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Извонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“

Со рафинирана техника, експресивна интерпретација и силно сценско присуство, грчката пијанистка Теодосија Нтоку синоќа ја воодушеви публиката на „Охридско лето“ настапувајќи  заедно со италијанскиот виртуоз на виолончело Масимо Полидори.

Извонреден концерт за пијано и виолончело донесе Грчката вечер на „Охридско лето“

Концертот беше организиран во рамки на Грчката вечер на фестивалот што традиционално се одржува години наназад на фестивалската програма со поддршка од Амбасадата на Република Грција во Скопје.

-Фестивалот „Охридско лето“ е еден од најценетите и широко познати фестивали во Република Северна Македонија и пошироко. Како амбасада, во текот на изминатите години со фестивалот заеднички работиме на организацијата на грчките вечери и ги носиме најдобрите уметници, рече грчката амбасадорка во земјава Софија Филипиду.

Публиката уживаше во изведбата на композиции од Сергеј Рахманинов, Антонин Дворжак, Едвард Елгар, Петар Илич-Чајковски, од Астор Пјацола и Габриел Форе.

Промовирана од страна на легендарната пијанистка Марта Аргерич, со која заеднички го издава албумот со дела од Бетовен за дискографската куќа „Ворнер класикс“, пијанистката Теодосија Нтоку плени со нејзиниот богат звук и интелигентно формирање на музичката мисла, а тоа го покажа и на вчерашниот концерт во црквата „Света Софија“. Критичарот на магазинот „Грамофон“ во критиката за нивниот албум ќе напише „јасно е зошто Аргерич ја привлекува музицирањето на Нтоку, тоа поседува слобода и не се плаши од ризици“.

Виолончелистот Полидори е роден во семејство на музичари и запoчнува да учи музика во родниот град Торино, каде и дебитира со оркестарот исполнувајќи ги Рококо варијациите од Чајковски со Камерниот оркестар на Софија. По дипломирањето со највисоки оценки во Италија, продолжува да се усовршува во Женева, во класата на Даниел Гросгурин, каде ја добива наградата Гран при за виртуозност исполнувајќи го Концертот за виолончело од Роберт Шуман. Тој е меѓународно признат водач на групата виолончела на оркестарот на „Ла Скала“ во Милано, позиција која ја добива на 30-годишна возраст откако тогашниот уметнички директор на оркестарот, Рикардо Мути, ги препознава неговите квалитети. Покрај тоа, Полидори е основач на триото „Јоханес“ и на Гудачкиот квартет на „Ла Скала“ заедно со концерт-мајсторот и истакнат виолинист Франческо Манара, ансамбли со кои постигнува светски успеси и настапува во „Карнеги Хол“, а со кои ги добива наградите „Осака“, наградата „Премио Трио“ во Трст и наградата на Асоцијацијата на музичките критичари на Аргентина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер