ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште - Канал 5

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Податоците и листите на кандидатите јавно ја демаскираат лагата на Астрит Исени и ВЛЕН дека Албанците немале интерес или не конкурирале за прием во средното полициско училиште. 

ДУИ: Заменик-министерот кукла лаже: 105 албански кандидати аплицирале во средното полициско училиште

Дури 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите за прием, но не биле примени. Со ова дефинитивно паѓа во вода оправдувањето на Астрит Исени, кој, за да одбрани одлука што сериозно ја нарушува застапеноста на Албанците, избра да ја манипулира јавноста со невистини.

Астрит Исени јавно застана во одбрана на скандалозната одлука, според која од 310 примени кандидати, само минимален број се Албанци. За да ја оправда оваа дискриминација, тој се обиде да ја манипулира јавноста со тврдењето дека Албанците не аплицирале или немале доволен интерес, прикажувајќи бројки што не се совпаѓаат со реалноста и со листите на кандидатите кои аплицирале и ги исполнувале условите.

Но, уште потежок од самата антиалбанска одлука е начинот на кој Астрит Исени ја брани. Еве ги целосните листи: 105 албански кандидати аплицирале и ги исполнувале условите, но сепак биле оставени надвор. Наместо да бара одговорност за ова исклучување и да го брани правото на Албанците на правична застапеност, Астрит Исени избра да ја брани одлуката ширејќи дезинформации и невистини.

Заменик-министер кој тврди дека ги претставува Албанците не смее да служи како портпарол за оправдување на секоја одлука што е на штета на Албанците, на штета на другите заедници и спротивна на духот на Охридскиот мировен договор. Астрит Исени, со својата политичка и институционална неспособност, се однесува како кукла-заменик министер, кој пред јавноста излегува само за да ги оправдува, релативизира и брани штетните одлуки кон Албанците, дури и кога за тоа мора да користи лаги и невистини.

ДИИ бара јасен одговор: зошто 105 албански кандидати кои ги исполнувале условите не биле примени и зошто од 310 примени кандидати Албанците се застапени во толку занемарлив број?

Астрит Исени и ВЛЕН можат да продолжат со лаги, но листите и фактите се пред јавноста. Албанците не се исклучуваат затоа што не конкурираат; Албанците се исклучуваат, а потоа нивното исклучување се брани со лаги, рече Арта Билали Зендели од ДУИ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

 Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).

Аларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер

Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата.

Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра.

Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. 

АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки.

При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.

Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл).

Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите.

Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Македонија гласаше против укинување на американското ембарго врз Куба во Генералното собрание на Обединетите нации, кое беше воведено во 1960 година по револуцијата предводена од Фидел Кастро.

Македонија гласаше против укинувањето на ембаргото врз Куба

Резолуцијата беше усвоена, бидејќи за неа гласаа 130 земји, 17 беа против, а 25 држави беа воздржани. Поддршката за резолуцијата е намалена во споредба со минатата година кога за неа гласаа 165 земји. Вашингтон ги повика земјите-членки да не ја поддржат резолуцијата, додка кубанскиот министер Бруно Родригез ги обвини САД дека водат економска војна против Куба.

Американскиот амбасадор во ОН - Мајк Валц оцени дека гласањето се користи за политичка пропаганда. Резолуцијата во ОН не е правно обврзувачка, но таа ја одразува позицијата на меѓународната заедница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер