Митева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
1Митева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на Македонија
3Движење ЗНАМ: Средби со граѓаните, панел дискусии и теренско зајакнување на партијата под мотото: „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“
НБАДурант ќе пропушти најмалку две недели поради повредаКошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант е надвор од теренот поради повреда.Дурант доживеа истегнување на мускул на потколеницата на натпреварот против Далас, кој го заврши со 26 поени за 37 минути на теренот. Заедно со Никола Јокиќ се единствените кошаркари кои шутираат со над 55% од поле и 40% од зад лакот, а во просек имаат 25 или повеќе поени по натпревар. Феникс следниот натпревар во НБА-лигата ќе го има утре против Сакраменто кингс на домашен терен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамАмерика ја затвора вратата за позната автомобилска марка: Кина и Русија – стоп!Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија.„Polestar“ објави дека повеќе нема да може да продава автомобили на американскиот пазар од моделската 2027 година. Причината е нова американска регулатива што го ограничува увозот и продажбата на возила чија технологија има врски со Кина или Русија. Министерството за трговија на САД не ѝ одобрило на компанијата дозвола да продолжи со продажба на возила според новите правила. „Polestar“ е во сопственост на „Volvo“ и „Geely“, кинески автомобилски гигант кој контролира неколку глобални брендови. За разлика од „Polestar“, „Volvo Cars“ доби дозвола да продолжи со продажба на своите возила во САД на крајот на мај. Во исто време, „Ford Motor Company“ се обидува да обезбеди одобрение за моделот „Lincoln Nautilus“, кој се произведува во Кина. „Polestar“ вели дека ќе продолжи да ги продава постојните залихи на „Polestar 3“ и „Polestar 4“ во САД, како и да одржува сервисна мрежа за постојните клиенти. Компанијата истакнува дека американскиот пазар повеќе не е клучен за нејзиното работење, бидејќи 94 проценти од продажбата во првиот квартал од 2026 година била генерирана надвор од САД. Извор: Б92Тагови: Polestar Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМитева: Над 120 македонски уметници ќе бидат дел од проектот за одбележување на 35 години независност на МакедонијаПрес-конференција на портпаролот на Владата, Марија Митева и претставници од „Авалон продукција“ и „ОХО продукција“.„Добар ден и од мене. Можеби сега после сите овие говори на уметници следува оној дел во којшто политички мораме да ја кажеме определбата на Владата за еден ваков грандиозен проект. Јас несомнено тврдам дека интернационалните ѕвезди се вредни за почит, но македонските уметници, македонската култура се оние коишто го носат духот на една нација и сум исклучително горда и јас, но и целата Влада што еве успеавме да влеземе во една ваква организација преку еден ваков проект каде што над 120 македонски уметници ќе бидат дел од за мене можеби најважниот проект во овој дел за 35 години независност на Република Македонија. Исклучителна благодарност до сите учесници, исклучителна благодарност и до оние уметници коишто за жал не успеаја денес овде заедно со нас на прес-конференцијата. Како Влада етапно ќе ги соопштуваме и останатите проекти коишто се дел од оваа прослава по повод 35 години независност. Уште еднаш ви благодарам на сите од името на Владата и ценам дека нашата определба достоинствено да одбележиме 35 години независност ќе успееме да го направиме тоа токму преку вас. Ви благодарам.“- изјави Марија Митева Тагови: Maрија Митева Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Меѓународен спектакл со над 90 уникатни мотоцикли, рокенрол и уметност во ЦентарНа настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија.Во Паркот на Франкофонија, во сабота, 27 јуни, од 12:00 до 18:00 часот, ќе се одржи петтото издание на меѓународната манифестација „CRUISE CULT – The Art of the Motorcycle 2026“, финансиски поддржана од Општина Центар и Министерството за култура и туризам. На настанот, во организација на CRUISE CULT и ЦСУ – Скопје, ќе бидат изложени над 90 мотоцикли од Англија, Холандија, Германија, Белгија и Македонија. Посетителите ќе имаат можност да разгледаат уникатни примероци на мотоцикли во повеќе категории, уметнички дела , односно цртежи изработени на самите мотоцикли, а ќе бидат доделени и награди (вредносни ваучери од спонзори) за најдобрите примероци на мотоцикли во различни класи. Програмата ќе биде збогатена и со настапите на блуз и рок групите In The Mood & Band, Eruption и Saigon. „Ги поканувам сите граѓани, а пред сè љубителите на моторите и моторџиската култура, да го посетат овој атрактивен настан и да се препуштат на едно посебно искуство на дружење, добра музика и уметност. Општина Центар продолжува да поддржува манифестации кои ја збогатуваат разновидната културна понуда и го прават Центар препознатливо место за квалитетни содржини“, порача градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски. Општина Центар - СкопјеТагови: Горан Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter