Дурент ги „поткачи“ Јокиќ и Дончиќ: „Погледнете како се однесуваат“ - Канал 5

Дурент ги „поткачи“ Јокиќ и Дончиќ: „Погледнете како се однесуваат“

НБА ѕвездата Кевин Дурант даде интересен коментар за престојниот меч на сите ѕвезди и двајцата најдобри кошаркари во лигата , Балканците Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Дурент ги „поткачи“ Јокиќ и Дончиќ: „Погледнете како се однесуваат“

Кошаркарите на Хјустон Рокетс беа поразени од Лос Анџелес Клиперс со резултат од 105:102 .

Кевин Дурент го заврши натпреварот со 21 поен, 8 скока и 6 асистенции и имаше интересен коментар по натпреварот на прес-конференцијата.

Кога новинарите го прашаа дали ќе игра сериозно и натпреварувачки на претстојниот Ол-стар викенд и дали го очекува тоа од другите НБА ѕвезди , Дурант рече:

„Тоа е она што треба да ги прашате Европејците и членовите на Светскиот тим, ако сакаат да се натпреваруваат. Погледнете ги Лука Дончиќ и Никола Јокиќ и како се однесуваат на НБА Ол-стар. Дали е тоа натпревар?“, рече популарниот КејДи и продолжи: „Никогаш не се прашавме што прават, но затоа се прашуваат „старите глави“, Американците. И ги имаме тие двајца, Јокиќ и Дончиќ, кои воопшто не се заинтересирани за кошарка. Лежат на подот, шутираат од половина терен, а потоа сите се грижат дали поискусните играчи ќе играат сериозно и енергично. И читам меѓу редови, само морам да го кажам ова“, рече Дурант.

НБА Ол-стар викендот се одржува во Лос Анџелес 14 -15 фебруари. Главниот меч во кој најверојатно ќе се сретнат селекциите на свет и една од американските селекции започнува во недела во 23 часот по наше време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

Лишена од слобода скопјанка, предизвикала пожар во централното подрачје на Скопје.

Уапсена е скопјанка, која запалила тревна површина во центарот на градот

На 06.09.2026 во 13:05 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Ш.И.(51) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека со запалива материја предизвикала пожар, при што опожарени биле поголема тревна површина со дрва, а биле зафатени и две бандери.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

По повод Денот на независноста, денеска во 19 часот, во касарната „Илинден“ во Скопје, артилерискиот баталјон на армијата ќе изврши почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија.

Десет артилериски плотуни за Денот на независноста: Армијата со почесна стрелба во касарната „Илинден“

Според генералштабот на армијата, во 18 часот ќе биде извршена пробна артилериска стрелба, со еден плотун од шест артилериски орудија. Почесната стрелба е дел од протоколарните активности на армијата по повод одбележувањето на 8 Септември – Денот на независноста..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Поранешниот командант на војската на Република Српска, Ратко Младиќ, кој од Хашкиот трибунал беше осуден на доживотен затвор, попладнево со воени почести е погребан на топчидерските гробишта во Белград. 

Во Белград попладнево е погребан Ратко Младиќ (ВИДЕО)

Посмртните останки на Младиќ, кој почина на 27 август во Хаг на 85-годишна возраст, претходно беа изложени во црквата „Свети Лука“ во Белград, каде што опело служеше поглаварот на српската православна црква, Порфириј. Младиќ, по желба на семејството е биде погребан до ќерката Ана. Младиќ во 2021 година беше правосилно осуден на доживотен затвор и беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за други воени злосторства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер