СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
ЖивотДунав се повлече и откри остатоци од џин од леденото време Остатоци од древен мамут се откриени во северна Бугарија, во близина на селото Рјахово, откако нивото на водата во реката Дунав падна на рекордно ниско ниво, изјави денеска Николај Ненов, директор на Регионалниот историски музеј во Русе.Ненов изјави за БТА дека остатоците од мамутот биле пријавени од селаните, и дека експерти од Екомузејот во Русе, кои биле испратени на местото, ја идентификувале долната вилица, два заби и она што веројатно е ребро од мамут. „Утре ќе организираме нивно отстранување и пренесување во музејот. Потоа ќе имаме повеќе информации за видот на мамут и што точно претставуваат откриените остатоци“, рече Ненов. Ненов рече дека прелиминарната хипотеза е дека остатоците од мамут не биле донесени на местото од реката. Според него, досега во областа се пронајдени многу слични наоди, кои биле извлечени од речни седименти, но најновото откритие е различно бидејќи деловите од мамут биле пронајдени концентрирани на едно место, што дава основа да се претпостави дека џинот умрел таму. Откако ќе бидат транспортирани во музејот, остатоците од мамут ќе бидат конзервирани и испитани за да се утврди на кој вид мамут припаѓаат. Засега, експертите веруваат дека веројатно станува збор за една единка, но конечниот заклучок ќе биде донесен откако ќе се заврши испитувањето. „Не би го нарекол сензација, но секое откривање на толку древни остатоци е многу важно за науката“, рече Ненов, кој додаде дека долго време се верувало дека локацијата каде што се пронајдени коските била мочуриште, каде што животното веројатно умрело пред илјадници години. Нивото на Дунав падна на рекордно ниско ниво во последните недели по продолжените летни топлотни бранови и суши што ги погодија реките низ Европа.Тагови: Дунав џин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook