Дурант: Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер - Канал 5

Дурант: Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер

Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер, останатите момци ги натераа да платат за тоа.

Дурант: Лејкерси направија се за да ни го отежнат животот мене и на Букер

Најдобриот кошаркар на Феникс санс, Кевин Дурант, објасни што му помогна на неговиот тим да се справи со Лос Анџелес лејкерс.

Санс синоќа победија со 123:113.

- Моравме да ги казниме нашите противници затоа што направија максимални напори за да ме спречат мене и Букер. Ова е нешто на што Лејкерси исто така се фокусираа и имаа успех во претходните натпревари. Се трудеа да ни ја одземат топката од раце и да ни го отежнат животот. Но, останатите момци од нашиот тим ги натераа да платат за тоа денес. Дејвис често го оставаше Нуркиќ за да им помогне на другите да не задржат. Противникот ни врши максимален притисок и забораваше на останатите наши играчи. Тоа го искористивме, истакна Дурант.

Феникс санс со 34 победи и 24 порази се наоѓа на 7. место во Западната конференција од НБА-лигата.

Лос Анџелес лејкерс е на 9. позиција на Запад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Осуден е швајцарскиот фудбалер Гранит Џака

Фудбалерот Гранит Џака е казнет со условна парична казна од 150.000 швајцарски франци поради случај поврзан со фалсификувана потврда за ковид. 

Осуден е швајцарскиот фудбалер Гранит Џака

Оваа пресуда на швајцарското обвинителство во Луцерн ја обелодени самиот капитен на репрезентацијата, нагласувајќи дека целосно го прифаќа исходот од правниот процес.

Санкцијата се формулира преку 50 дневни тарифи во износ од по 3.000 франци, со рок на верификација од 24 месеци. Доколку во тој период не го прекрши законот, финансиската обврска нема да се активира, додека судските трошоци се веќе подмирени. По завршувањето на овој случај, играчот се огласи преку социјалните мрежи:

- Пред неколку недели лично се огласив овде и кажав дека ја преземам одговорноста за мојата одлука. Јас стојам на тоа. Откако дадов целосен исказ во јавното обвинителство, обвинителот сега донесе одлука. Бев осуден на условна парична казна од 50 дневни износи од по 3.000 швајцарски франци, со условна казна од две години. Тоа значи дека казната нема да се изврши доколку во тој период не сторам ново кривично дело. Јас веќе ги платив трошоците за постапката. Ја прифаќам одлуката и преземам одговорност. Ви благодариме за многуте пораки за поддршка во изминатите неколку недели. Многу ми значат - изјави фудбалерот.

За потсетување, оваа афера до медиумите стигна во средината на септември кога весникот „Блик“ ја објави веста за покренување на истрагата. Неколку дена подоцна, спортистот призна дека во текот на 2022 година добил неправилна потврда, оправдувајќи ја со моменти на страв и сомнеж во врска со имунизацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусот

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Муцунски се сретна со бугарската шефица на дипломатијата, Петрова-Чамова, коридорот VIII во фокусот

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари билатерална средба со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Велислава Петрова-Чамова.

Министерот Муцунски ја оцени средбата како конструктивна и одржана во позитивен дух, притоа нагласувајќи дека позициите на двете страни и натаму остануваат значително оддалечени.

Во однос на европската интеграција, Муцунски посочи дека меѓу двете страни постои висок степен на недоверба, која, од наша перспектива, е поврзана со предвидливоста на процесот и со досегашното искуство со билатералните барања.

„Нашите позиции се апсолутно јасни. Стратешки интерес и на Бугарија е ние да се движиме напред по европскиот пат. Но, ние сме земја која низ годините постојано се соочувала со билатерални барања. Кога ќе се затворело едно билатерално прашање, потоа се отворало ново“, истакна Муцунски.

На средбата беше разговарано и за продолжување на дијалогот меѓу двете држави во периодот што следи, при што беше потврдена подготвеноста комуникацијата да продолжи и покрај постојните разлики во позициите.

Министерот нагласи дека прашањата поврзани со идентитетот, историјата и културата не смеат да претставуваат пречка на европскиот пат. Тој истакна дека без дијалог не може да се дојде до решение, но и дека самиот дијалог не е гаранција за надминување на разликите, соопштуваат од МНРиНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот

Градското собрание во германскиот град Тутлинген е опколено, а пошироката област околу зградата е блокирана. 

Пукотница пред Градско собрание во Германија- полицијата го неутрализира напаѓачот

Полицијата распореди сили околу градското собрание, а денеска околу пладне потврди дека имало „употреба на огнено оружје“. Според весникот „Билд“, полицајците пукале во лице кое претходно наводно го извадило своето оружје.

Криминалната полиција на Германија од Баден-Виртемберг ја презеде истрагата. Портпаролката Александра Вишер изјави за „Билд“ дека засега можат само да потврдат дека полицијата употребила огнено оружје и дека едно лице е погодено. Полицијата сè уште не објавила дали повредениот им подлегнал на повредите. Вишер најави дека повеќе информации ќе бидат познати во текот на денот.

Сè уште не е официјално потврдено што точно се случило пред градското собрание на улицата Хелферајшер. Весникот „Швабише“, повикувајќи се на сведоци, наведува дека лице со оружје претходно било пред зградата или во самата зграда.

Тешко вооружени полицајци во заштитна опрема потоа пристигнале на местото на настанот. Сведоци на пукотницата му кажале на порталот дека слушнале вкупно пет истрели. Полицијата ги предупредила граѓаните преку WhatsApp да ја избегнуваат областа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер