Дуке Бојаџиев и Филхармонијата ќе настапат и во „Карнеги хол“ во Њујорк - Канал 5

Дуке Бојаџиев и Филхармонијата ќе настапат и во „Карнеги хол“ во Њујорк

Композиторот и пијанист со меѓународна кариера Дуке Бојаџиев е задоволен од одѕивот за неговите четири концерти кои ги изведе изминатиот викенд во Скопје („Сон. Верба. Љубов“ со Македонската филхармонија во петокот, два концерта во МКЦ во саботата) и концерт во Битола во неделата.

Дуке Бојаџиев и Филхармонијата ќе настапат и во „Карнеги хол“ во Њујорк
Поради голем интерес од публиката, Бојаџиев деновиве ќе одржи концерт и за велешани во новиот театар, пред неговото заминување во сабота во Њујорк каде што живее и работи.

Бојаџиев денеска беше примен од министерката за култура која на прес-конференција соопшти дека во втората половина на годинава Бојаџиев и Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе настапат во престижниот „Карнеги хол“ во Њујорк, во рамки на Денови на македонската култура во центарот на светот. Во мај годинава Бојаџиев ќе биде вклучен и во програмата за одбележување на Св. Кирил во Рим.

Министерката Елизабета Канческа-Милевска рече дека преку годишните програми Министерството се грижи за македонските музичари кои се гордост на Македонија и успешно ја презентираат нејзината култура.

- Тоа е пример и со Дуке Бојаџиев, кој во изминатиот период успешно ја промовира македонската култура и уметност во Њујорк, заедно со неговите соработници. Македонската публика тоа и го потврди со огромното присуство... Концертот во „Карнеги“ во втората половина на оваа година ќе биде исклучителен значаен концерт за Македонија, рече Канческа-Милевска.

Бојаџиев е задоволен од концертите и се заблагодари на поддршката која Министерството за култура им ја дава на македонските уметници истакнувајќи колку е таа важна за отворање на погледот на музичката сцена и кон музиката како професија.

- Не можам ни да замислам што ќе ми значеше некој да ме поддржи кога јас се развивав како музичар. Пресреќен сум од се што овие години се случува во музиката и филмот, како и од професионалниот однос во уметноста, што фалеше долго во Македонија. Тоа сега се повеќе го чувствувам кога доаѓам... Имавме прекрасен викенд, со голем одѕив и распродадени концерти. Се потрудивме да дададеме се од себе, имаше убав фидбек од публиката и е убаво чувството дека тоа што си сакал да го пренесеш, си го пренел, и повеќе од што си очекувал, рече Бојаџиев.

Програмата во „Карнеги“ ќе биде слична со концертот од петокот во Скопје, но планира да настапат музичари од Њујорк кои не можел да ги донесе во Македонија. Некои од нив и се познати на македонската публика од концертот што Бојаџиев го одржа во 2011 година на Античкиот театар во Охрид со Камерниот оркестар на Филхармонијата.

- Ќе биде ова што го слушнавте тука, измешано со елитна музичка сцена од Њујорк, споено со Камерниот оркестар на Македонската филхармонија. Очекувам дека ќе биде исто толку убаво како тука, ако не и поубаво, рече македонскиот музичар со завршен медицински факултет.

Директорката на Македонската филхармонија Маја Чанаќевиќ на средбата со медиумите истакна дека концертот на Бојаџиев бил дел од востановената практика да се негуваат и други жанрови.

- Покажавме дека звукот на оркестарот и тоа како може да биде интересен и атрактивен за сите љубители на музката воопшто, не само за љубителите на класичната музика, рече Чанаќевиќ. Соопшти дека покрај концертот со Дуке во „Карнеги“, Камерниот оркестар на Филхармонијата во Њујорк ќе има уште еден концерт, на друга локација, со изведба на македонски и на светски композитори.

Концертот „Сон. Верба. Љубов“ беше спој на фрагменти од музика што Бојаџиев ја создал за македонски филмови (До балчак, Сенки и Војната заврши) и композиции од албумот „Љубовта е патот“ кои се комбинација од авторска, филмска музика и изворно македонско творештво. На концертот настапија и неговите соработници Крсте Роџевски (вокал), Исмаил Лумановски (кларинет) и Матијас Кунцли (перкусии).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни откритија, кои отвораат нови сознанија за урбаниот развој и секојдневниот живот во античкиот град.

На Исар–Марвинци е откриен монументален комплекс на римска бања со зачуван систем за загревање (ВИДЕО)

Во рамките на истражувањата на комплексот на јавната римска бања, откриен е монументален базен со димензии поголеми од 4,5 × 2,5 метри и длабочина над 1,5 метри, обложен со повеќе од осум различни видови мермер.

Особено значајно е откривањето на исклучително добро зачуваниот систем за загревање под базенот, кој функционирал преку посебна печка и циркулација на топол воздух. Комплексот е поврзан и со градската цистерна, а се наоѓа на длабочина од околу седум метри под денешната површина.

Покрај монументалната архитектура, откриени се и значајни движни наоди: сребрена монета на Ихнајците (500–480 г. пр. н. е.), бронзени монети од хеленистичкиот и римскиот период, мермерна биста со претстава на воен командант, фрагменти од скулптури и епиграфски споменик од син мермер со посветен натпис.

Овие откритија сведочат за развиената јавна инфраструктура, економската моќ и значењето на античкиот град, а овозможуваат и нови сознанија за неговиот урбан и општествен живот.

Истражувањето на комплексот ќе продолжи во 2027 година, во рамките на Годишната програма на Министерството за култура и туризам.

Со истражувањата раководеше кустос-советник Јане Клековски, а во стручниот тим учествуваа Игор Ширтовски, Сања Битрак, Андриана Петковска, Стефан Трајковски, Васил Николовски, Елена Рафајловска и Славица Бабамова.

Националниот археолошки музеј изразува благодарност за поддршката и соработката на Министерството за култура и туризам, Управата за заштита на културното наследство, НУ Завод и музеј – Струмица и Општина Валандово, објавија на ФБ од Националниот археолошки музеј.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел.

Во недела во Брисел почнува форум за проширување на ЕУ- „ Поширока Европа, посилна Европа“

Дводневниот форум за проширување на ЕУ „Поширока Европа - Посилна Европа“ ќе започне во недела, 15 ноември во Брисел, и ќе ги собере политичките лидери, претставниците на граѓанското општество, експертите за јавни политики од ЕУ и земјите-кандидатки за да разговараат за самиот процес, како и за безбедноста на Европа.

Форумот е клучен собир за донесувачите на одлуки од ЕУ и земјите-партнери, како и за водечките општествени актери, а неговата цел е да се разговара за идниот пат на Унијата и нејзиното членство, според веб-страницата на ЕК.

На форумот ќе се дискутира и за перспективите за проширување на ЕУ во светлината на актуелните геополитички предизвици и тектонски промени, давајќи им поттик на сите вклучени страни да продолжат по курсот што го започнале и дополнително да го забрзаат овој процес.

Конференцијата се отвора во недела во 18 часот со концерт на Марко Хатлак, Капобанд и Младинскиот оркестар на Западен Балкан, а официјалниот дел од конференцијата ќе се одржи во понеделник, кога на неколку панели ќе се дискутира за проширувањето и безбедноста, ставовите на локалните самоуправи и граѓанските општества за проширувањето, новите пазари, реформите и други важни теми.

Домаќин на настанот, кој се одржува по втор пат, е европската комесарка за проширување Марта Кос, а меѓу најавените учесници се претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, европскиот комесар за одбрана и вселена Андриус ​​Кубилиус, европскиот комесар за економија и продуктивност Валдис Домбровскис и други.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори.“

Зајкова: Муралот „Жена Феникс“ е приказна за илјадници жени кои создаваат, се грижат, се жртвуваат и се борат

„Денес пред нас не стои само мурал. Пред нас стои приказната за илјадници жени. За жената која работи, создава, се грижи, се жртвува, се бори. За мајката која и кога нема сила за себе, наоѓа сила за своите деца. Но и за жената која зад затворени врати преживува страв, закани и насилство, а сепак не престанува да сонува за слобода“, изјави претседателката на ЛДП и пратеничка во Собранието, Моника Зајкова на промоцијата на муралот „Жена Феникс“, по повод 50-годишнината на Општина Центар.

Муралот „Жена Феникс“ е авторско дело на Драган Китановски-Драш, Миро Грчев-Микс и Марјан Димиќ-Мачка и го симболизира митолошкото повторно раѓање и издигнување од пепелта.

„Јас сакам денес да испратам една поинаква порака: Жената не треба прво да изгори за општеството да ја препознае нејзината сила! Овој мурал нека биде потсетник дека зад секоја жена стои приказна што заслужува почит, достоинство и еднакви можности“, додава Зајкова.

Наша задача, според Зајкова, не е само да им се восхитуваме на жените што успеале повторно да се издигнат, туку да изградиме општество во кое ниту една жена нема да мора сама да поминува низ огнот.

„Затоа што на жените не им требаат само крилја за повторно да полетаат. Нив им треба слобода, сигурност и држава што ќе ги заштити“, заклучува Зајкова.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер