Дуке Бојаџиев со „Сон, верба, љубов“ дел од македонската вечер на „Охридско лето“ - Канал 5

Дуке Бојаџиев со „Сон, верба, љубов“ дел од македонската вечер на „Охридско лето“

Македонските уметници отсекогаш биле неизоставен ден од програмата на фестивалот „Охридско лето“ така што утрешниот ден целосно ќе биде посветен токму на домашни уметници, преку концертите на младата виолинистка Софија Никовска и пијанистот Филип Маџунков во придружба на Камерниот оркестар од Софија, како и спектаклот – последниот проект „Сон, верба, љубов“ на Дуке Бојаџиев.

Дуке Бојаџиев со „Сон, верба, љубов“ дел од македонската вечер на „Охридско лето“
- Фестивалот со овие концерти успешно ја реализира својата заложба македонските уметници да ја делат сцената со странски ансамбли, а особено македонски дела да бидат изведувани од странски камерни состави, понатаму оставајќи ја можноста токму македонски дела да бидат дел од нивниот репертоар, истакна музичкиот селектор на „Охридско лето“, Гордана Јосифова – Неделковска на денешната прес-конференција посветена на концертите од утрешната фестивалска програма.

Најавувајќи го концертот на македонскиот композитор и музички продуцент Дуке Бојаџиев, селекторката појасни дека се работи за фузија меѓу класичната, филмската и изворната музика.

- Покрај впечатливите изведби на македонските традиционални композиции, публиката ќе има можност да чуе и фолклорни елементи од албанската, турската и ромската музика што сето заедно создава автентичен пристап и заокружува една уникатна целина на маестрален начин како што може да направи само Дуке Бојаџиев, истакна Јосифова – Неделковска.

Проектот „Сон, верба и љубов“ во кој е инконпорирана музиката на Бојаџиев за филмовите „До балчак“, „Сенки“ и „Војната заврши“, музиката од неговиот последен албум „Љубовта е патот“, но и композиции што премиерно ќе бидат изведени токму на „Охридско лето“.

Бојаџиев исклучително возбуден што повторно е дел од „Охридско лето“, со нов материјал, нови соработници, но иста емоција каква што ја имал во неговиот прв настап пред фестивалската публика во 2011 година.

Оваа година негови гости на концертот ќе бидат Мартин Николовски – Шпато на контрабас, перкусионистот Костас Анастасијадис од Грција, кларинетистот Исмаил Лумановски, кој е редовен гостин на сите негови проекти, Тања Царовска како вокал, стринг-квартетот на Владимир Крстев, а концертот ќе го отвори младата охриѓанка Мартина Блажевска, која студира на Беркли Универзитетот во САД

- Проектот „Сон, верба и љубов“ носи една порака, која во коренот е македонска и која јас и останатите уметници ја пренесуваме низ светот. Музика која ќе имаме можност да ја презентираме тука во Охрид, и на огромно задоволство сето тоа да го крунисаме со концерт во „Карнеги хол“ во Њујорк на 8 октомври, рече Бојаџиев.

Уметникот и новинар Свето Стефановски на Дуке Бојаџиев во знак на почет кон неговото творештво и врвните уметнички достигнувања му подари уметничка слика.

Инаку, концертот на младите уметници Никовска и Маџунков со Софискиот камерен оркестар ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот, додека концерот на Дуке Бојаџиев е на Античкиот театар од 22:30 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

По повод Денот на еднакви плати за жените од латиноамериканско потекло, кој се одбележува на 8 октомври, актерката и режисерка Ева Лонгорија преку социјалните мрежи го сврте вниманието кон јазот во платите во САД.

Ева Лонгорија укажува на проблем со кој се соочуваат милиони жени

Во својата објава, таа истакна дека жените од латиноамериканско потекло во просек заработуваат само 53 центи за секој долар што го заработуваат белите мажи кои не се од латиноамериканско потекло.

Жените имигранти се соочуваат со уште полоша ситуација

Лонгорија објасни дека оваа бројка се однесува на сите вработени жени од латиноамериканско потекло, вклучително и на оние што работат сезонски или со скратено работно време. Покрај објавата, таа сподели и своја фотографија на која носи бела маица со слоган за зајакнување на жените, како и неколку инфографици што го илустрираат јазот во заработката.

Според еден од инфографиците, жените имигранти се во уште понеповолна положба, бидејќи заработуваат само 43 центи за секој долар што го заработуваат мажите земени за статистичка споредба. Лонгорија исто така објави фотографија од група жени кои протестираат за своите права и држат транспаренти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

Се чини дека Ријана цело време чувала голем дел од својата музика за себе.

Ријана откри дека во „сефот“ чува купишта нова музика, дури 170 необјавени песни

38-годишната пејачка откри за време на преносот во живо на TikTok за нејзиниот бренд Fenty Beauty на 7 октомври дека има околу 170 необјавени песни, објави Пипл. Ова им даде на обожавателите увид во тоа колку музика собрала за време на нејзината долга пауза од објавување на целосен албум.

Зборувајќи за нејзината необјавена работа, Ријана рече:

„Ако има 10 производи во сеф, тогаш имам најмалку 17 сефови.“

Откритието доаѓа додека обожавателите продолжуваат со нетрпение да го очекуваат нејзиниот деветти студиски албум, кој треба да го наследи ANTI од 2016 година. Долгата пауза на Ријана од сцената е една од најгледаните и најочекуваните во историјата на поп музиката. Нејзиниот последен студиски албум донесе хитови како Work, Needed Me и Love on the Brain.

Сепак, пејачката јасно стави до знаење дека не ја оставила целосно музиката зад себе. Во август, нејзиниот партнер, раперот A$AP Rocky (38), потврди за време на гостувањето во „Шоуто на Џејсон Ли“ дека Ријана се вратила во студиото и работи на нов материјал. Кога го прашале дали е виновен за нејзината долга пауза, раперот одговорил:

„Никако. Таа е во студиото во моментов. Да, го кажав тоа. Извини, бејби.“

Потоа додаде:

„Човече, таа работи. Готви нешто, не се шегувам. Човече, ова ќе ме доведе во неволја.“

Ријана претходно зборуваше за плановите за нејзиниот деветти албум. Минатата година, таа за Harper’s Bazaar изјави дека конечно го „открила кодот“ за музичката насока на целиот проект. Таа рече:

„Ова време поминато подалеку од музиката мора да има влијание врз она што сите ќе го слушнат следно. Мора да вреди. Мора да биде важно. Морам да им покажам дека вредеше да се чека. Не можам само да издадам нешто просечно.“

Таа, исто така, наговести дека звукот на албумот нема да биде она што публиката го очекува:

„Нема да биде ништо што некој го очекува. И нема да биде комерцијален или радио-пријателски. Ќе биде токму таму каде што мојата уметност заслужува да биде токму сега.“

Во годините по ANTI, Ријана беше посветена на градење на својата модна и козметичка империја преку нејзините брендови Fenty Beauty и Savage X Fenty. Таа триумфално се врати на сцената во 2023 година со настап на полувремето на Super Bowl LVII, каде што изведе голем број од своите најголеми хитови, а исто така откри дека е бремена со своето второ дете.

Ријана и Асап Роки го добија својот прв син, RZA, во 2022 година, по што следеше нивниот син Рајот во 2023 година, а нивната ќерка Роки се роди во 2025 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Во Вашингтон се кројат големи планови – САД имаат намера не само да се вратат на Месечината, туку овој пат и да останат таму.

Безос: „Можеме да стигнеме до Месечината за три дена“

Сопственикот на „Амазон“, Џеф Безос, кој е и основач на компанијата за вселенски летови „Блу Ориџин“, неодамна зборуваше за американските медиуми за патувањата до Месечината.

„Овој пат одиме на Месечината за да останеме“, изјави Безос, додавајќи дека тоа нема да биде „само уште една мисија од која се враќате дома“.

„Ќе изградиме вистинска, одржлива база од која ќе можеме да ја истражуваме Месечината и да откриваме интересни работи“, додаде Безос.

Тој истакна дека мисијата на Месечината во 1969 година барала инвестиција од околу 3% од БДП на САД и наведе дека „луѓето ќе можат да летаат до Месечината уште во 2028 година“.

„Мораме да ја победиме Кина во ова и верувам дека ќе успееме“, рече Безос.

Тој исто така го изрази своето уверување дека Месечината – до која, како што напоменува, може да се стигне за три дена – ќе послужи како клучна логистичка станица за идните човечки мисии до Марс.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер